зш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Dec 2018 08:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителот Жанко „З’ш“ Голабоски бара девојка… „по хроно“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-zanko-z-sh-golaboski-bara-devojka-po-hrono-foto/ Fri, 14 Dec 2018 08:38:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63039

Охридскиот радио и ТВ водител Жанко „З'ш“ Голабоски важи за голем љубител на природата, ама и за голем шегаџија. Познат по неговите „З'ш“ авантури на возење велосипед, пешачење, планинарење... на себесвојствен начин ја развива еко културата во Македонија и е еден од ретките кај нас што го прави тоа:  ужива во природата, а при тоа  ја пази, чува и негува.
Патем, не ја пропушта можноста некоја од своите шеги да не ги интегрира и кога е во акција, на пат, на терен во некоја од своите еко авантури.
Арно ама, спортскиот живот бара и специфична, здрава исхрана. Па како што на Жанко му летаат „пеперутки во стомак“ кога е на некоја од своите авантури во природа, така му влезе и чивијата дека треба  да го промени и својот начин на исхрана.
А пустото, сам ниту се јаде, ниту се пие, па затоа Жанко наш, решил да си најде друштво. И тоа не било какво, туку женско. Девојка „за озбилно“... За дружба при јадење... За оброци во двојка!
Девојка за кркање во двојка - ДА, ама не било каква. Жанко бара „девојка по хроно“!  Па на социјалните мрежи пуштил оглас. И сега понудите ги чека во инбокс.
Во меѓувреме веќе има две пријави: Едната е ќерка на касапот од  „Даљан“...
...А другата е моторџика... на оној, мајсторон за ауспуси од „Рача“!
Засега изборот е тесен, ама има време... Конкурсот е отворен.  Останатите пријави се очекуваат до Нова година во инбокс. Дотогаш, охридскиот радио и ТВ шегаџија ќе мора да се храни - соло! И тоа како ќе му дојде! З'ш таке морат! Епа, наздравје!
]]>

Ова слатко детенце денес е познат македонски радио и ТВ водител… и голем шегаџија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-slatko-detence-denes-e-poznat-makedonski-radio-i-tv-voditel-i-golem-shegadzija-foto/ Wed, 02 May 2018 07:10:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24336

Старите фотографии од детството се тие кои не враќаат во најубавите години... време на безгрижност, игри, дружење со другарите, за некого можеби и време на првата љубов... Тие се тука да не потсетат дека времето лета, а со годините и ние се менуваме. И како личности, но и физички. некој добива, како вишок килограми на пример, некој губи, како забите или косата...
Ама не е важно важно е да се зачува физичкото здравје, кондицијата и здравиот дух... Се друго се надоместува! Но старите фотографии понекогаш можат да послужат некому и како доказ. Како на пример, на популарниот охридски радио и ТВ водител Жанко „З'ш“ Голабоски.
Познат е како голем љубител на природата, ама и голем шегаџија, најчесто, на сопствена сметка. Така и овој пат, Жанко реши на сите „неверни Томовци“ да им покаже и докаже дека некогаш и тој имал коса, а немал брада и мустаќи! Добро не баш кога се родил, ама посочената фотографија е некаде од првите училишни или последните предучилишни, првоодделенски денови.
Охридските сеирџии пак, не би биле тоа што се, да не му вратија со нова „закачка“, задевајќи го дека „мамит“!
Жанко пак, одново им врати, дека ако не веруваат каков бил како дете, сега ќе им покаже каков ќе биде како старец. И направи нов фото-скок... Од минатотото, директно во иднината!