жолто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 17 Mar 2022 12:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жолто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Исполнете го вашиот дом со оваа боја: Носи позитивна енергија и свежина, а еве како да ја вметнете во ентериерот https://arhiva.vistina.com.mk/ispolnete-go-vashiot-dom-so-ovaa-boja-nosi-pozitivna-energija-i-svezina-a-eve-kako-da-ja-vmetnete-vo-enterierot/ Thu, 17 Mar 2022 14:00:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243466

Зимата полека останува зад нас, а по раните кокичиња, нè радуваат и прекрасните мимози, чии кадифени топчиња мирисаат на Медитеранот и доаѓањето на топлите пролетни денови. Ако сакате да го дочекате ова годишно време и во уредувањето на својот дом, нема да погрешите ако го исполните токму со бојата на овој цвет. Доколку сте љубител на жолтата боја, бојата на сонцето и енергијата, преуредете ја својата дневна соба така што таа ќе биде доминантна во однос на останатиот мебел. Одберете плочки за во кујната или бањата во богато жолта нијанса, како и софа или парчиња мебел како трпезариски столчиња, фотелји... На оние на кои оваа боја не им е најомилена, но не можат да се откажат од нејзината свежина и позитива, можат да обојат само еден ѕид во домот во некоја од нејзините нијанси или да стават тапети во понежни нијанси на жолта. Љубителите на детали најлесно ќе го освежат просторот со постелнина, перници, рамки за фотографии или ќебиња. А она без кое не би требало да остане ниту еден дом, барем на еден ден е - букет свежи мимози. Целата просторија ќе мириса на овој цвет, а тој мирис е редок и незаборавен. извор;точка.ком.мк]]>

Анастасија Ражнатовиќ со секси облини во жолто бикини и таинстевна порака: Кого ли сега „чачка“ младата пејачка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-raznatovikj-so-seksi-oblini-vo-zolto-bikini-i-tainstevna-poraka-kogo-li-sega-chachka-mladata-pejachka-foto/ Thu, 13 Aug 2020 12:13:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163187

Анастасија Ражнатовиќ со пријателите и момчето замина на одмор во Црна Гора, па оттаму таа редовно ги известува за нејзиниот живот своите следбеници преку социјалните мрежи. Ќерката на Цеца повремено објавува провокативни фотографии, а една од нив предизвика вистинско „цунами“ од коментари на Инстаграм. Жолтата боја е во мод ова лето, но очигледно и омилена на Анастасија. Таа во неколку наврати позираше во различни костими, но во жолтото дводелно бикини до полн израз дојдоа нејзините рамната снага и ангелскиот лик, со кои за миг ги заинтригира обожавателите. Но, многумина од нив исто така ги „заскокотка“ и  таинствената порака, која им предизвика љубопитство и недоумица: Кому ли му е упатена, кого ли сега „чачка“ младата пејачка? „Слобода, бејби... е кога не мора никому да му се правдаш, дека ти е жал“ - напишала Анастасија, а со неа веднаш многумина се согласија.  ]]>

Миро Кацаров не е баш „муто у жуто“: Дење политичар, навечер ТВ водител, а утре… можеби министер? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-kacarov-ne-e-bash-muto-u-zuto-denje-politichar-navecher-tv-voditel-a-utre-mozebi-minister-foto/ Thu, 13 Dec 2018 08:48:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62801

Далеку најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ се врати во телевизискиот етер, а со него и оние кои се лицето на емисијата - неговите водители. И додека Миа Костова е далеку поекспонирана во јавноста, особено на социјалните мрежи и порталите заради своите трансформации, потезите што ги влече во животот, провокативните фотосесии, интересните фотографии и постови на нејзините профили..., посилната половина од водителската двојка некако како да е во нејзина сенка. Но, само навидум!
Миро Кацаров, наречен „Миро Де Ниро“, беше некогашен новинар-репортер на „магазинот од зад сцената“, а сега штипјанецот со скопски престој е дел од водителскиот тандем на неговото возобновено издание. Во меѓувреме, додека, „Бекстејџ“ мируваше, Миро не мируваше! Кацаров микрофонот го стави на „стенд бај“, па своите физички предиспозиции ги искористи да се промовира себе си како машки топ модел! Патот ќе го одведе дури до Дубаи, каде некое време ќе престојува и работи, за потоа да се врати назад, во родниот Штип.
А таму модата решава да ја замени со политиката, а модната писта со политичката говорница.
Имено Миро Кацаров како член на „Либерал-демократската партија на Македонија“, станува и еден од нејзините потпретседатели. На штипскиот општински огранок до душа, ама функција си е функција. Особено политичката кај нас - пари вреди... Како што се покажа сиве овие години од осамостојувањето!
Но, со идејата за возобновување на „Бекстејџ“ и негово враќање во македонскиот ТВ етер, Миро „Де Ниро“ Кацаров, не му одолеа на предизвикот - повторно да биде ТВ водител... Ама не се откажа и од политката... Што си е сигурно - си е сигурно!
Па така, денес Миро е како Бетмен. Дење едно - ноќе друго! Кацаров е две, а можеби наскоро и три во едно: дење локален политичар, ноќе национален ТВ водител, а наскоро... Наскоро можеби и владин министер!?
А тоа што жолтата му е омилена боја...? Нееее... не е само заради партиските бои.
„Сваки муто носи жуто, овој пат јас“ - напишал на една од фотографиите во жолто, водителот. Ама како тргнал да гради кариера, Миро „Де Ниро“ Кацаров, по се ' изгледа, воопшто не е „муто у жуто“!
 ]]>

Лето обоено во жолто: Модни комбинации со најголемиот тренд за топлите денови https://arhiva.vistina.com.mk/leto-oboeno-vo-zolto-modni-kombinacii-so-najgolemiot-trend-za-toplite-denovi/ Thu, 26 Jul 2018 12:10:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=40148

Жолтата боја владее летово. Сончевите нијанси станаа неодоливи, а нивното инкорпорирање во летните стајлинзи се претвори во задолжителна игра за модерните дами. Дајте ѝ шанса на жолтата боја да ги разведри вашите стилски стории. Инспирирајте се од комбинации во чиј фокус е жолто модно парче.