зоран калезиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 13:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран калезиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ана Бекута е одлична пејачка но, многумина не знаат дека се пробала и во актерството (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-bekuta-e-odlichna-pejachka-no-mnogumina-ne-znaat-deka-se-obidela-i-vo-akterstvoto-foto-video/ Thu, 05 Jan 2023 12:11:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282967

Пејачката Ана Бекута долги години е присутна во музиката, но малкумина знаеја дека пејачката се испробала и да биде актерка и тоа во спот. Имено, познатата пејачка се појави во спотот на Зоран Калезиќ во раните деведесетти, за песната „Желба моја, мој отров“, каде што ја толкуваше улогата на мистериозна убавица. Да потсетиме, Зоран Калезиќ, кој е присутен на музичката сцена повеќе од 50 години, со своите песни и хитови и одбележа убав период во народната музика, а за жал на многумина, на 4 јануари 2023 година,  ја загуби битката со опаката болест. Калезиќ не сакал да зборува премногу за ракот бидејќи бил свесен дека се бори со многу тешка болест. - Имам таков однос кон животот, навикнат сум на борба. Од кога си заминав од тука како момче, па до сега, животот ме води на тој начин. Постојано морав да го пронајдам својот пат, да си ја спасувам душата од работи кои ме водеа во очај – објаснил еднаш Калезиќ. Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Јутјуб]]>

Почина Зоран Калезиќ: Познатиот фолк пејач ја изгуби битката со опаката болест https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-zoran-kalezikj-poznatiot-folk-pejach-ja-izgubi-bitkata-so-opakata-bolest/ Thu, 05 Jan 2023 06:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282956

По долго и тешко боледување на 73-годишна возраст вчера почина познатиот српски фолк пејач Зоран Калезиќ. Фолкерот од крајот на минатата година се бореше со ракот на белите дробови, а откако ја дознал дијагнозата бил опериран во една црногорска болница. Но, свесен дека се работи за подмолна болест, која напредува во секој момент, се почесто се сеќаваше на својот покоен кум Тома Здравковиќ, кој почина од рак на простата. „Сега полека тргнав на пат кон мојот кум Тома. Наскоро ќе се сретнеме, но дотогаш имам што да направам. Го чекам концертот во Домот на синдикатите за уште еднаш да ги слушнам нотите кои ги враќаат сите органи на своето вистинско место. Сите тие луѓе треба да ги видам уште еднаш во публиката“ – низ солзи неодамна изјавил Калезиќ. Иако по операциите беше активен во медиумите, во последните неколку месеци целосно се повлекол од јавноста. Да потсетиме Зоран Калезиќ по потекло е од Црна Гора. Негови најпознати песни се „Добар мој ангелу“, „Добро вечер, изгубена надеж“, „Застани младост, застани“... Во текот на повеќедецениската кариера продаде повеќе од 15 милиони аудио носачи на звик и слика, како сингл и ЛП плочи, аудио и видео касети. Тој  беше истакнат естраден уметник. Фото: Дамир Дервишагиќ]]>

„Не можам да се спасам“ – Зоран Калезиќ за тешката битка со злобната болест – во едно е сигурен (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-mozam-da-se-spasam-zoran-kalezikj-za-teshkata-bitka-so-zlobnata-bolest-vo-edno-e-siguren-foto/ Thu, 04 Aug 2022 10:26:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261500

Зоран Калезиќ, популарниот фолкер, со години се бори со опасната болест. Во интервју за „Балкан инфо“ тој истакна дека луѓето во Црна Гора и Србија се „гладни“ за пари, но тој, сфатил дека со пари не може да си го врати здравјето. - Нема начин да се задоволи таа глад. Со текот на времето со очите си ја наводнав душата со убавина и сфатив што се парите. А што можам да купам со пари? Можам да купам неколку години живот. Се борам со овој канцер, можам да подобрам некоја терапија. Но, ништо повеќе. Не можам да се спасам - рече Калезиќ, а потоа објасни дека не знае за што служат парите и напомена дека не може да разбере како Црна Гора со 600 или нешто илјади жители не може добро да живее. По големото и тешко животно искуство, кога се соочил со болеста и се обидел да најде решение, Калезиќ забележал како луѓето погрешно ги ценат работите во животот, а не прават разлика меѓу „среќа“ и вистинска среќа кога човекот е здрав. Зборувајќи за односите меѓу луѓето, познатиот пејач вели дека не може да разбере што им се случило на луѓето за да бидат толку изманипулирани. Фото:Принтскрин/Инстаграм/АТА Имаџес]]>

Пред да стане позната, Ана Бекута глумела во видеоспотот на овој познат српски пејач (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-da-stane-poznata-ana-bekuta-glumela-vo-videospotot-na-ovoj-poznat-srpski-pejach-foto/ Mon, 06 Dec 2021 10:22:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230096

Ана Бекута има кариера на која многумина би и позавиделе, а малкумина од нив знаат дека пред извесен број години била само статист во видеото на нејзиниот драг колега Зоран Калезиќ кој во моментов води тешка битка со ракот. Додека едни сочувствуваат со трагедијата што ја снајде пејачката Ана Бекута поради загубата на долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ-Мрка, на други им е жал што пејачката реши да се повлече од јавниот живот. Сите ги знаат хитовите како „Краљ поноќи“, „Бекрија“, „Весеље“, но требаше многу труд и работа за да се изгради блескава кариера, а Ана на почетокот на кариерата соработуваше со тогаш многу популарниот Калезиќ во видео за неговата песна „Жељо моја, најслаѓи отрове“.   Оттогаш до денес, Бекута физички многу се промени, а многумина веруваат дека и понатаму изгледа феноменално за своите години. Нејзината публика се надева дека пејачката ќе се врати на музичката сцена во блиска иднина.]]>

Српската фолк легенда и кум на покојниот Тома Здравковиќ е тешко болен и мора да оди под нож: „Ако по операцијата не можам да пејам, немојте ни да ме будите“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-folk-legenda-i-kum-na-pokojniot-toma-zdravkovikj-e-teshko-bolen-i-mora-da-odi-pod-noz-ako-po-operacijata-ne-mozam-da-pejam-nemojte-ni-da-me-budite-foto/ Fri, 12 Nov 2021 11:45:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227088

Српскиот фолк пејач Зоран Калезиќ откри дека заболел од рак на белите дробови, а за лекување ја избрал Црна Гора, иако имал пријатели ширум планетата кои можеле да му овозможат лекување каде било во светот. „Во понеделник одам во болница, имам канцер на белите дробови. Имам пријатели низ целиот свет, би можел да се оперирам каде било. Но, сепак, зошто јас, покрај нашинците и децата кои имаат слични проблеми и кои се лекуваат овде, би се оперирал некаде, зошто би отишол во Цирих, или на било кое друго место?“ - рече Калезиќ. Тој е свесен за операцијата што следува во вторник, но на овој начин сака да им оддаде почит на домашните лекари на кои им верува. „Свесен сум за се и операцијата и овојпат сакам да им оддадам почит на лекарите, бидејќи верувам дека ќе направат се' што е потребно. Не посегнав по лекување на друго место, бидејќи знам дека ќе дадат се' од себе да ми помогнат. Мојата желба беше да покажам почит кон лекарите со кои контактирам и благодарен сум им за нивната пожртвуваност. Восхитен сум и повеќе им верувам на оние од својот народ и подготвен сум да им го препуштам својот живот во нивни раце“ - изјави пејачот кој му беше и кум на покојниот колега, сега по филмот за него, одново актуелниот Тома Здравковиќ. „Гледам дека имаат желба да ми помогнат, но јас им кажав само едно: Не ме будете, ако не можам да пеам по операцијата. Мојот живот е песна, ако ми ја земат песната, тогаш подобро да ме нема“ - изјави тој за „Дан“. ]]>