зоо негуватели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Jul 2018 09:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоо негуватели – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо и Миа со децата во ЗОО: ДЈ Шорти покажа дека не мора да си Шекил О’Нил за на својот профил да закачиш селфи со жирафата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-mia-so-decata-vo-zoo-dj-shorti-pokaza-deka-ne-mora-da-si-shekil-o-nil-za-na-svojot-profil-da-zakachish-selfi-so-zirafata-foto/ Tue, 24 Jul 2018 09:07:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39618

Скопската зоолошка градина ја продолжува кампањата „За здрави и среќни животни“. По Тамара Тодевска и нејзината ќеркичка Хана,  градината доби нови познати фаци  за ЗОО негователи. Имено, деновиве водителката Миа Костова со своето синче Андрија и Панчо - ДНК, исто така познат како ДЈ Шорти со синот Андреја ја посетија зоолошка и се најдоа во таа улога.
Како и секогаш, најпривлечни и најинтересни се оние животни кои имаат питомо однесување. Лемурите, папагалите, кенгурите, жирафите... со својата дружељубивост и пријателско однесување им станаа „први другари“ како на двата јавни лика, така и на нивните два наследника - Андреја и Андрија.
Со лемурите не  е проблем да се фотографираш, ионака сами ти доаѓаат...
...И малото албино кенгурче  исто така, можеш да го галиш и храниш од рака...
...А папагалот - белиот какаду пак,  обожава амо да се шета застанат на нечие рамо.
И жирафите не се проблем,, освен ако не сакаш да направиш селфи со некоја од нив. А Панчо посака и оп... ете ти проблем. Како да направи селфи, кога ДЈ Шорти не и е ниту до колена?
Арно ама, Панчо е итар, па откако ги виде децата, му текна дека и тој има... „рамо, рамо - друже мој“, па се досети како да го искористи. И сврте грб на жирафата, стави мало гранче со свежо лисје на своето рамо и... Ем жирафата сита, ем Панчо  има селфи слика! Покажа дека не мора да си Шекил О ' Нил за на својот профил да закачиш селфи со жирафата!
Така сите здрави и среќни, во тие  неколку часа минаа незаборавни моменти со нивните нови другари од скопската ЗОО. На радоста и среќата на децата и немаше крај, а Миа и Панчо покажаа дека покрај сето друго, умеат да бидат и добри родители и добри ЗОО негователи на нивните нови пријатели.]]>