Зоран Спасов Ѕоф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Mar 2023 11:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Зоран Спасов Ѕоф – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Цеки инспирацијата од книгата на Ѕоф ја преслика во песна со истиот наслов – „Џабе живиш у Скопје“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tseki-inspiratsijata-od-knigata-na-zof-ja-preslika-vo-pesna-so-istiot-naslov-dhabe-zhivish-u-skopje-video/ Tue, 21 Mar 2023 07:17:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294278

Македонскиот кантавтор и пејач Зоран Рудан - Цеки, инспириран од урбаната книга на авторот Зоран Спасов - Ѕоф, која е вистински бестселер меѓу читателите во  македонската метропола, направи песна со ист наслов - „Џабе живиш у Скопје“. Цеки изјави дека инспирацијата за стиховите ја добил од содржината на книгата ана Ѕоф, а стиховите на песната се ултраносталгични пишувани на максималноавтентичен или што би рекле „хардкор“ скопски сленг, кој за жал, по „поскопјанчувањето“ на престолнината со напливот од провинцијата, е сленг во изумирање. Така на шега, Ѕоф и Цеки велат дека се едни од последните Мохиканци кои се борат за зачувување на автентичноста на „јазикот на урбаните скопски предци и нивните потомци“... Останатите и онака, џабе живеат у Скопје. Инаку песната „Џабе живиш у Скопје“ содржи три строфи и заразен рефрен, во кои Цеки го пресликал можеби најдоброто од животот на повеќе генерации стари скопјани. Во неа ќе се најдат многумина родени помеѓу 50-ите и 80-ите години на минатиот век. Видеото со кое визуелизирана песната е своевиден кус документарец полн со носталгични кадри и емотивни фотографии за Скопје од едно време, со сите негови специфики и особености, култни места, препознатливи локации, навики, мода, начин на живот... Сето она што некогаш бше обележја на главниот град.  Секој стих и кадрите од неколку секунди што го следат е своевидна приказна за себе за Скопје од 50-тите, 60-тите, 70-тите, 80-ите, 90-ите... и толку! Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во едно 4-минутно „аудиовизуелно пакетче“ насловено „Џабе живиш у Скопје“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Зоран Спасов – Ѕоф: „Џабе живиш у Скопје, ако не го разбираш најдобриот хумор у свет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-spasov-dzof-dzabe-zivish-u-skopje-ako-ne-go-razbirash-najdobriot-humor-u-svet-video/ Mon, 26 Dec 2022 06:42:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281535

Новата книга на авторот Зоран Спасов-Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, неодамна на промоција го собра речиси цело Скопје.  Откако 600 луѓе дојдоа да ја слушнат скопската приказна на Ѕоф,  книгата е број еден најпродавана во „Литература“. Ѕоф вели дека ја напишал, затоа што тоа му го должи на Скопје. „Сите мои книги се раздолжување на нешто, но оваа е на Скопје, на кое му должам затоа што ме израсна и воспита да станам позитивна личност. Ми ја даде онаа улична култура која остава траен белег. Но, една од причините да ја напишам книгата е скопскиот јазик, не сленг, и друго, скопскиот хумор. Затоа што џабе живееш во Скопје, ако не го разбираш скопскиот хумор, затоа што е еден од најдобрите во светот, па го надминува дури и британскиот“, вели Ѕоф, кој ни откри дека е стар скопјанец, роден во центарот на главниот град. Скопје е една страна, но Тито е исто приказна за која сака да зборува. Оние кои го познаваат знаат дека секој 4 мај, во 3:05, времето кога почина Маршалот, тој застанува мирно да му оддаде почит.  А секој 25 мај, некогаш Ден на младоста, Ѕоф дома прави журка на која, вели, се случува делириум, затоа што сите доаѓаа облечени како титови пионери. „Цело друштво доаѓа кај мене дома. Сите сме со дрес код, доле тегет, горе бела кошула, титовка на глава, црвена марама. Од најмал до најстар. И тоа е еден транс во кој паѓаме сите. Се слави свети Тито. Се навраќаме на тоа време, пееме песни, имаме слики со Тито, шалови, иконографијата дома е цела во тој стил, чаршавите се југословенски знамиња“, раскажува Ѕоф, кој ја напиша и книгата „Тито мојот претпоследен херој“. Ни откри дека три пати ја носел штафетата на Младоста и не спиел 10 дена од возбуда. Во интервјуто зборуваме и за првиот таблоид „М експрес“, на кој тој беше сопственик. Но и познатото шоу „Џандар збира“, кое го водеше Игор Џамбазов. „Во 'Џандар збира' правевме намерно исти клучеви за да им се паднат коли на луѓето. Поделивме 24 коли за делириумот кај луѓето да биде поголем. А, со 'М експрес', имаше толкави тиражи што се покажа дека народот е гладен за трачеви, бајачки, гатачи и да дознае каков е животот на познатите личности“, раскажува Ѕоф за „Репортер“. Приватно е татко и сопруг. Во брак е со Весница која му е инспирација за сè што прави. Од друга страна се децата кои живеат во Канада, за кои вели: „Ми недостасуваат, но знам дека се среќни. Секој ден сме на Вибер, тешко ми е што се гледаме два пати во годината, но од друга страна кога ми се јавуваат ми кажуваат само убави работи, а не проблеми, што ме прави среќен“. Од претставата „Торонто експрес“ која уште се игра во МНТ, преку Тито и Скопје, за првиот македонски таблоид, зошто скопскиот јазик има 10 дијалекти, колку е тешко да ја насмееш публиката, другарството со Игор Џамбазов... Гледајте го интервјуто (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-spasov-dzof-kje-ja-promovira-novata-kniga-toronto-ekspres/ Mon, 06 Dec 2021 13:35:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230190

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Промоцијата на книгата ќе се одржи неколку дена пред премиерата на новата театарска претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, е во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкува Александар Микиќ. Тие работеа и на театарската адаптацијата на текстот, заедно со Благоја Бошковски. Премиерата е закажана за 15 декември, а ден подоцна и на 20 декември се следните изведби. Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто eкспрес“, во книжарниците „Литература.мк“, ќе следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.
„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон… Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито, мојот претпоследен херој“.
Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата. Пишувањето книги е негова голема пасија, а досега, покрај новата „Торонто експрес“, ги има објавено: „Тибам штркот“ (2009), „Некогаш, некаде“ (2012), „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020).]]>