зоран љутков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 20 Aug 2021 13:06:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран љутков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Актерот Зоран Љутков ја доби наградата за најдобра машка улога на Фестивалот на античка драма „Стоби“ https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-zoran-ljutkov-ja-dobi-nagradata-za-najdobra-mashka-uloga-na-festivalot-na-antichka-drama-stobi/ Fri, 20 Aug 2021 13:06:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216188

Наградата за најдобра машка улога на 18. по ред издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, му е доделена на актерот Зоран Љутков за улогата на Силен во сатирска игра во режија на Деан Дамјановски во претставата „Орестија”. Претставата е копродукција на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот” и Националната опера и балет.
Како што се вели во образложението на жири комисијата на фестивалот, Зоран Љутков во улогата на Силен се карактеризира со суверено и зрело мајсторство во сите сегменти на ликот реализирани прецизни актерски, пејачки и танцови партитури низ кои со неверојатна леснотија се претставени психоемотивните нијанси од драматичното во комичното со што неговиот лик несомнено станува актерски столб на целокупната театрологија „Орестија”.
]]>

Не славеа сите со вино и бакнежи: Вака го одбелажаа празникот на љубовта и виното пејачката Калиопи и актерите Зоран Љутков и Игор Ангелов! https://arhiva.vistina.com.mk/ne-slavea-site-so-vino-i-baknezi-vaka-go-odbelazaa-praznikot-na-ljubovta-i-vinoto-pejachkata-kaliopi-i-akterite-zoran-ljutkov-i-igor-angelov/ Mon, 17 Feb 2020 09:46:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134463

Свет Трифун или Свети Валентин... како да се прослави празникот на виното, лозарите, љубовта и вљубените? Водени од  верата и традивијата или водени од чувставата и срцето? Или можеби од обете?! тешка дилема за многумина, особено за вљубените двојки, ама и за соло играчите, кои требаа да ја одберат варијантат која најмногу им одговара. Виното и кафеаната со друштво или бакнежите и саканата, во пар? Едни вака, други така, трети и вака и така, ама не сите го славеа празникот со вино и бакнежи. Дел од македонските познати ѕвезди решија на тој дена да му дадат и малку поинаква нота. Едни следејќи ја традицијата, други следејќи ја песната и композицијата... Сепак и едните и другите го запазија она најважното: и виното и љубовта беа вткаени во нивните активности! Имено, познатите македонски актери Зоран Љутков и Игор Ангелов место кадифени мечиња и перничиња во вид на срце, в раце земаа ножици, па за празникот се зафатија од се' срце за работа на лозје, уште среде бел ден. Впрочем, денот е таков, па традицијата треба да се почитува, а и за годината да биде родна, обајцата со уште неколку пријатели тргнаа да ги закројат лозовите гранки. На пауза, по некоја голтка од ланската реколта... Во виното е вистината нели, ама уште ако ја пивнеш на неговата родна грутка и годината што претстои нема да има утка... Ќе биде родна и плодна... И за винарите и за актерите! Македонската поп дива Калиопи е на турнеја низ регионот. Празникот неа и нејзината екипа ја затекна на море. Па во прекрасен сончев амбиент, празникот навиното и љубовта го честиташе со песна. Познатата македонска „Дафино вино црвено“, во акапела изведба на женско вокално трио: Таа и нејзините придружни вокали Маја и Јулија. ... Ем ја запазија традицијата, ем ја испочитуваа љубовта... Само малку го утнаа текстот, ама една буква не е ништо, иако може многу да смени.
„Инаку, не е 'караНкамен', туку Каракамен планина... ама заради концетрацијата со каменот, ми се испушти вишок едно 'Н'... Дафино вино црвено, момчето ти е заспало, момчето ти е заспало на Каракамен планина“ - појасни Калиопи во текстот покрај споделеното видео. Колку да се знае: Што е кара, а кој е караН!    ]]>