Радио Милева да те препотат

Три секс бомби, која од која појака: Гавазова како Бијонсе, Накова со голи нозе уз врат, а Кристина ко сирена што ум зема (фото)

Три секс бомби, која од која појака: Гавазова како Бијонсе, Накова со голи нозе уз врат, а Кристина ко сирена што ум зема (фото)

Иако веќе почнавме да го ситниме месец јануари и сме пред Божиќ, новогодишното расположение се’ уште е тука.

Социјалните мрежи се преполни со моменти од најлудата ноќ, честитки искрени или колку ради реда, но вака или така, еуфоријата е тука вројатно како резултат на она што две години сите бевме затвореници на короната.

Дамите се најприсутни за да покажат како изгледале за Нова Година, а за оние познатите, тоа е разбирливо и очекувано.

Сузана Гавазова, Кристина Димитриевска и Александра Накова, стилски ги поврзува провокативноста, независно дали е со повод или пак не, ама кога е Нова Година, тогаш сексапилот мора да е пуштен на најјако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)

Гавазова ги забавуваше струмичани во еден познат ресторан заедно со момците од „Балкан бенд“, а за овој специјален настап избра златно светкав кус фустан ала Бијонсе и изгледаше врв, особено кога ресичките од фустанчето ќе ги размрдаше со колковите.

Ништо покуса не беше ниту Александра Накова која за новогодишната ноќ што ја помина во едно кабаре во Србија, избрала ултра кусо фустанче од кое акцентот беше ставен на нејзините долги нозе.

Кога седна да изпозира и ги прекрсти, глетката беше да се заборавиш до каде се.

Пејачката и модел Кристина Димитриевска не откри каде, како и со кого ја дочека 2023-та година, но затоа покажа дека избрала сајлинг кој го оцрта нејзиното витко тело, а фокусот беше на градите и голиот тесен струк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)


Оваа тројка секогаш умее да остави без здив, а како ја започнаа годината, веруваме дека во свој стил така и ќе продолжат – бомбастично!

To top