звуците на чаршијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Sep 2021 12:27:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png звуците на чаршијата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со концертот на „Тројца тенори“ почнува „Звуците на чаршијата“ https://arhiva.vistina.com.mk/so-koncertot-na-trojca-tenori-pochnuva-zvucite-na-charshijata/ Mon, 13 Sep 2021 12:27:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218940

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 15, 16 и 17 септември, во организација на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети.
Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 15-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија – посочуваат организаторите и потенцираат дека настаните ќе се реализираат согласно со актуелните протоколи и мерки за организирање настани.
За петнаесетото издание најавена е богата и разновидна програма со ликовни изложби, концерти, претстави, филмови, литература на повеќе локации во Старата скопска чаршијата. Манифестацијата почнува на 15 септември (среда) во 20 часот во „Куршумли ан“ со повеќе настани од кои централен е концертот на „Тројца тенори“, трио што го сочинуваат: Јосиф Ѓипали, Кастриот Туша и Мустафа Имери. Настапува и Оркестарот на МОБ. Истата вечер ќе се одржи и гала концерт насловен „Вечер на лирски песни“, како и меѓународна изложба „Арт симпозиум – Струга“. На 16 септември активностите почнуваат во 12 часот на пладне со настаните: „Улични музичари“, „Две флејти“, концерт на соло и гитара и концерт на гудачки квартет. Од 16 часот ќе се одржат литературните манифестации „Секоја калдрма со своја приказна“ и „Поетски бисери“ и концерт и промоција на цеде. Почнувајќи од 19 часот на плоштадот Скендербег концерти ќе одржат: Амар, Леонора Полоска и Бенд, Лаура Карлиу и Шпенд Латифи и Бенд, ATA Бенд Валон Сума и Бенд. На 17 септември во 21 часот на локацијата под Калето ќе има проекција на отворено на филмот „Една приказна од Приштина“ во режија на Бурбуќе Бериша со што завршува годинешната манифестацијата „Звуците на чаршијата“.
Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Со еден збор ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата – велат организаторите. Фестивалот е првиот чекор што град Скопје го направи во 2006 година како иницијатива за заживување на чаршијата. Изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на чаршијата, пак, придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат граѓани од сите националности. Изминативе години на „Звуците на чаршијата“ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчери, аниматори, познати групи, македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата, да биде мултикултурна. КИЦ – Скопје, освен на реномирани уметници им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација ја започнале својата кариера.
]]>

„Звуците на чаршијата“ https://arhiva.vistina.com.mk/zvucite-na-charshijata-2/ Mon, 14 Sep 2020 12:19:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166905

Во Старата скопска чаршија до четврток се одржува мултимедијалната и мултикултурна манифестација „Звуците на чаршијата“. Манифестацијата започне на 13 септември со концерт на Туна во Куршумли ан. Традиционалната манифестација годинава се одржува по 14-ти пат и има за цел да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети. Таа придонесува кон континуираните активности на Град Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија. Годинава ќе има ликовни колонии, театарски претстави, филмови, стенд ап комедија, литература, концерти од различен жанр на музика: народна, џез, рок, опера, забавна… на плоштадите, улиците на старата скопска чаршијата, на Скопското кале, во Куршумли Ан, Сули Ан итн. Во вторник, од 16 часот манифестацијата продолжува со настанот „Чаршиските улици“ во чии рамки концерт ќе одржат Сарана Адеми на флејта и Верица Шотаровска на пијано. Во 17 часот пред Џамијата на Мурат Паша предвиден е настап на Адил Алуш и „Јени Јол оркестар“. Во 19 часот на плоштадот „Скендербег“ ќе биде одиграна театарската претстава „Не плаќам“, а од 20 часот на плоштадот „Филип Втори“ ќе се одржи концерт под наслов „Есенски звуци, бојата на ѕвукот“. Во 22:30 часот на Скопското кале ќе бидат проектирани два краткометражни филма: „Земја“ во режија на Ибер Деари и „Балкон“ на Линдита Зеќирај. На третиот фестивалски ден, на 16-ти септември, од 16 часот пред Муратпашината џамија ќе се изведува чалгиска музика, а од 17 часот на Скопското кале ќе се одржи арт-колонија. На истата локација од 17:30 часот ќе настапи гудачкиот квартет „Стрип 4м“. Вечерта од 18 часот настапува џез квартетот „Вив арт“, а во 21:30 часот стенд-ап комедија ќе има Артан Ибиши. Последниот ден од манифестацијата 17-ти септември е резервиран за настап на гудачкиот квартет „Вива стрингс“ (16 часот), театарската претстава „Другарство во време на мерки“ (18 часот, на плоштадот „Скендербег“) и претставата „Приказна за Моцарт“ на Здружението „Детски свет“ (18:30 часот). Вечерта од 20 часот во Сули ан настап ќе имаат трите тенори: Исмет Вејсели, Мустафа Имери и Влатко Груевски. Гостин на концертот е тенорот Шинаси Рамадан, во пијано придружба на Андреј Наунов.]]>

„Звуците на чаршијата“ на 7-ми и 8-ми септември во Старата скопска чаршија https://arhiva.vistina.com.mk/zvucite-na-charshijata-na-7-mi-i-8-mi-septemvri-vo-starata-skopska-charshija/ Wed, 05 Sep 2018 11:51:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46434

Традиционална манифестација „Звуците на Чаршијата“ годинава по 12-ти пат ќе се одржи на повеќе локации во Старата скопска чаршија на 7-ми и 8-ми септември. Звуците на чаршијата која претставува мултимедијална и мултикултурна манифестација им нуди можност на посетителите богатата и разновидна културно забавна програма со многу познати имиња. Целта на манифестацијата е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје како покровител и културно-информативниот центар „Скопје“ како организатор на манифестацијата, во Старата скопска чаршија.]]>