Со овој рецепт ќе ги направите најубавите и најмеки мекици.
СОСТОЈКИ:
- 200 мл млеко
- 1 јајце
- 300 мл млака вода
- 40 гр квасец
- 1 кг брашно
- 3 лажици масло
- 3/4 лажичка сол
- 1 лажица шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Просејте го брашното и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го ставите растворениот квасец во млеко со вода, сол, шеќер и 2 лажици масло.
- Замесете средно меко тесто и оставете го да нарасне. Премачкајте го тестото со останатата лажица масло и ставете го во пластична кеса. Тестото држете го во фрижидер. На овој начин, можете да го чувате до 5 дена.
извор:готви.мк