зоран џорлев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 11:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоран џорлев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Те сакам најмногу и засекогаш“: Огнен Здравковски се потсети на неговиот починат вујко, музичарот Зоран Џорлев https://arhiva.vistina.com.mk/te-sakam-najmnogu-i-zasekogash-ognen-zdravkovski-se-potseti-na-negoviot-pochinat-vujko-muzicharot-zoran-dhorlev/ Wed, 10 Jan 2024 08:13:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334340

Пејачот Огнен Здравковски на неговиот Инстаграм профил на кратките приказни низ фотографии долови колку е тажен поради загубата на неговиот починат вујко, музичарот Зоран Џорлев. Тој секоја година на денот на неговиот роденден споделува колку му недостига, а така беше и сега. Зоран Џорлев почина на почетот на  2021  како последица од коронавирусот, а Огнен најпрво покажа колку таа година го „скршила“. Сега во моментите исполнети со тага тој седнал и составил една емотивна порака која јавно ја сподели. - Среќен роденден вујче мој... Мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најногу и засекогаш!!! Фалиш најмногу... Потоа го отвори албумот со спомени и објави  заедничка стара фотографија од нив двајцата додека свират виолина. За потсетување, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти. Најпознат е по обработките на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Џорлев беше професор по виолина и директор на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 тој беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година. Почина на 53 годишна возраст откако ја изгуби битката со короната. Фото: PrintskrinInstagram/ognenzdravkovski]]>

Огнен Здравковски со емотивна порака по повод роденденот на неговиот починат вујко, Зоран Џорлев: „И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш“ https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-so-emotivna-poraka-po-povod-rodendenot-na-negoviot-pochinat-vujko-zoran-dzorlev-i-sam-ne-sum-svesen-kolku-premnogu-mi-falish/ Tue, 11 Jan 2022 08:49:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234282

Пејачот Огнен Здравкоски со емотивна пораки се обрати по повод 55-иот роденден на неговиот починат вујко, виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев Имено, Огнен на својот „Фејсбук“ објави статус и напиша емотивна порака. -Денес требаше да го прославиме твојот 55-ти роденден... Како летна една година, како вчера да се случи се… И сам не сум свесен колку премногу ми фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш... Среќен роденден најмил мој, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ И ЗАСЕКОГАШ!!!, напиша Здравкоски покрај фотографијата на која е со Џорлев. За потсетување, Зоран Џорлев почина на почетокот на претходната година како последица од коронавирусот. Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната. Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година. фото: фесјбук/инстаграм/огнен здравкоски  ]]>

Огнен Здравковски ги загуби своите два најголеми идола, но не ја загуби вербата во она што тие беа и оставија: Младиот пејач не го заборави роденденот на Тоше! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-gi-zagubi-svoite-dva-najgolemi-idola-no-ne-ja-zagubi-verbata-vo-ona-shto-bea-i-ostavija-mladiot-pejach-ne-go-zaboravi-rodendenot-na-toshe-foto/ Mon, 25 Jan 2021 08:17:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186448

Засекогаш со нас во срцето... Тоше Проески, најголемата македонска поп ѕвезда на сите времиња, денес, 25 јануари 2021 да беше жив ќе го прославеше својот 40-ти роденден. Но македонскиот ангел не остана забаровен, напротив. По неговото прерано трагично заминување, за Тоше ионака се вели дека има само датум на раѓање. Овој денешниов, кој никој не го заборави... Покрај семејството, блиските, другарите, пријателите, на неговиот роденден се сетија и колегите, медиумите, новинарите, јавноста... И секако, неговата огромна армија обожаватели, неговата верна публика, која растеше со него и неговите песни, од која повеќето сега се веќе возрасни, а некои и семејни луѓе со свое потомство. Но, сеќавањата на идолот на нивната младост, на музичкиот херој на нивното созревање останаа да се паметат, пренесуваат, раскажуваат и живеат... Во нивните срца, преку неговите песни. Тоше него заборави ниту регионот. Беше една од најголемите ѕвезди, со огромни можности и шанси и за интернационална кариера. Хрватската дискографска куќа „Хит рекордс“ најпрвин ја најави, а вчера, 24 јануари, во очи на неговиот денешен роденден  и се одржа  молитва по повод раѓањето на најголемиот македонски пејач. Со почеток од 10 часот, ден пред неговиот 40-ти роденден, Хрватска, со молитва  се потсети на единствениот и непрежален Тоше. Настанот се случи во капелата Роков Перивој во Загреб, веднаш по светата миса. Од дискографската куќа се сетија и на неговите зборови: „Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ и  рекоа дека овие зборови живеат во сите кои го познавале, но и оние кои никогаш не го запознале младиот музичар. Хрватскиот народ не го заборава нашиот музичар кој таму беше чест гостин, за жал таму и прерано го заврши животот. Но 40-иот роденден на ангелот не го заборави ниту Македонија. Можеби највпечатлив е статусот на социјалните мрежи кој на својот Фејсбук профил по повод датумот на раѓање на македонската музичка икона го напиша Огнен Здравковски, уште еден млад македонски пејач кој го чекори патот по естрадните стази кои Тоше ги трасираше. Не помина ниту едн месец кога Македонија за жал, прерано загуби уште една голема музичка легенда, Зоран Џорлев. Неговиот внук од сестра Огнен Здравковски, на днешениот ден, на 40 -иот роденден на Тоше се потсети на двата свои најголеми идола во животот, на кои им се восхитуваше, ги обожаваше, од нив учеше... На оној од детството и овој од семејството, на Тоше и вујко му Зоки! „Денес требаше да полниш 40 години... Велат на покојните не се честита роденден но сепак, "НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН АНГЕЛУ"! Сега сте на многу поубаво место заедно со мојот најсакан, прославете го заедно таму каде што сте, така како што знаевте и двајцата.. Ве нема само физички тука, двајцата ќе живеете вечно во нас, со вашите оставени дела!!! Ве сакам најмногу и двајцата, поздрави ми го вујче и чувајте не таму од горе!!!“ - напиша Огнен на својот Фејсбук! Две фотографии, море од емоции, болка во срцето што прерано заминаа и физички ги нема, но гордост во душата што имаше можност да ги запознае, да ја почувствува нивната близина и добрина, да е дел од семејството на едниот, вечно да ги носи во своите спомени обајцата... И Тоше и Зоки!   Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин]]>

Огнен Здравкоски првпат се огласи до јавноста по смртта на неговиот вујко Зоран Џорлев: „Тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkoski-prvpat-se-oglasi-do-javnosta-po-smrtta-na-negoviot-vujko-zoran-dzorlev-toj-beshe-najprekrasniot-chovek-shto-go-poznavav-vo-mojot-zivot-video/ Wed, 13 Jan 2021 08:32:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=184815

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина пред речиси две недели поради последици од коронавирусот. Џорлев беше заразен со коронавирус и се лекуваше на инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба била стабилна, но се откачил тромб и ја изгуби битката со короната. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/nenadejno-pochina-poznatiot-makedonski-violinist-zoran-dzorlev/ Македонската јавност беше затечена од оваа вест, а неговите колеги, пријатели, а посебно неговото семејството е неутешно поради големата загуба. Неговиот внук, пејачот Огнен Здравкоски првпат се обрати до јавноста откако почина неговиот вујко. Тој за „Бексјтеџ“ вели дека веста за смртта на Џорлев прва ја дознала неговата вујна, а потоа и целото семејство. „Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно. Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тромб и не успеа да се избори со оваа проклета болест. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде. Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе, вели Огнен за „Бекстејџ“ и додава: „За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми бил вујко. Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ вели Здравкоски. Тој додава дека ќе продолжи да чекори по неговите стапки. „Ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да исчекорам по тој пат и да ја продолжам традицијата која тој ја правеше за нашето семејство. Многу песни, многу проекти останаа недовршени, но ќе ги довршиме некогаш и некаде“, вели Огнен со солзи во очите. Здравкоски на крајот упатува порака до сите да се чуваат, да се сакаат, да се шири позитивна енергија. Инаку, Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година. Зоран Џорлев зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин. Потсетуваме, Огнен Здравкоски и неговата мајка Софче Џорлева исто така беа заразени со коронавирус, но успеајаа да ја победат битката.]]>

Наско, синот на Зоран Џорлев ја објави последната заедничка семејна фотографија: „Славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден…“ https://arhiva.vistina.com.mk/nasko-sinot-na-zoran-dzorlev-ja-objavi-poslednata-zaednichka-semejna-fotografija-slavete-go-negovoto-ime-i-pametete-go-zasekogash-a-plachete-go-vcherashniot-den/ Sat, 02 Jan 2021 12:13:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183669

Наско Џорлев, син на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој вчера на 53-годишна возраст почина од компликации од коронавирусот, денеска преку статус на Фејсбук се прости од својот татко. „Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата. Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат. Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно. За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат. Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено. Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ. Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша! За него, славете го неговото име и паметете го засекогаш, а плачете го вчерашниот ден! Оваа слика е последната наша заедничка, кога ја редевме елката. Му ја испративме заедно со еден Дедо Мраз како поклонче за Нова година. Последниот здив го има испуштено држејќи ја. Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро… Те сакаме, немаш појма колку ќе ни фалиш, засекогаш и повеќе! Твоите Наско, Мартин и Офелија“ - напиша Наско Џорлев.
 ]]>

Ненадејно почина познатиот македонски виолинист Зоран Џорлев https://arhiva.vistina.com.mk/nenadejno-pochina-poznatiot-makedonski-violinist-zoran-dzorlev/ Fri, 01 Jan 2021 18:25:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183625

Македонскиот виолинист, музичар и професор Зоран Џорлев почина на 54 годишна возраст. Тажната вест на социјалната мрежа Фејсбук каде осамнуваат коментари со сочувство ја објави неговиот внук од сестра, младиот пејач Огнен Здравковски. Според неофицијални информации познатиот музичар починал поради компликации од коронавирус. Џорлев беше еден од најпознатите виолинисти, почитуван меѓу колегите од музичката фела. Инаку, Зоран Џорлев зад себе ги остави сопругата Офелија и синовите Наско и Мартин. Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година. Сочувство до семејството.]]>

Личен, бричен, стрижен… „до последно влакно“: Зоран Џорлев непрепознатлив, со тотална трансформација, но и важна порака (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lichen-brichen-strizen-do-posledno-vlakno-zoran-dzorlev-neprepoznatliv-so-totalna-transformacija-no-i-vazna-poraka-foto-video/ Tue, 17 Nov 2020 08:46:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176388

Нему музиката му е во гените, уште откога се родил, па и пред тоа... Син на македонската фолк легенда, покојниот инструменталист и автор на народна музика, неповторливиот Наско Џорлев, тој уште од дете ќе се сретне, запознае и вљуби во музиката, во својот инструмент - виолината. Како еден вид негова професионална „животна сопатничка“, нераскинлив дел од него, неговото знаење, умешност, виртуозност, професија... Денес и самиот врвен инструменталист, професор, познато и признато музичко и уметнничко име... Или, Зоран Џорлев и веднаш се' ви е јасно, се' е кажано! Познат по сето она што години наназад го работи, но и по препознатливииот изглед и имиџ: Очилата за дипотрија, долгата собрана коса, некогаш руса, сега малку подобелена, долгата исто таква брада. Трејд марк, заштитен знак на најпознатиот македонски маестро на виолина. Арно ама, се' до сега... Или поточно,  до пред некој ден, кога маестро Џорлев реши од корен  да го смени својот имиџ... И тоа „до последно влакно“! Имено, Џорлев објави нови фотографии на социјалните мрежи на кои е тотално непрепознатлив. Без очила, кратко потстрижан, избричен... како да е друг човек! Во секој случај, помлад, за многумина поубав и поличен. Впрочем многубројните коментари најдобро ја потврдуваат оваа теза, дека вака Џорлев изгледа баеги подмладен! Меѓу нив и голем број познати и јавни личности, блиски пријатели на „бричениот маестро“, кои не го криеа своето воодушевување: Од сите нив, најгласен неговиот внук, новопечената млада  „Гранд ѕвезда“, Огнен Здравковски, кој му порача: „Крвта не е вода. Момче... најубав и најсакан вујче“! Нешто пред тоа, новиот имиџ маестро Џорлев го искористи за да се приклучи кон една хумана акција, иницијатива или поточно кампања за поддршка на органодарителство на националното здружение за донирање човечки органи „Храбро срце“. Погледнете го видеото и слушнете ја пораката на маестро Зоран Џорлев: https://www.youtube.com/watch?v=xulZX4bBz3s&feature=share&fbclid=IwAR1hLeF2eSwRHpZ5BhRgCQYLfRhzWGoTtQLCUQqzoqfo-TV7T0FUfYRaV7I        ]]>

Зоран Миладинов со моќна изведба и видео за македонската патриотска песна – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-miladinov-so-mokjna-izvedba-i-video-na-makedonskata-patriotska-pesna-koga-padna-na-pirina-video/ Thu, 18 Jun 2020 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154480

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна „Кога падна на Пирина”, овој пат во фантастична изведба од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов. Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди. Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”. Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот. Откако беше промовирано видеото за „Кога падна на Пирина“, Давид за  македонските медиуми открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Голем број Македонци не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните македонски песни со патриотска содржина. “Огромна благодарност до маестро Зоран Џорлев за звукот на виолината да го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица” - напишал Миладинов. Aранжманот на песната е заедничко дело на  Александар Митевски и Зоран Џорлев, а видеото го изработила Ин продукција. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=e1z7DB8IqLo&feature=emb_logo]]>

Промоцијата на новото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на Зоран Џорлев https://arhiva.vistina.com.mk/promocijata-na-novoto-cd-svirete-ja-zajdi-zajdi-na-zoran-dzorlev/ Thu, 20 Dec 2018 09:13:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64272

Денес, четврток,  20 декември 2018 г. во Македонската опера и балет, во салата „Империјал“ во 12 часот се одржа промоцијата на најновото ЦД „Свирете ја Зајди, зајди“ на маестро Зоран Џорлев.
На ЦД-то освен популарниот хит „Зајди, зајди“, чиј композитор е популарниот музичар, пејач и Тв водител Драган Вучиќ, има уште 14 инструментални македонски поп хитови, отсвирени од виолината на маестро Џорлев.
Ова претставува логично продолжение на неговиот претходен ваков албум, на кој исто така се најде избор од македонски евергрини. https://www.youtube.com/watch?v=rLw0kD_WA7o  ]]>

Маестро Џорлев вака се потсети на татко му, човекот кој го научи на најважните нешта во животот, па покажа што е живот… меѓудругото (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-dzorlev-vaka-se-potseti-na-tatko-mu-chovekot-koj-go-nauchi-na-najvaznite-neshta-vo-zivotot-pa-pokaza-shto-e-zivot-megjudrugoto-foto/ Mon, 06 Aug 2018 08:15:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41595

„Татко мој, ти благодарам што ми го покажа патот на чесноста, човечноста, семејната вредност, како се сака и негува Македонската музика, да работам уште од раното детство и да се докажувам со дела... Знам дека ме гледаш некаде од горе и се гордееш како што јас се гордеам со тебе...“ - со овие зборови и ретро фотографија еден од најпознатите македонски музичари, уметници, автор и репродуктивец, виолинистот Зоран Џорлев се потсети на неговиот татко, легендата на македонската  новосоздадена фолк песна, покојниот Наско Џорлев.
Уште од дете со виолината, заедно со татко му како дел од семејниот оркестар, Зоран Џорлев повеќе од успешно ја продлжува традицијата на семејството, негувајќи ја подеднакво како класиката, така и  македонската музика воопшто... Од забавната до изворниот фолклор, никогаш не заборавајќи го оној кој е најзаслужен за она што Зоран е денес. А дека „крвта не е вода и крушата под круша паѓа“, најдобар доказ се наследниците на едно од најпознатите македонски музички семејства: На Зоран и оној на сестра му Софче.
На една од последните постирани „морски“ фотографии до душа, музиката падна во „сенка на скарата“ на младите братучеди, освен, ако не се пеело додека се вртеле плескавиците, вешалиците, кременадлите или нешто морско... Што ли веќе било на менито на Џорлеви! Оти, покрај песната: „Е ова е живот“... меѓудругото!