Актерот Пол Вокер го загуби животот на 30 ноември 2013 година кога со автомобил во кој што се наоѓаше со својот пријател удри во столб, а потоа истиот се запали.
Тој зад себе ја остави ќерката Медоу Рејн Вокер, која што тогаш имаше само 14 години. Денес на 22-годишна возраст таа ги засенува сите со својата убавина.
View this post on Instagram
За Медоу веќе со години се зборуваше дека поседува нереална убавина, а многумина ја споредуваат со својот покоен татко, со зборовите „има очи на ангел, баш како и нејзиниот татко“.
Сега, оваа девојка гордо чекори во светот на модната индустрија.
View this post on Instagram
Имено, ќерката на Пол Вокер и Ребека Сотерос прошета како модел на модната ревија на „Живанши“ за есен/зима во 2021 година во Париз. Медоу носеше предимензиониран црн блејзер, исто такво здолниште и високи потпетици.
View this post on Instagram
„Ексклузивно деби, „Живанши“ есен/зима 2021“ напишала Медоу под описот на снимката од ревијата која што ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Магазинот „Вог“ исто така сподели видео каде може да се видат и кадри од зад сцената.