На социјалните мрежи секојдневно кружат видеа од познатите пејачи кои земаат големи суми бакшиш на забавите на кои пеат, каде успеваат да соберат суми и до неколку илјади евра за една вечер.
Титулата крал на бакшишот оддамна ја доби Џани, кој од тој чин направи вистинско шоу, па не му е тешко да го забавува народот на разни генијални начини. Кралот скоро доби и кралица, откако Теа Таировиќ беше „устоличена“ на таа позиција како главна собирачка на енормно голем бакшиш. Но, сега на една прослава пееше Тијана Милентијевиќ, која буквално немаше каде да ги држи и стави сите пари што и ги дадоа.
Додека ја изведуваше на пример песната „А тебе нема“ на Зорица Брунцлик, гостите беа во таков транс што Тијана во секунда доби грст банкноти од 50 и 100 евра.
И додека и „фрчи“ бакшиш од сите страни, таа не знае од каде попрво да ги збере банкнотите, па гостите почнаа сами да и го китат фустанот.
„Ви благодарам најубави луѓе. Ауаааууу…“ – можеше да се слушне додека таа радосно го жнее бакшишот.
Потсетуваме, Тијана неодамна повторно ги зголеми градите, за што јавно проговори:
„Тоа е мала промена, јас ја сакав и едноставно сакам да го правам тоа што ми се допаѓа. Ако сум си убава на себе, така и зрачам и потоа им се допаѓам на сите луѓе околу мене“ – рекла Тијана која признава дека оваа процедура е болна, како и нејзиното закрепнување.
„Навистина многу боли, но се се преживува за убавина“ – ќе изјави тогаш Тијана. Очигледно промената веднаш дала резултат, па бујната предница не само што носи добра дневница, туку и богат бакшиш кој не можеш да го доизброиш!
Фото: Инстаграм принтскрин/tijanamilentijevic.official