зоран василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 08:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран василевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зоки – Фаци влезе во најпознатиот скопски секс шоп да пазари, па ги помеша „играчките“: Она што најмногу „го запали“, всушност е за… гаснење! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-fatsi-vleze-vo-najpoznatiot-skopski-seks-shop-da-pazari-pa-gi-pomesha-igrachkite-ona-shto-najmnogu-go-zapali-vsushnost-e-za-gasnene-video/ Sat, 11 Mar 2023 08:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290623

Зоран Василевски во јавноста многу попознат како Зоки - Фаци... Прекар што го доби по насловот на некогаш неговата популарна ТВ емисија. Контроверзен по многу нешта, пред се' по тоа што она што го има на ум, многу не му ја мисли јавно да го каже кога дава изјави или да „му го плесне“ в лице на соговорникот, кога води интервјуа и разговори. Неговата сексуална определба со која со години наназад вешто кокетира исто така постојано е дискутабилна, а одвреме-навреме доаѓа во фокусот на јавноста откако ќе излезе некој муабет во чаршијата или новинарските кулоари за него, ќе осамне некоја фотографија или клипче на мобилните телефони... За него може да зборуваaт се' и сешто, но факт е едно нешто: Зоран Василевски - Фаци како естраден новинар е еден од оние кои најмногу ги познаваат работите, одлично си ја владеа професијата и секогаш кога ќе се впуштат во работа, таа е перфектно завршена. Еден од оние кој прв го ползуваше стилот и силата на таблоидното новинарство и жолтиот печат во Македонија, а со самото тоа многумина од тотални анонимуси ги претворил во  профлирани естрадни ѕвезди. До душа поединци од неговите искрени написи и прилози  ги „болело глава“, имале проблеми и недоразбирања дома,  врската, бракот или кариерата им виселе на конец заради објавеното или обзнаненото... Но, тоа е веќе друга тема за полемика. Нешто заради кое многупата Зоки Фаци вербално бил напаѓан, добивал непристојни предлози, чудни понуди, бизарни закани, а во неколку наврати и физички се обиделе да се пресметаат со него. Како и да е, Фаци е се', само обичен не. По последното Интернет подкаст шоу со „несреќниот“ Лазаров, Фаци се сетил дека нешто му недостасува, па решен да се поднови тргна во шопинг? Или чисто онака, само во прошетка, како што на пример жените шетаат по излози, така и тој навратил кај старите пријатели од најпознатиот скопски секс шоп, лоциран во центарот на македонската престолнина. Кај старите пријатели Фаци дочекан како добредојден гостин и муштерија, па откако пријателски се поздравија со газдата, Зоки тргна да разгледа што има ново на полиците. Случајно или не застана покрај онаа  чија палета производи најчесто ја купуваат дамите, арно ама... Палетата новитети како и секогаш  разновидна и раскошна, а патем истата збогатена и со нови американски модели од различни парчиња и величини... Арно ама, пребирливиот Фаци откако внимателно ја разгледа понудата око му фати еден „чуден“ позамашен црвен модел со некакво дополнително црево на себе!? „Ееее... Овој го сакам“ - му посочи со показалецот Фаци на газда Горан, кој онака зачуден, му падна малку незгодно, ама виде - не виде, мораше  муштеријата да го соочи со вистината: „Абе Зоки, тоа е противпожарен апарат... За гаснење пожар“ - го разочара газдата Фаци, кој очигледно ги ги помешал „играчките“, зашто на што најмногу „го запали“, всушност е за... гаснење! Се разбира, сето ова само како смешка, како пародија на еден стар виц, кој во стилот на некогашниот хумор од  „К15“, Зоки-Фаци и газда Горан го визуелизирле во скеч. Чисто онака за да ја насмеат публиката, односно Инстаграм следбениците... Патем и за да ги изрекламираат производите, на необичен инфлуенсерки начин. Е сега, тоа што некои велат дека во секоја шега има половина вистина...?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Фото: Инстаграм принтскрин/zokifaci
 ]]>

Зоки Фаци: „По операцијата од канцер долго не можев да ги прифатам лузните на телото“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-po-operacijata-od-kancer-dolgo-ne-mozev-da-gi-prifatam-luznite-na-teloto-video/ Fri, 17 Jun 2022 06:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254835

Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари. Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата. Неодамна откри дека се оперираше од рак и ова речиси скроз му го смени животот. „Кога ми кажаа дека имам тумор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија канцер од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа“, искрен е Зоки за болеста. На почетокот се повлекол во себе. Комуницирал само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која му била голема поддршка. Вели поминал лесно, без хемотерапија и две недели по операцијата веќе бил на нога. Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко, ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често. „Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, ни раскажа Зоки за „Репортер“. Тој веќе некое време не работи како новинар, но со емоции зборува за годините поминати во медиумите. Приказната тргна пред 15 години, кога почна да пишува прилози за животни во весникот „Вест“. Од тогашниот уредник Горан Михајловски доби шанса да пишува за естрадата. Кога по некоја година почна да работи на телевизија, ја направи емисијата „Фаци“ и го доби прекарот што го носи и денес. „Таблоидното новинарство е една од најтешките професии во Македонија. Сум снимал и политичари и проститутки и луѓе од подземјето, но од сите најголем предизвик ми бил Азис. Дојде во емисија со тројца дечки, тројцата исто облечени. Па кога го прашав дали има партнер, ми кажа дека е во врска со еден од нив, но не сакаше да открие кој и додаде дека тие секогаш се облекувале исто за новинарите да не дознаат кој од нив му е дечко“, се сеќава Зоки. На прашањето дали измислил афера за некого, само за да му се одмазди вели: „Признавам, сум го правел и тоа“. Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди. Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми. Го нападнаа со шипка и заврши во болница, добиваше закани, а лани беше објавено и негово приватно видео, за кое ни рече: „Да се случеше тоа пред 15 години, дома ќе си ја трескав главата од ѕид, што ќе кажат моите, ама сега ми е сеедно. И кога ќе ме повредат, знам да се носам со тоа достоинствено. А ако го сака тоа јавноста, јас ќе направам уште пет видеа, нека ми ги пуштат.“ Кој се обиде да го киднапира додека работеше како новинар, за спомените со Тоше Проески и другарството со Лила дознавме во интервјуто. Но, и за борбата со ракот, колку е близок со својата сестра, зошто не разговара со Елена Ристеска, дали некогаш ќе се врати пак на телевизија... Гледајте го видеото. ]]>

Зоки – „Фаци“ заврши в болница: Познатиот естраден новинар и ТВ водител на пластична хирургија, но не заради естетски зафат (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-zavrshi-v-bolnica-poznatiot-estraden-novinar-i-tv-voditel-na-plastichna-hirurgija-no-ne-zaradi-estetski-zafat-foto/ Thu, 02 Dec 2021 09:40:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229678

Контроверзниот македонски естраден новинар и познат ТВ водител, а во последно време и локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки - „Фаци“ заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија. Многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници не бил во право. Не била во прашање никаква естетска корекција, никаков хируршки зафат за разубавување или корекција на одреден дел или орган на телото заради естетско-функционални причини, туку заради здравствени. Иако Фаци онака како што дал Господ „откачен“, објави неколку фотографии уште од болничката постела, правејќи шега на сопствена сметка од типот: „Близнаци... која сака може да честита“, работата испадна дека не е нималку шеговита и смешна, туку напротив - мошне сериозна.  Имено, по враќањето дома Зоки се јави со видео на приказните на својот Инстаграм профил и потврдувајќи го престојот в болница и хируршкиот зафат кој му бил извршен, обзнани дека му бил отстранет тумор на ногата. За каков и колку сериозен тип се работи, остана тајна во доменот на медицинската дијагностика. Сепак едно е сигурно, тој сега се чувствува добро, има само мали болки, што се нормална појава по постоперативниот зафат и полека закрепнува. А шегата...? Неа ѓаволот ја однел, како што се надеваме и дека ќе ја однесе и дијагнозата на познатиот естраден новинарски ТВ лик, кој во домашни услови закрепнува од операцијата. Нека е со помин! Фото: Фејсбук принтскрин/Zoran Faci Vasilevski]]>

Зоки – Фаци му кажа „НЕ“ на расизмот: Водителот на „1ТВ“ ја запозна јавноста со своите црно-бели пријатели за специфична намена (ВИДЕО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-faci-mu-kaza-ne-na-rasizmot-voditelot-na-1tv-ja-zapozna-javnosta-so-svoite-crno-beli-prijateli-za-specifichna-namena-video-18/ Sun, 29 Sep 2019 09:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109554

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки - „Фаци“ нема среќа со медиумите.  Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа. Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки - „Фаци“ секојдневно можете да гио видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител... Сепак, не е баш така, зашто со сите тие „цуци“ како што ги вика,  „Фаци“ е само близок пријател. Неговите најверни другарчиња неодамна реши самиот да ги претстави во видеото кое кружи по Интернет.  Зоки - Фаци му кажа „НЕ“ на расизмот, па водителот на екс „1ТВ“ ја запозна јавноста со своите црно-бели пријателчиња. Едниот од Африка, другиот со нордиски пропорции, да ти бил „Викинг“, како што самиот Зоки кажува. Видеото е всушност рекламно и е еден вид маркетинг за одредени „деликатни“ прозводи за многу „специфична намена“, кои ги има во најпознатата продавница за „играчки за возрасни“ во Македонија. Всушност Зоки е добар пријател и со сопствениците и со персоналот, па затоа Фаци е и чест гостин во „алеата на задоволствата“ каде го искористија присуството и популарноста на  водителот на „Ексклузив“  да ги изрекламира нивните, барем според пропорциите,  „ексклузивни“ производи... За да Ви биде појасно, погледнете го видеото, но со предупредување: Само ако имате повеќе од 18 години!
 
View this post on Instagram
 
Коментарот е ваш‼️ Очигледно успешна реклама ? @valijantofficial #sexshop #sex

A post shared by Мода и Елита ? (@modaielita) on