Зоран Кречо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Sep 2022 13:01:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Зоран Кречо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кантавторот Александар Петрески за љубовта скриена во прегратки на убавините на Охрид пее прашувајќи – „Која си ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kantavtorot-aleksandar-petreski-za-ljubovta-skriena-vo-pregratki-na-ubavinite-na-ohrid-pee-prashuvajkji-koja-si-ti-video/ Mon, 19 Sep 2022 13:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267635

По неколку снимени кавер верзии и преработки на познати песни, со своја авторска музика и текст, младиот музичар од Охрид Александар Петрески, ја промовира неговата најнова песна “Која си ти”. „Со задоволство Ви ја претставувам мојата најнова авторска песна ”Која си ти”. Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер. Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски – видео продукција, Ангела Ивановска – модел и Зоран Кречо  (“Krecho Sound Studio”) – мастеринг. Видеото е снимено на неколку локации во магичниот Охрид, кои како и секогаш, нудат бескрајно уживање. Уживајте и вие додека ја следите „Која си ти“ на кантатвторот Александар Петрески (КЛИК ТУКА):  ]]>

На Мето Ди Флеш никаде не му се брза – „Те чекам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-meto-di-flesh-nikade-ne-mu-se-brza-te-chekam-video/ Fri, 28 Feb 2020 12:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136795

После позитивните критики за неговата прва песна “Да не е млако” од Мето Ди Флеш ни доаѓа втор сингл насловен како “Те чекам”. Нумера во модерен, динамичен, фанк стил. Карактеристично за новата песна на Мето Ди Флеш, за која тој ги напиша музиката и текстот, е што соработува со повеќе музичари преку интернет од разни држави. Главното студио е во Струга, кај него, каде што покрај Мето Ди Флеш кој свири и гитара, пеат уште и Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Во Скопското студио на Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски свири бас, а пее Ана Петаноска. Во Американско студио, пак, саксофонистот Томи Леб снима брас секција, додека во Варшава, Полска, Зоран Кречо прави мастеринг на траката. Видеото е во продукција на “Flash Production” од Струга и претставува „журка“ во охридскиот скејт парк која подоцна се префла низ охридските улици, каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски. Мето Ди Флеш, е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулина и клубови. Се надева дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај неговата публика и најавува дека нема да застане тука и ќе се труди редовно да ги изненадува фановите со нов снимен материјал. Видео промоцијата на новата песна на Мето Ди Флеш се случи деновиве на неговиот You tube канал, а таа во наредниот период ќе биде промовирана на неговите настапи во живо. ]]>