зоо скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 May 2020 09:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоо скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зоо Скопје од утре повторно отворена за посетители https://arhiva.vistina.com.mk/zoo-skopje-od-utre-povtorno-otvorena-za-posetiteli/ Mon, 25 May 2020 09:54:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151221

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре, 26 мај 2020 год. од 9:00 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките. Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината. Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.
]]>

Викендов сите сте поканети на роденден во ЗОО – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-site-na-rodenden-vo-zoo-skopje/ Thu, 29 Aug 2019 12:07:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104300

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје” го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци. Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката. Со почеток од 17:00, ќе се забавувате со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите. За најсреќните посетители следуваат супер подароци – Електричен мотор , фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.
До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Сѐ што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот. Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.]]>