зоо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Nov 2023 10:25:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката на Бали „на пракса за работа“ во зоолошка градина: Лила на капење со слонот, на месен оброк со тигарот и сладолед со орангутанот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-bali-na-praksa-za-rabota-vo-zooloshka-gradina-lila-na-kapene-so-slonot-na-mesen-obrok-so-tigarot-i-sladoled-so-orangutanot-video/ Wed, 22 Nov 2023 09:47:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328019

Лила Филиповска одново ги спакува куферите и замина на едно од најубавите места на светот. На нова егзотична дестинација која според многумина наликува на рај на земјата. Водителката најпрво го посети Сингапур каде остана воодушевена од убавините на овој град-држава, а потоа се упати на островот Бали.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Лила позната по тоа што умее да се опушти да  ужива  за сите пари,  на егзотичниот индонезиски остров и овој пат максимално подготвена тоа да го оствари во друштво на своите пријателки со кои замина на ова свое најново патување. Патем и овој пат покажа дека прошетките по најнеобичните и најубави места на светот на Лила воопшто не и се страни, напротив - ги има „во малиот прст“. Ама затоа во обете раце има нешто друго... Вештината и умеењето со животните Лила оддамна ја има совладано и покажано уште дома... Од сеансите со нејзниот мачор Рагнар, преку магаренцето и коњите, па се до лемурите, жирафите или слоновите... во скопската зоолошка градина. Искуството од порано е секако добродојдено, па најдобрата македонска водителка покажа дека е најдобра и во дружбата со животните од дивата фауна. Така, кога Лила го капе слонот, нема слон кој не се чувствува како да е во козметички салон. И тоа на комплетен третман... Од мачкање со кал  како еден вид пилиг, преку триење на грбот со четка небаре е на (д)епилација, до студен туш заради освежување и  подобра хигиена. А слонот е комплетно среден и истретиран презадоволен од услугата, реши до крај да ја искористи зделката, па се додека не го нахрани, не ја пушти да си замине водителката. Лила пак, откако се покажа како грижлива дадилка, речиси само што не доби понуда за работа во зоолошката градина. Зашто откако се капеше со слонот, потоа замина и на месен оброк со тигарот. До душа дивото албино маче не го хранеше со раче, ама сеедно, Лила беше толку умешна и фина што тигрицата Мартина  задоволно си го лапна своето мевце. Со преслатките срнички нешатата се многу поразлични, па во пакет со хранењето оди и галењето. Е, кога сме кај мајмуните, таму веќе сосема поинаку стојат работите. Од овошје, зеленчук и лиснати растенија најчесто се состои  нивниот дневен оброк, што не значи дека кога ќе добијат понуда што не се одбива, нема да ја грабната со обете раце. До душа, можеби не е во ред на нивното мени да се најде сладолед, ама кој да му одолее, особено ако ти го нуди ваква атрактивна дама. Тогаш нема што да чекаш, послужи се самиот како што тоа тргна да го стори младиот орангутан... Може не е препорачливо со сладолед да се сладат мајмуни, ама овој тргна да го грабне со обете раце, можеби затоа што сладоледот беше македонски... со ф'стаци? Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska]]>

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЗОО- Скопје, Тина Мицковска за негова заменичка https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-stamenov-nov-v-d-direktor-na-zoo-skopje-tina-mickovska-za-negova-zamenichka/ Tue, 14 Dec 2021 13:46:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231190

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов в.д. директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција. Стаменов од 2011 година е вработен во Зоолошката градина во Скопје на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Стаменов е дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент. Покрај Стаменов, Тина Мицковска досега задолжена за односи со јавност на Зоолошката градина во Скопје, од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. -Главни проекти на кои ќе се насочи новото раководство на Зоолошката градина во Скопје се ревитализирање на сите надворешни живеалишта, изведба на центар за хипорехабилитација на местото на градскиот пајтон, ставање во функција на мултинаменскиот центар со цел едукација на деца од предшколска и школска возраст како и изградба на детски парк. Зоолошката градина во Скопје во соработка со Град Скопје ќе работи и на поставување на обновливи извори на енергија на сите објекти во зоолошката градина, информираат од Град Скопје.]]>

Лила тргна да се слика во тигрести бикини во ЗОО кај тигарот, а заврши со лопата и количка кај слонот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-trgna-da-se-slika-vo-tigresti-bikini-vo-zoo-kaj-tigarot-a-zavrshi-so-lopata-i-kolichka-kaj-slonot-video/ Sat, 17 Aug 2019 09:01:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102667

Најпозната македонска ТВ водилека ама и инфлуенсерка  Лила Филиповска, покажа дека не е здадена само по гламурот и луксузот, туку покрај веќе докажаните професионални квалитети, нејзините гради не се само познати по вметнатите силикони, туку во нив  чука и големо срце.
Така, таа ја посети скопската ЗОО градина, но не како обичен посетител, туку како како општесвено корисен и хуман работник. Лила покажа дека било која работа не и страна ниту пак срамна, па се зафати со хранење и чистење на сметот и изметот на животните во скопската зоолошка.
Гребла смет и колички со измет и ѓубре Лила изнесе од кафезите на слоновите и жирафите.
Потоа ги хранеше и лемурите упатувајќи јавен повик до сите граѓани, со апел наместо да им носат несоодветна храна на животните која може да го загрози нивното здравје и живот, да се зафатат и да помогнат со акции за чистење на нивните кафези.
А, се' започна откако ПР -службата на скопската зоолошка објави дека се револтирани од новопечените блогерки и инфлуенсерки на „Инстаграм“, кои често имаат невозможни барања – од тоа да се сликаат во тигрести купаќи покрај кафесот на тигарот, преку тоа да го јаваат еден од слоновите, па се до тоа  да се гушкаат со жирафите! Желби за капење со нилските коњи или играње жмурки со мајмуните се' уште не посакале, ама нема ни тоа да не зачуди, ако еден ден го објават.
Нејсе, Лила откако ја прочита обзнаната на скопската ЗОО, па се најде прозвана и не можеше да додржи да не одговори, особено за втората потточка со тигарот и тигрестата „купаќа“.
„Утре доаѓам, и баш сакав да легнам покрај тигарот, ама немам тигреста купаќа, види смисли нешто“ – возврати Лила.
И им дојде... Не во тигрести бикини, туку во шорц, патики и долга бела ленена кошула. И не легна до тигарот да се фотографира и покрај тоа што има тигреста „купаќа“, туку се фати за работа да го исчисти изметот од кафезите. Очекувано,  најмногу се задржа кај слоновите... Голем им е габаритот. Многу јадат, па и многу... работа за чистење имаше Лила!
Како и да е, браво за вредната Лила... и таквите како неа!
 
View this post on Instagram
 
Колку само би бил убав светот кога луѓето би имале срце како животните ❤️❤️❤️ Еднодневно дружење со овие прекрасни суштества преточено во едно кратко видео. Енергија која придвижува и исполнува. Луѓето кои работат овде се прекрасни, смирени и секогаш расположени. Но секоја помош на нашата Зоо градина е добредојдена...Затоа дојдете, уживајте и колку можете помогнете. Доброто со добро се враќа ❤️❤️❤️ Благодарам за несебичната помош на @tina_micko ❤️ @vojoivanov ❤️ @monaco___gg ?? Maja, Jasmina....❤️❤️❤️ Video by @rolladobolla Post production @todeball

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

]]>

Скопје ЗОО со чисти езера и нови зелени катчиња https://arhiva.vistina.com.mk/skopje-zoo-so-chisti-ezera-i-novi-zeleni-katchinja/ Mon, 08 Apr 2019 08:57:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81679

Изминатиот период, вработените во Зоолошката градина во Скопје секојдневно работеа на чистење на езерата, како и на уредување на нови зелени катчиња.
По повеќе од 13 години беше исчистено големото езеро, а малите езерца добија пролетно чистење по есенската генералка. Беа засадени и преку 200 нови садници – врби, бадеми, лешници, малини, како и повеќе видови цвеќиња.
Од неделата, посетителите може да уживаат и во новото катче покрај езерото, каде што се наоѓа и Бродот на радоста. Токму тогаш, во Зоолошката имаше рекордни 18.000 посетители, со што е надмината претходната бројка од 12.000 посетители на почетокот на март.
„ЗОО Скопје ќе продолжи со зазеленување и разубавување на просторот за посетителите и животните. Наша цел е да направиме буквално шума во градот и се стремиме да станеме Еко ЗОО парк“, изјави портпаролот на Зоолошка градина – Скопје, Тина Мицковска.

На 31 март детски ЗОО маскенбал во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-31-mart-detski-zoo-maskenbal-vo-skopje/ Mon, 25 Mar 2019 12:31:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79255

Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 Април во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12.00 часот. Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина – Скопје.]]>

Кристина Арнаудова и Елена Велевска „За здрави и среќни животни“: Поп-фолк комбинација на добри родители и ЗОО негователи! https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-arnaudova-i-elena-velevska-so-decata-ja-prodolzija-kampanjata-za-zdravi-i-srekjni-zivotni-pop-folk-kombinacija-na-dobri-roditeli-i-zoo-negovateli/ Wed, 25 Jul 2018 07:58:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39867

Скопската зоолошката градина продолжи со  кампањата „За здрави и среќни животни“. Прва која  ја подржаа кампањата за заштита на животните беаше Тамара со малата Хана, а по неа се придружија Панчо (ДНК) и водителката Миа Костова заедно со нивните синови. Дека се добри пејачки знаеме оддамна, уште подобри родители, поточно мајки - исто така, а сега дознавме и колку многу ги сакаат животните и имаат желба да се грижат за нив. И тие и нивните деца, кои ги воспитуваат во тој дух.
Македонската поп- фолк комбинација на пејачките Кристина Арнаудова Петровски и Елена Велевска беа новата родителска двојка, која со своите дечиња пристигна во ЗОО-Скопје да ја поддржат кампањата. А дечиња како дечиња, си играа како мали мечиња и се радуваа на дружењето со нивните нови пријателчиња од светот на животните, со кои до сега никогаш немале можност да отстварат  толку близок контакт!
Арнаудова со своите синови Максим и Матео ги хранеше жирафите, се забавуваа со папагалите, ги галеа кенгурите, си играа со лемурите... за детска радост без крај.
Велевска пак со својата ќерка сродни души најде кај жирафите, па најмногу време им посветија ним.
„Со задоволство се вклучив во кампањата "За здрави и среќни животни".Ви благодарам Скопје и ова место го препорачувам да го посети секој“ - напиша таа во пораката на својот Фејсбук профил.
Пејачките и нивните деца ги хранеа, галеа и си играа со животните, но заедно со дел од вработените во скопската ЗОО и ги едуцираа посетителите, а посебно најмалите дека сите нивни животни јадат здрава храна и дека кон нив треба да се однесуваме со многу љубов. При тоа го повторија и потенцираа основното мото на кампањата: „Стоп за фрлањето нездрава храна, но и отпадоци во живеалиштата“!   Само не дознавме  дали обете пејачки им запејаа по некоја своја песна на животните? Зашто како што велат, музиката го отвора апетитот и го стимулира доброто расположение.]]>

Зоолошка доби нов „персонал“: Тамара и нејзината Хана станаа првите познати ЗОО негуватели (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zooloshka-dobi-nov-personal-tamara-i-nejzinata-hana-stanaa-prvite-poznati-zoo-neguvateli-foto/ Sat, 21 Jul 2018 06:54:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39275

„За здрави и среќни животни“ е именувана новата кампања за подигнување на свеста кај посетителите, чија цел е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина во Скопје.
„Почнавме со кампањата за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат нивниот живот. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини“ - соопштуваат од Зоолошката градина.
Први кои се приклучија кон кампањата како ЗОО негуватели беа пејачката Тамара и нејзината ќеркичка Хана.
Најпривлечни и најмили како и секогаш на малата Хана и беа питомите лемури.
Таа не можеше да ја скрие радоста од блиската средба со нив, додека Тамара ги хранеше со банани и друго овошје.
На Тамара ќе и се приклучат и многу други јавни личности – спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО негуватели и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните.]]>