зорана костовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Jun 2018 07:01:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зорана костовска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „И ветив дека така ќе биде и ја излажав“: Најблиската соработничка на Есма ги откри нејзините последни моменти пред смртта https://arhiva.vistina.com.mk/i-vetiv-deka-taka-kje-bide-i-ja-izlazav-najbliskata-sorabotnichka-na-esma-gi-otkri-nejzinite-posledni-momenti-pred-smrtta/ Fri, 22 Jun 2018 07:01:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33787

Во својот живот Есма Реџепова имаше многу луѓе до себе, оние кои таа ги сакаше и такви кои ја сакаа. Една од нејзините најблиски соработнички и пријателки беше и Зорана Костовска, жената која постојано беше до Есма, па дури и во последните моменти од нејзиниот живот. Имено, Зорана открива дека не ни насетувала дека последната посета во болницата ќе им биде за крај.
Бев покрај неа во болничката соба до два навечер. Лекарите имаа разбирање. Пиевме кафе и гледавме спотови. Имаше желба да живее. Држејќи ме за рака ми ја кажа нејзината последна желба. „Закопајте ме во дворот на куќата. Кога ќе доаѓаат да го видат, ќе ми запалат свеќа. Кој ќе оди на гробишта да го прави тоа.“ И ветив дека така ќе биде и ја излажав. Не мислев дека по неколку дена засекогаш ќе нѐ напушти. Тоа никогаш нема да си го простам, открива Зорана за порталот „Женски магазин“
Есма почина во месец декември 2016 година, а околу нејзиниот тестамент и авторските музички права се уште има перипетии и несогласувања.]]>

Една година од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска https://arhiva.vistina.com.mk/edna-godina-od-smrtta-na-kralicata-na-romskata-muzika-esma-redzepova-teodosievska/ Tue, 12 Dec 2017 12:33:17 +0000 http://vistina.mk/?p=6409

На денешен ден се упокои великата Есма Реџепова Теодосиевска, балканска хуманитарка, европска донаторка и светски гласовен гениј.
Хуманитарното здружение денес, пред куќата на Есма Реџепова подели новогодишни пакетчиња на децата од соседството на Есма и на тој начин ја продолжи нејзината традицијата.
„Ти беше земен ангел и знаеме дека си во рајот. Ти благодариме за твојата добрина, љубов, искреност, топлина и твоето големо срце што го отвораше кон сите. Живеевме со тебе, а ти вечно ќе живееш во нашите срца, ум, емоции, сеќавања, моменти и животни радости. Твоето, хуманитарно здружение Есма и Стево Теодосиевски“ - напишала на својот Фејсбук профил нејзината ПР менаџерка, соработничка и блиска пријателка Зорана Костовска која со останатите членови на здружението го продолжува хуманиот пат на Есма - единствената кралица на ромската музика.
     ]]>