Откако претходно и „службено“ впловија во брачните води и потпишаа заклетва на вечна верност, пред само една недела пејачот Стефан Величковски и ТВ водителката Ана Николовска правеа свадбена веселба во еден скопски локал.
Младите не споделија многу фотографии во јавноста, освен неколку, па така само најблиските во семејствата и оние кои беа присутни на свадбената веселба знаеа, односно можеа да видат дека невестата е бремена и колку и нараснало трудничкото стомаче на идната мајка.
ТВ водителката својата бременост очигледно веешто ја криеше, се до сега, кога со неколку свои другарки се појави на еден од викенд настапите на нејзиниот сопруг.
Во меѓувреме, идната мајка на својот Фејсбук за прв пат сподели фотографии на кои јасно се гледа дека водителката е о подзамината фаза на бременост, па трудничкиот стомак е баеги нараснат.
Ана сепак долго време успешно ја криеше својата бременост од јавноста, веројатно не сакајќи да покажува дека на пат е принова пред официјално да се венчаат со Стефан и да ја направат свадбената веселба, односно со еден збор, пред и официјално да станат – семејство!
Сега кога тоа се, естрадно-телевизиската брачна двојка дискретно откри дека наскоро за прв пат ќе се остварат како родители, иако, ниту Ана, ниту Стефан засега не го откриле ни полот, ни името на бебето… Не барем во јавноста!
Сепак што и да е, момче или девојче, едно е сигурно: Наскоро штркот ќе долета со принова и во нивното новооформено брачно гнездо! Нека им е со среќа на идните родители!
Фото: Фејсбик принтскрин/Ana Nikolovska