Зоран Кочоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Feb 2022 10:49:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Зоран Кочоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА Зоран Кочоски – избран за Претседател на Сојузот https://arhiva.vistina.com.mk/izbrano-novo-rakovodstvo-na-protivpozarniot-sojuz-na-makedonija-zoran-kochoski-izbran-za-pretsedatel-na-sojuzot/ Mon, 28 Feb 2022 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240940

По неколкугодишна неактивност на Републичкиот Противпожарен сојуз на Македонија, предизвикана од објективни и субјективни причини, се најавува целосно возобновување и реорганизација на целиот систем на функционирање на Републичкиот и општинските противпожарни сојузи во Македонија. Со изборот на Г-дин Зоран Кочоски за претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија и новото раководство на Сојузот, се очекува омасовување и интензивирање на активностите на сите нивоа од доброволното пожарникарство во Македонија. Оваа витална и пред сè општествено корисна активност би значела многу во брзото спречување на шумските пожари низ Државата, но и во урбаните средини во случај на потреба од ангажирање на поголем број на обучени пожарникари.
„Имаме спремност максимално да се посветиме на враќањето во функција на доброволното пожарникарство во Македонија и да ги примениме сите Европски стандарди во овој сектор“ - изјави новоизбраниот претседател на Сојузот Г-дин Зоран Кочоски. „Ако сакаме да бидеме дел од Европскиот систем за заштита и спасување, час поскоро треба да поставиме нова национална стратегија и да го омасовиме доброволното пожарникарство во Македонија. Процесот ќе бара активно вклучување на државните институции во овој сегмент и будење на свеста кај еден дел од популацијата дека се што постои во Македонија е наше и мораме да се потрудиме да го заштитиме“ – потенцираше новоизбраниот Претседател.
Противпожарниот сојуз на Македонија постои од 1836 година и низ изминатите 186 години од постоењето поминал низ повеќе етапи на развој. Состојбата во моментов со доброволното пожарникарство во Македонија е на многу ниски гранки по број на активни доброволни противпожарни друштва, членство и материјална опременост на друштвата. Секако најголем проблем во функционирањето на ДППС – претставува и непостојаното финансирање кое во секој случај е обврска на Државата.]]>