Зоран Зонде Стојановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Oct 2021 13:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Зоран Зонде Стојановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За чиста петка е она што Кали го пее и свири, иако се вика – „4“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-chista-petka-e-ona-shto-kali-go-pee-i-sviri-iako-se-vika-4-video/ Tue, 19 Oct 2021 13:00:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223633

Калина Велковска  која  на последниот „Макфест“ ја изведе  амбиенталната поп-рок балада „4“ и беше прогласена за најдобар дебитант на фестивалот, истата неодамна ја визуелизираше со интересно видео. Кали, како што сите ја познаваат, покрај својата извонредна вокална изведба и сценскот фестивалски настап, покажа дека може да биде и „неодоливо привлечна“, пожелна и сексапилна, а во исто време бескрајно емотивна, шармантна и сугестивно впечатлива и кога е во прашање нејзината актерска улога. Имено, видеото кое маестрално го режирал познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски изобилува и со еротски набој, амбиент кој максимално соодветствува со лириката во стиховите на песната, а од друга страна ја визуелизира целокупната емоција која пејачката ја вградила во песната. Нераздвојна симбиоза на аудиото и видеото во еден единствен аудиовизуелен впечаток за комплетно доживување на „4“-ка, која и звучи и изгледа за „5-ка'! Инаку темата „4“ е комплетно авторско дело на уште една позната македонска поп ѕвезда, пејачката и харфистка Сара Мејс, која ги потпишува и музиката и стиховите, кои звучат прилично (авто?)биографски, како да се дел од нечија животна љубовна приказна, а музиката повеќе од зрело за една дама која не е исклучиво позната како композитор. Аранжманот и продукцијата кои исто толку свежо делуваат се на Иван Петровски, а пијаното го свири Петар Лукиќ. Се на се', макфестовската „4“ како и самата Кали се вистинско откритие на домашната сцена, барем за пошироката јавност, зашто оние, особено помладите  што „не можат без музика“ и претходно добро ја познаваат и од нејзините перформанси на социјалните мрежи и од настапите по ноќните клубови. Секако, охрабрување и мотив повеќе и за Сара Мејс, покрај свирачко-пејачките квалитети, посмело да се впушти и во своите музичко-авторски способности. ]]>

Симона Поповска по мајчинството се враќа на сцената – „Feel so good” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-po-majchinstvoto-se-vrakja-na-scenata-feel-so-good-video/ Fri, 08 Oct 2021 10:23:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222368

По пауза од речиси година и половина на музичката сцена, нашата позната  пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска се враќа со нова песна. Причина за нејзиното апстинирање од музиката беше остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола, кој е слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона. Патем, Симона е несомнено една од најубавите, најсексапилни, но и меѓу најдобрите женски вокали на нашата сцена.  До пред некоја година позната и како член на единственото денс  дуо кај нас „Саунд Месинџерс“  заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со своите настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување. Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска која е и автор на стиховите, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн.. Музичкото лирикс видео го изработил нашиот познат уметнички фотограф и режисер на видеоспотови  Зоран Зонде Стојановски. Симона ни најавува уште неколку песни кои  очекува да излезат многу наскоро и се испеани на македонски и  англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува комплетно враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите,  клубовите и дискотеките ширум Македонија. Дотогаш, во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good” и уживајте во ритамот на денс звуците. Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/simonapopovskaofficial/@vrzalski
]]>

Роберт Билбилов не победи на „Макфест 2021“, ама затоа има песна што ќе остане – „Луда си на мирен начин“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-ne-pobedi-na-makfest-2021-ama-zatoa-ima-pesna-shto-kje-ostane-luda-si-na-miren-nachin-video/ Thu, 23 Sep 2021 12:54:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220412

Роберт Билбилов веднаш по завршувањето на „Макфест 2021“ го промовираше видеото за  песната со која учествуваше на годинешниов фестивал на забавни мелодии во Штип. „Луда си на мирен начин“, Билбилов самиот ја потпишува како композитор, аранжер, продуцент и коавтор на стиховите за кои му помогнала Ива Михајловска. Песната е исто така миксана и продуцирана во неговото студио, со потпис на сопствената „Just RB Production“. Иако не освои награда на штипскиот фестивал, „Луда си на мирен начин“ е една од оние теми кои беа на прва забележани и оставија силен впечаток. Во основа се работи за класична балада, со модерен звук, необичен аранжман и богата вокална изведба, каде Билбилов кој е во се' друго е супериорен, вокалните делници ги збогатил со мултиплицирани главни и богата придружба на придружни вокали во рефренот, отпеани од колелегите Александар Тарабунов, Огнен Здравковски и Барбара Поповиќ. Сите заедно со главниот вокал,  дополнително збогатени испеглани со одличната продукција ја покриваат „ахиловата пета“ во песната, која вака студиски стокмена звучи богато, раскошно и импресивно моќно. Кога на тоа ќе се додаде уште една одлична визуелизација на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Зоран Зонде Стојановски кој го потпишува и ова видео, песната навистина добива димензија која ја прави една од оние модерни балади кои претендираат да станат евергрини со видеоприказна во која покрај пејачот својата улога одлично ја одиграла убавата и атрактивна, Росана Стефанова.< Или како што самиот Билбилов вели: „Некои песни се за да победат, некои за да останат“... Оваа комотно можеше и двете, да беше овој „Макфест“ фестивал од некои други времиња. Вака, може само да остане... слушана и запаметена. Како звучи и изгледа оваа песна и видео спакувани во едно единствено аудиовизуелно парче, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=cWPSuEzJkr8[/embed]]]>

За Марија Спасовска само тој е нејзиниот – „Број еден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-marija-spasovska-samo-toj-e-nejziniot-broj-eden-video/ Tue, 06 Apr 2021 12:05:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197824

Марија Спасовска беше 12 - годишно девојчето кое ја претставуваше Македонија на „Детската евровизија 2018“ каде што настапи со песната  „Дома“ и се пласираше на 12-то место.

Три години подоцна, младата тинејџерка Марија Спасовска е новото име меѓу домашните изведувачи кое се потпишува и како автор на музиката и текстот, а зад аранжманот стои Дарко Димитров во чие студиото ја  направија песната „Број еден“ која најмногу и е наменета на младата македонска генерација.

Со модерен стилски звук, современа продукција и несомнено одличен аранжман, Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15 години. „Драги мои, мојата нова песна 'Број Еден' е објавена на мојот Јутјуб канал. Пресреќна сум, затоа што за оваа песна успеав да напишам сама музика и текст. Најмногу му благодарам на Дарко Димитров кој ми го направи најдобриот аранжман во неговата продукција и заеднички направивме парче уметност за македонската сцена“ -сподели младата тинејџерка на својот фејсбук профил промовирајќи ја песната. Режисерот за видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од тинејџерската љубовна порака „те имам и те немам“ го направи видео спотот да изгледа солидно, а во спотот покрај Марија се појавува и младиот машки модел Димитри Павловски. Мејкап стилистот и фризер Даниел Николовски и модниот дизајнер Мите Занов се погрижиле Марија да изгледа прекрасно и низ неколку современи стилски промени преку нејзиното лице  и стајлинг да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време. како сето тоа изгледа спакувано во музика, стихови и видеозапис на песната „Број еден“ на младата кантавторка Марија, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=TsCBzsPlDuM]]>

Новата тема на Александар Тарабунов – Тара е – „Безвременска“(ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-tema-na-aleksandar-tarabunov-tara-e-bezvremenska-video/ Sat, 28 Nov 2020 10:58:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178499

Александар Тарабунов – Тара е веројатно еден од најактивните македонски пејачи на поп естрадата во 2020 година. Во време на корона пандемијата, кога естрадата е на „принуден одмор“, речиси и да не функционира и целосно е замрзната, Тара е еден од ретките кои неуморно работат и издаваат песни. По „Сењорита“, „Нема крај“ и „Дај ми“, тој во оваа малерозна 2020-та ја исфрли и четвртата песна во етерот. И овој пат, како што е вообичаено за него, визуелизирана со видеоспот. Новата тема на та носи наслов е „Безвременска“. Барем во насловот, а дали ќе го оправда и ќа стане еден од оние вечни евергрини, допрва времето ќе покаже. Освен со својот силен но суптилен вокал , Тарабунов партиципира комплетно во своето ново музичко парче како автор. Имено, негови се музиката и аранжманот, миксот и мастерингот, а учествувал и во пишување на стиховите заедно со Зоран Зонде Стојановски, познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови, кој авторски го потпишува и видеото за „Безвременска“. Во видеото главниот женски лик го толкува атрактивната, згодна и сексапилна Сара Дамчевска, која важи за еден  од најдобрите и најатрактивните млади модели во Македонија. Таа досега се има појавено во голем број модни едиторијали, спотови, реклами, а нејзината убавина и привлечност се совпаѓаат и целосно кореспондираат со насловот на песната - „Безвременска“. Песната и нејзиното видео можете да го проследите  во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=jUNQsws_qPs&feature=emb_logo  ]]>

Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата мала „Сењорита“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-tara-ja-pretstavi-svojata-mala-senjorita-video/ Thu, 23 Jan 2020 13:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130677

Пејачот Александар Тарабунов – Тара ја промовираше новата песна која го носи името „Senorita“ заедно сосе  видеоото за неа. Музика ја потпишува самиот тој, текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов со кого Тара соработува долги години наназад. Видеото е снимено на неколку локации во Скопје и истотот го изработил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Стојановски – Зонде. Во кадрите на спотот покрај Тара се појавуваат и моделот Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ. „Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека „Senorita“ е одлична увертира за она што допрва следува од мене“ - вели Тара. За модните комбинации во видеото задолжена, била младата дизајнерка Наталија Терзијоска која што го потпишува брендот „Terziya“. Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што официјално Тара го претстави на бугарскиот Јутјуб канал, „Facing the sun“. ]]>

Макфестовска балада Роберт Билбилов ја визуелизираше на некои – „Чудни места“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makfestovska-balada-robert-bilbilov-ja-vizuelizirashe-na-nekoi-chudni-mesta-video/ Wed, 16 Jan 2019 12:39:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67785

На Роберт Билбилов му беа потребни цели девет години за повторно да се врати на „Макфест“ како изведувач, а речиси три месеци за да ја визуелизира својата фестивалска балада насловена „Чудни места“. Како што веќе е познато, музиката и аранжманот ги потпишува самиот Билбилов, додека текстот за песната го напишал Робин Зимбаков, а сето тоа во продукција на „Јust RB production“ на Билбилов.
Волшебната визуелизација на повратничката тема е дело на уметничкиот фотограф и режисер Зоран „Зонде“ Стојановски. Тој и онака магичната исконска локација - античката мегалитска опсерваторија „Кокино“, ја споил со специјалните комјутерски ефекти, што на видеото му даваат филмска, па дури и научно фантастична визура.
Самиот Билбилов заедно со шармантната Росана Стефанова како главни протагонисти во видеото одлично ја одиграле својата ролја, која дополнета со стиховите на песната совршено ја раскажува емотивната приказна која ги искажува внатрешните чувства на авторот.
Се' на се', видеото изработено во 4К технологија, видено низ окото и одличниот избор на кадри на директорот на фотографија Александар Мижимаков го комплетира одличниот спој на музиката, стихови и слика, кој стилизиран во една целина, на уметнички начин ги изразува емоциите на љубовната патина.
Како изгледаат овие „Чудни места“ надополнети со веќе слушнатата музичка тема на Роберт Билбилов, премиерно проследете во продолжение: ]]>

Девојките од „Trinity Strings“ ќе ве „излудат“ со „Crazy about you“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/devojkite-od-trinity-strings-kje-ve-izludat-so-crazy-about-you-video/ Tue, 20 Nov 2018 12:39:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58864

Се сеќавате ли на темата „Луд сум по тебе“ која Александар Тарабунов - Тара ја испеа во 2017 година, а кон почетокот на оваа и ја екранизираше со интересен видеоспот? Токму истата таа тема, чиј автор е македонскиот хитмејкер и музички продуцент Роберт Билбилов деновиве доби уште една, овој пат „гудачка“ верзија!
Имено, македонското женско гудачко трио „Trinity Strings“ предводено од виолинистката Ирена Стојановска алиас „Ина Виолина“, која е професионален музичар во оркестарот при Македодонската опера и балет, заедно со своите колешки ја адаптираше истата тема во инструментална верзија.
Се разбира, девојките ( Ина, Марта и Александра) по теркот на светски познатите Ванеса Меј или „Бонд“ во свој стил ја преработија песната на Билбилов насловувајќи ја  „Crazy about you“,  за која адаптацијата и аранжманот го направила самата Ина Виолина, а зад проектот стои и продукцијата на Билбилов - „Just RB production“.
Гудачката верзија на  „Crazy about you“ звучи прилично свежо и во себе носи модерен светски призвук, што е несомнено и една од препознатливите страни на Билбилов, но и аранжмански сосема се вклопува во опсегот што го нудат двете виолини и виолончелото на трите девојки, кои со својата атрактивност и изразен сексапил и даваат и нота на поширока прифатливост на целата приказна, надоградувајќи музичката со визуелната компонента. Токму по теркот на претходно споменатите светски ѕвезди кои го негуваат ваквиот музички правец и стил на музицирање.
Доказ за тоа е и едноставното, но артистички сосема функционално видео, во кое покрај раскошната убавина и атрактивност на девојките, се појавува и моделот Филип Наков, кој заедно со артистичките способности на трите грации ја заокружува звучната со визуелната слика, создавајќи убаво спакувана аудиовизуелна композиција.
На режијата на спотот својот потпис го ставил уметничкиот фотограф и режисер Зоран Зонде Стојановски, чие видео, заедно со верзијата на „Crazy about you“ на  женското гудачко трио „Trinity Strings“, можете да ја проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=7dXV5CHkDTE&feature=share&fbclid=IwAR2Q41D8mXHJqHwFddbYGoe5NuVxHXGfvfdSGHPwsppE4XYUEAdPsxFjDxg  ]]>