зоран стојановски зонде – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Dec 2022 10:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран стојановски зонде – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ангел Спасов со приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање во – „Сам продолжувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/angel-spasov-so-prikazna-koja-nudi-povekje-gledishta-za-edno-ljubovno-nedorazbiranje-vo-sam-prodolzuvam-video/ Mon, 26 Dec 2022 06:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281556

По одличната „Ме изгуби ти“, Ангел Спасов, младиот средношколец од Струмица, на јавноста ѝ ја претставува својата нова, втора песна со наслов „Сам продолжувам“. Се вели, тимот што победува не се менува, па воден од оваа мисла Ангел повторно работи со истиот тим. „Мојата прва песна наиде на одлични реакции кај публиката, па тоа ме мотивираше да ја објавам и оваа тема, дури и побрзо од планираното. Луѓето кои работеа на „Ме изгуби ти“ се покажаа како добитен тим, па затоа екипата која работеше и сега не само што останува иста, туку е и проширена со Тања Соколовска која придонесе многу за врвната музика направена од хитмејкерот Роберт Билбилов да зазвучи така како што во моментов може да чуе публиката – полна со емоции“, вели Ангел и признава дека кога прв пат ја слушнал„Сам продолжувам“ знаел дека тоа е тоа, песна во која може да се пронајде, песна во негов стил и песна која може да ја отпее така што таа ќе допре до публиката. Видеото е работено со Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите освен Ангел една од главните улоги ѝ припадна на Јована Ѓо, која, како што вели тој, со својата харизма дополнително придонела видеото да изгледа светски. „Спотот е приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање, а главната улога ѝ припадна на Јована. Тука се и Симона Спиркоска и, кои играат на хип-хоп делот, потоа Гала Поњавиц, Миа Гирауд и Трајче Манчевски, а при реализацијата на видеото во голем дел помогна и Александар Мижимаков“, вели Ангел и додава дека верува во тимот со кој работи и не само што нема да го менува, туку најавува и уште многу убави соработки. Ова младо момче со сериозни амбиции си остана на зборот кога станува збор за досегашните музички планови, па затоа нема зошто да се сомневаме дека со исто темпо ќе продолжи и во иднина. Уживајте во „Сам продолжувам“, слушајте македонска музика и поддржете ги новите имиња како што е Ангел Спасов, кои носат нова свежина и енергија на домашната сцена (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Александар Тарабунов сними дует со Тамара Тодевска, а снимаше спот без неа за – „Само ти ми фалиш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-snimi-duet-so-tamara-todevska-a-snimashe-spot-bez-nea-za-samo-ti-mi-falish-video/ Fri, 09 Dec 2022 11:55:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279310

Поп-пејачот Александар Тарабунов дефинитивно  е вредно момче, односно еден од најконстантните автори и  изведувачи на домашната поп естрада. Популарниот Тара покрај пеењето се почесто е активен во создавањето нова музика, нови песни, нови видеоспотови… И за себе и за дуги или заедно со некои други колеги и колешки, како штое и случајот со најновата тема насловена: „Само ти ми фалиш“ која е своевиден дует со Тамара Тодевска. Жанровски овој пат обајцата отстапуваат од својот препознатлив стил, Тара од латино фазонот кој во последно време обилно го практикуваше, а Тамара од својата ар ен би и баладачна приказна која ја турка последниве години.  Едноставно, обајцата заедно овој пат завршиле во старите добро познати и проверени жарови - фанк и диско, што е добредојдено за песна што излегува пред Нова Година. Впрочем, целата атмосфера не само музички, туку преку сценографијата и костимите и визуелно во видеото кое го режирал стариот соработник Зоран Стојановски - Зонде, потсетува на златната ера на диско музиката од крајот на 70-ите и 80-ите години, кога овој жанр царуваше на светските топ листи. Во видеото покрај Тарабунов се појавуваат и многу познати музички фаци од македонската поп естрада, како Роберт Билбилов на бас.... ...Или Калина Велковска,  Полина Тасева, Лаура Крлиу... како придружни вокали на пример. Но и уште многу други, помалку или повеќе познати музичари и изведувачи, но не и онаа најпозната, која е дел од дуетот и пее во рефренот - Тамара Тодевска!? Впрочем, како што гласи и самиот наслов на песната, односно кога истиот би го парафразирале... „Само ТАА фали“! Музиката и текстот се заедничко дело на Тара и Билбилов, односно Тара и Зонде, кога се стиховите во прашање. Како звучи кога Тара пее во дует со Тамара, а како потоа изгледа кога на истата песна (сн)има видео без неа, проследете во продолжение во „Само ти ми фалиш“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Барбара Поповиќ атакува на регионалната сцена со летната балада „Не одустајем“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-popovikj-atakuva-na-regionalnata-scena-so-letnata-balada-ne-odustajem-video/ Tue, 19 Jul 2022 06:50:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259258

Барбара Поповиќ има нова песна. Македонката, со охридско потекло изненади со новата модерна летна балада „Не одустајем“ која уште на прво слушање ги добива симпатиите од публиката. Музиката и аранжманот се на Дарко Димитров, додека стиховите ги потишуваат дури четири имиња: самата Барбара, Владимит Даниловиќ, Дарко Димитров и Лина Пејовска. Песната е е визуелизирана со едноставен но функционален летен видеоспот кој го продуцирал, направил и режирал  познатиот уметнички фотограф и режисер, Зоран Зонде Стојановски. Инаку, младата Барбара својата музичка кариера ја започнала од најрана возраст уште од 6 години. Тогаш учествува на некогаш реномираниот детски фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Бонџорно“ напишана од Калиопи и неколку други песни компонирани од Јован Јованов, Дарко Димитров и Драган Мијалковски. Од шест годишна возраст почнала да го изучува и пијаното во музичкото училиште „Илија Николовски Луј“. По кратка пауза, се враќа на сцената на фестивалот „Макфест 2018“, настапувајќи со песната “Не си ти крив”. Барбара има добиено повеќе наград и признанија, апсолвент е на соло оперско пеење и има договор со белградската телевизија IDJTV, а соработува со нашиот познат композитор, аранжер и продуцент, Дарко Димитров. Барбара на 8-ми Септември треба да настапи во Ватикан по повод денот на независноста на Македонија. Во меѓувреме уживајте во нејзиниот вокал и звуците на летната балада насловена  „Не одустајем“ со која  Барбара атакува на регионалната сцена  : ]]>

Огнен Здравковски покажа дека душата се храни со – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-pokaza-deka-dushata-se-hrani-so-dusha-video/ Thu, 24 Mar 2022 13:29:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244288

Душа“ е насловот на најновото музичко издание на младиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина. За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов во регионот. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со многу српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а режијата ја потпишува познатиот македонски уметнички фотограф и режисер, Зоран Зонде Стојановски. Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел од видеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој пак е многу близок пријател со нашиот Огнен. “Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски. Инаку песната и видеото вчера беа премиерно објавени на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредниот период таа ќе биде и лично промовирана од Огнен во емисиите на оваа позната продукција. Погледнете и уживајте: ]]>

Пепа Димитрова со предновогодишен видеоподарок за љубителите на македонска музика – „Со тебе немам сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pepa-dimitrova-so-prednovogodishen-videopodarok-za-ljubitelite-na-makedonska-muzika-so-tebe-nemam-son-video/ Wed, 22 Dec 2021 13:35:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232307

Македонската поп пејачка Пепа Димитрова денес, среда 22 декември 2021 година промовираше нова песна и видеоспот за истата. Песната насловена „Со тебе немам сон” за која музиката и текстот ги напишала Весна Малинова, аранжманот го направил Владимир Дојчиновски - Дојчин. Спотот го потпишува проверениот уметнички фотограф и режисер на видео спотови, Зоран Стојановски - Зонде. „Се работи за модерна песна, со побрз ритам, а видеото ја следи приказната во песната. Се одлучивме за поартистичен видео пристап кој мислам дека ќе ја освои публикатата. Посебно ме радува што промоцијата се случува пред Новогодишните и Божиќните празници, бидејќи тоа е период во кој сите ние повеќе одмараме, се дружиме, си даваме себеси повеќе слободно време за уживање, а тоа секогаш е придружено со добра музика. Се надевам дека изборот на слушателите ќе биде македонска музика и би била среќна доколку  и мојата 'Со тебе немам сон', се најде на нечија омилена плејлиста“ - изјави Пепа Димитрова по повод промоцијата на нејзиното најново музичко и видео остварување. Песната „Со тебе немам сон”, како и претходните две, “Длабоко” и “Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка кој ќе се појави во текот на следната 2022 година. Дотогаш уживајте во остварувањето на своите соништа во Новата Година со... „Со тебе немам сон“ на Пепа Димитрова. ]]>

Тара за сечија љубовна болка има – „Лек на рана“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tara-za-sechija-ljubovna-bolka-ima-lek-na-rana-video/ Mon, 21 Jun 2021 12:51:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207744

Македонски пејач Александар Тарабунов е неуморен. Додека многумина среде корона пандемијата мируваа, тој и тогаш работеше и снимаше, па зошто не би го правел тоа и сега, кога жестината на вирусот полека стивнува. Деновиве популарниот Тара ја промовираше неговата најнова песна „Лек на рана”, за која многумина велат дека ќе биде летен хит. Музиката за оваа песна е повторно негово авторско дело, текстот на Робин Зимбаков, додека аранжманот созаеднички сили го направиле  Тарабунов и Роберт Билбилов, а овој вториов разбирливо е и музички продуцент на песната. Инаку темата е модерно спакувана во поп продукт со латино примеси во кои провејува шпанска гитара, одлично вклопени во моќната продукција на Билбилов и сугестивниот вокал на Тара, кој ги допира чувствата и милува емоциите, уште на прво слушање. Кога на тоа ќе се додаде одличниот текст на Зимбаков, вткаената лирика во емоцијата со која зрачи песната, јасно е дека ова еден од подобрите годинешни  домашни поп прозиводи. Модерен, можен, а при тоа во себе има и душа! Видео спотот го реализирал веќе постојаниот соработник на екипата, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови,  Зоран Зонде Стојановски, чија визуелизација во рамките на буџетот, сосема солидно ја надополнува звучната слика на „Лек на рана“. Во продолжение ви предлагаме преслушајте ја и погледнете го видео спотот. ]]>

Барбара Ракичевиќ полека станува дорасната и „Доволно зрел“(а) за успех (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-rakichevikj-poleka-stanuva-dorasnata-i-dovolno-zrel-a-za-uspeh-video/ Thu, 01 Apr 2021 11:18:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197166

Барбара Ракичевиќ, младата ТВ водителка, ќерка на некогашната водителска ТВ ведета и позната трендсетерка Мелита кон крајот на 2020 година и официјално вплови во пејачките води откако тогаш ја промовираше својата прва сопствена песна насловена „Посилно од се“, авторско дело на најзината музичка менторка, Андријана Јаневска. Шест месеци подоцна, Барбара Ракичевиќ,  ја промовираше својата втора песна и видеото за неа, која наликува на модерно спакуван музички проект зад кој одново стои сериозна професионална екипа.  Насловена  „Доволно зрел“ новата песна на Барби, овој пат е авторско дело на македонскиот пејач и автор Александар Тарабунов кој навистина зрело си ја завршил обврската.  Видеото и овој пат  го изработил познатиот уметнички фотограф и режеисер Зоран Стојановски Зонде. Барбара ги има сите предиспозиции, од неизмерна извонредна убавина и музички талент, до солидни вокални способности што ги покажа уште претходно изведувајќи ги кавер верзиите на познатите песни и пејачи од регионот и светот. Но, авторската кариера е нешто сосема друго, нешто што бара малку повеќе од само талент, зашто естрадата има поинакви правила на игра, а успехот на неа не зависи само од пеењето, туку од комплетното преставување, специфичен перформанс, однесување, облекување, впечаток и надвор од сцената... нешто што Барбара допрва треба да научи и да го совлада. Секако, нејзината позната мајка Мелита и татко и, познатиот скопски угостител „Соме“, се искусни и урбани градски ликови на кои не им се непознати сите споменат трикови. „Доволно зрел(и)“ за сугестии и помош на патот кон успехот на својата талентирана ќерка. https://www.youtube.com/watch?v=saXEhlmKEJk]]>

Барбара Ракичевиќ има нешто во себе, што е – „Посилно од се’ “ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-rakichevikj-ima-neshto-vo-sebe-shto-e-posilno-od-se-video/ Thu, 01 Oct 2020 13:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169515

Барбара Ракичевиќ, младата ТВ водителка, ќерка на некогашната водителска ТВ ведета и позната трендсетерка Мелита и официјално вплови во пејачките води. И ако до сега во „ТВ магазинот од зад сцената“ само медиумски ја третираше естрадата, сега и самата стана дел од неа, откако вчеравечер, среда, 30 септември 2020 година, таа  ја промовираше својата прва сопствена песна насловена „Посилно од се“. Темата е комплетно авторско дело на еден од далеку најдобрите македонски женски вокали, академски музичар, педагог и автор, Андријана Јаневска, која ги потпишува музиката, стиховите и аранжманот на песната, која пак е снимена во нејсиното семејно „Гиновски мјузик студио“. Видеото пак го изработил уште еден проверен мајстор, познатиот уметнички фотограф и видео – режисер, Зоран Стојановски – Зонде. За стилираната убавина на ионака убавата и атрактивна 16 годишна водителка, а отсега и пејачка, се погрижил веројатно најдобриот во својот занает, најпознатиот македонски мејкап стилист и фризер, Александар Билјановски - „Дадар“. Барбара на своето естрадно деби сосема солидно си ја одработела својата вокална улога, зашто во прашање е балада, нималку лесна за пеење, која изобилува со тонови од различен регистер, од ниски до високи, што бара искллучително знаење и подготвеност и кај многу поискусни вокални солисти, отколку кај еден почетник. Ова покажува дека младата пејачка храбро се фатила во костец со поставената задача на професорката Јаневска и е цврсто решена уште во стартот да покаже и докаже дека одлуката да запее не само еднократен излет за да се задоволи желбата. Видеото исто така сосема солидно ја следи приказната вткаена во стиховите на песната, а Зонде во рамките на буџетот визуелно и уметнички и технички го извлекол максимумот, давајќи и посебена нота на песната, еден поинаков визуелен тон кој заедно со избраниот стајлинг, младата Барбара ја претставува во полн сјај, соодветен за нејзината возраст и во совршена хармонија со музиката што вокално ја исполнува. Се' на се', убав, едноставен спој на романтична музичка тема, исфилувана со соодветна естетска визура, за повеќе од успешен естраден почеток на младата убавица. https://www.youtube.com/watch?v=vH6Y2DoQVlg&fbclid=IwAR17QbHhvnCSCGF5VH2WRZ5hJkLJAUOlm-AobCI3n93RaPuwSO7kCBRJUGI      ]]>

Јованка Житарова се врати како Јова со порака – „Биди сама своја среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanka-zitarova-se-vrati-kako-jova-so-poraka-bidi-sama-svoja-srekja-video/ Thu, 17 Sep 2020 10:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167421

Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна „Биди сама своја среќа“. Зад оваа песна како автори се запишани Роберт Билбилов, кој ја направи музиката и аранжанот, во чие студио е и снимена, а текстот е на македонската писателка, Ксенија Николова. „По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“.  Ова е само почеток од нашата соработка.  Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата убава македонска песна, зашто, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да одам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено на припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив“ - вели Јова. Спот е снимен од продукцијата на  познатиот уметнички фотограф и режисер Зоран стојановски -  „Зонде“ на браната Козјак. Во видеото Јова  е претставена како слободна, сама и среќна жена. „Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам.  Дека на човек  најважно од се'  му е личната среќа“ - додава таа. Погледнете го видеоспотот за оваа песна: https://www.youtube.com/watch?v=UMAsGw_bags&feature=emb_logo]]>

Александар Тарабунов – Тара патот кој го оди – „Нема крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-tarabunov-tara-patot-koj-go-odi-nema-kraj-video/ Wed, 24 Jun 2020 12:17:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155436

По пауза од точно пет месеци Александар Тарабунов - Тара има нова песна. Откако кон карјот на јануари годинава  се појави со својата „Сењорита“, македонскиот пејач ниту корона епидемијата не го спречи да го освежи својот репертоар, но и домашната музичка сцена со своето најново музичко парче насловено „Нема крај“. Тара како да насети дека ова лудило нема крај, дека уште долго ќе трае, па реши да неговата музичка кариера да не биде во „лер“ на неопределено време, туку она што како музичка инспирација го носи во себе го вдахна во новата песна во студиото на неговиот колега, пријател и стар соработник, музичкиот продуцент и композитор Роберт Билбилов. Самиот Тара е автор на музиката, а Билбилов вообичаено се погрижил темата „Нема крај“ да ја украси, испегла, дотера и вообличи онака како што најдобро умее - по теркот на светските модерни музички слики. Аранжмаманот заедно го стокмиле со Тара, додека за текстот овој пат се погрижил Зоран Стојановски-Зонде, многу попознат како уметнички фотограф и режисер на модни едиторијали и музички спотови, кому Тара исто така „му асистирал“ во пишувањето на стиховите. За разлика од неколкуте претходни песни, овој пат тара избегал од латино прегратките, па стилски повторно му се вратил на модерниот поп звук, се разбира во кој одлично се вклопила мелодиската линија и неговиот препознатлив „песоклив“ вокал, кој заедно со целата продукциско-звучна слика и дава посебен шарм и шмек на песната која уште на прво слушање, во старт има хитовски предиспозиции.  Видеото е посебна, романтична љубовна приказна со слатка доза на патина, спакувана онака како што Зонде умее тоа да го направи, визуелизирајќи ја приказната во спој на емоции и прекрасни пејсажи, чија режија умешно ја води. Секако, потпомогнат со одличните видеокадри на камерата зад која стои и самиот заедно со Александар Мижимаков - Мижи и дрон камерата на Дарко Данилов. Главен протагонист во видеото покрај самиот Тара е и младиот модел, убавата Сара Дојчиноска, кои вешто го водат дејствието на нивната „лав стори“ на патот кој... „Нема крај“. https://www.youtube.com/watch?v=Gx20cg2hEoE&fbclid=IwAR1aGvcgUJP-0hQ2RkyKL0hwYnRuk5LlcLd4FGNNWe_UuhNjS0CTsC0gjpQ    ]]>