зоран маџиров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Jan 2023 08:43:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран маџиров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стаклени чаши и две кујнски ножиња за совршена изведба на „Бор садила мома Евгенија“: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Зоран Маџиров? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stakleni-chashi-i-dve-kujnski-nozhina-za-sovrshena-izvedba-na-bor-sadila-moma-evgenija-dobiva-li-makedonija-vo-dragi-polizovski-naslednik-na-zoran-madhirov-video/ Wed, 18 Jan 2023 08:35:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284685

Познатата македонска срстароградска песна „Бор садила мома Евгенија“, каоја најчесто ја паметиме во одличните изведби на Наум Бурназ, сега  доби нова изведба од страна на еден друг млад македонски музички уметник. Но, овој пат Драги Полизовски не вокално, туку на еден доста невоообичаен и специфичен начин ја донесе познатата песна со инструментална изведба на чаши. Нешто слично на она што го работеше и по што го паметиме за жал, прерано починатиот македонски музички уметник Зоран Маџиров. Оттука и прашањето: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Маџиров? За разлика од другите музички инструменти кои се наменски направени за свирење,  чашите на кои музицира Полизовски  изгледаат мошне идентично. Но, тоа не е проблем за врвниот инструменталист тој да ја отсвири песната автентично, совршено, без грешка и пред се', мошне уникатно. При тоа Драги наместо палки или стапчиња, користи две мали кујнски ножиња. Полизовски е познат музичар, мултиинструменталист кој покрај соло изведбите придружува и многу познати изведувачи на македонската сцена. Македонски музички виртуоз по потекло од Русиново - Берово, кој умее да свири на повеќе од 10 инструментим, меѓу кои и оние народните изворни како гајдата, зурлата, кавалот... Тој досега има соработувано со повеќе познати музички ѕвезди од македонската естрадно-музичка сцена, но е и повеќегодишен  член на групата „Play Band“ со кои соработува и македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски, кого публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015. Како звучи легендарната македонска песна „Бор садила мома Евгенија“ во специјалната изведба на стаклени чаши од страна на Драги Полизовски, проследете од видеото во продолжение , кое го сними битолската ТВ Тера во рамките на емисијата „Ритамот на градот“ (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

„Стакло“ (The Bottleman) – емотивен филм посветен на починатиот музичар Зоран Маџиров https://arhiva.vistina.com.mk/staklo-the-bottleman-emotiven-film-posveten-na-pochinatiot-muzichar-zoran-madzirov/ Wed, 13 Nov 2019 11:36:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118256

Во рамките на програмата на филмскиот фестивал “Синедејс” во МКЦ, своја македонска премиера имаше краткометражниот филм “Стакло” на Нина Маџиров која ова емотивно парче уметност го посвети на нејзинот татко, Зоран Маџиров, како потсетување дека неговата големина и како уметник и како човек, заслужуваат свое постојано место во колективната свест на нашето општество. “Сите наопаку – јас терсене”, прочитав на една од многуте страници од весници и магазини од целиот свет, што пишувале за подвигот на нашиот маестро, а беа дел од малата, но и тоа како значајна изложба што ѝ претходеше на проекцијата. А насловот што најмногу ми го привлече вниманието, можеби и најдобро го опишува во неговата уникатност, посебност, единственост… Во амбиент во кој емоциите се испреплетуваа меѓу публиката, неговото потесно семејство, негови блиски пријатели, но и луѓе кои можеби никогаш не го запознале, а до нив допрела неговата генијалност, ја проследивме македонската премиера на филмот кој е толку личен, сентиментален, горчлив, а истовремено моќен, продорен и безвременски токму како и неговите лик и дело. Приказната на “Стакло” е всушност интимна исповед за големата болка со која Нина се соочи по неговата смрт, но истовремено останувајќи свесна за должноста што тој и ја остави – со својата уметност да создава поубав свет. Филмот го доби наклонот и на светската стручна јавност, за што потврда се и бројните освоени филмски награди на повеќе реномирани филмски фестивали. Проекцијата, филмската вечер посветена на маестро Маџиров, ја заокружи музичкиот перформанс на нашиот млад, но перспективен бенд “Contact59”, чиј член е и Љубен, синот на Зоран Маџиров, кој во чест на својот татко свиреше на стаклени шишиња, односно како што рече и самиот, на инструментот на неговиот татко.]]>