зоки поки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоки поки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Шведска и Норвешка, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува и на националните телевизии во Данска и Финска https://arhiva.vistina.com.mk/po-shvedska-i-norveshka-tv-serijata-zoki-poki-kje-se-emituva-i-na-nacionalnite-televizii-vo-danska-i-finska/ Thu, 25 Mar 2021 13:53:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196054

Телевизиската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на националните телевизии „ДР“ во Данска и „ЈЛЕ“ во Финска, соопшти продуцентката куќа „Кино Око“. Претходно, од „Кино Око“ соопштија дека постигнале договор и серијата ќе биде прикажана на националните телевизии „СВТ“ во Шведска и „НРК“ во Норвешка. „Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји“ - велат од „Кино Око“. Од дистрибутерот „Видеоплагер“ од Лондон силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. „Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“ - вели Емануеле Галони, извршен директор на „Видеоплагер“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност, зашто државата се' уште не пројавува интерес за финансирање..]]>

Детската ТВ-серија „Зоки Поки“ работена според најпознатата книга на Оливера Николова тргна на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/tv-serijata-zoki-poki-rabotena-spored-najpoznatata-kniga-na-olivera-nikolova-trgna-na-mrt/ Tue, 05 May 2020 12:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148060

Телевизиската серијата „Зоки Поки“ започна со емитување од понеделник, 4 мај, на Македонската радио-телевизија (МРТ). Серијата е работена според најпознатата лектира и книга на македонската писателка Оливера Николова. Вкупно ќе се емитуваат десет епизоди од ТВ-серијата, секој понеделник и четврток во 20: 15 часот, а по емитувањето на МРТ, наредниот ден епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата зокипоки.мк и на официјалниот Јутјуб канал. Главните ликови ги оживуваат: Матеј Настевски ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков го глуми Гоки. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на „Кино око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен продуцент е Роберт Насков. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Серијата се снимаше лани во август и септември на повеќе локации во Скопје. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф е Иван Бартлинг, костимите се на Жаклина Крстевска, композитор на музиката е Александар Пејовски, а на песните Александар Митевски. Монтажата е на Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Драган Алексов и Софија Самоиловска.]]>

На 4. мај на МРТ: Стартува детската ТВ серија „Зоки – Поки“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-4-maj-na-mrt-startuva-detskata-tv-serija-zoki-poki/ Mon, 13 Apr 2020 12:57:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144738

ТВ серијата „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“. Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=AH90LQdUfus&feature=emb_logo Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска. Музиката ја компонираше Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица Игор Василев-Новоградска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Екипата на серијата се одлучила за екранизација токму на „Зоки Поки“ поради неговата релевантност за многу различни генерации и со цел збогатување на домашната ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, екипата создаде ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време, но и на родителите со кои се надеваме заеднички ќе поминат квалитетно време со своите деца пред ТВ екраните.
Денешниот Зоки Поки е соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките од книгата проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со надеж дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат, вели Насков.
]]>

„Друг човек“: Сашко Коцев не престанува да ги изненадува фаниовите со трансформациите! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/drug-chovek-sashko-kocev-ne-prestanuva-da-gi-iznenaduva-faniovite-so-transformaciite-foto/ Thu, 05 Sep 2019 07:38:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105183

Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален палн, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови. Периодов Сашко е доста зафатен со снимање на нови проекти, неодамна откри дека работи на филмот „М“ на Вардан Тозија каде ја изгра улогата на Марко.
Актерството постојано го носи од една во друга трансформација, а сега повторно изненади со промената на изгледот за детската серија „Зоки поки“ која започна да се снима од неодамна.
Кога Коцев објави фотографија на која има зачешлана коса, очила за вид и долга брада, обожавателите реагираа со неколку илјадници допаѓања, но и коментари дека изгледа како друг човек.
Исто така му порачаа нему и на екипата да се потрудат да се направи телевизиски проект кој ќе се памети и ќе го сакаат и гледаат многу деца.]]>

Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки” https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-snimanjeto-na-televiziskata-serija-zoki-poki/ Tue, 06 Aug 2019 13:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100760

Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов" во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки", модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова. „После повеќемесечни подготовки конечно дојдовме до највозбудливиот дел – снимањето. Целата екипа е многу среќна што работи на оваа серија. Прекрасно е да се работи со деца. Верувам дека ќе направиме серија која ќе ја сакаат децата, но и родителите", вели Роберт Насков, продуцентот на серијата. „Верувам дека спојот на она што мојата генерација го наследи од генерацијата на нашите родители ќе успееме да го пренесеме на нашите деца. Зоки Поки носи покрај забавен карактер и една длабоко хумана порака. Преточена во модерен јазик мислам дека една серија со приказни од животот на ова момче може да фрли едно топло светло врз телевизиската програма," изјавува режисерот на серијалот, Александар Поповски.
ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на Кино Око, каде како главен продуцент се јавува Роберт Насков. Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. „Зоки Поки" е прв заеднички проект на Поповски и Насков по филмот „Балканот не е мртов" во 2013 година. Последен ТВ проект на Насков и „Кино Око" е ТВ-серијата „На терапија", која е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца.
Кастингот за новите детски ѕвезди се одржа во мај и беше исклучително популарен – се пријавија повеќе од 200 кандидати за улогата на Зоки Поки и неговата дружина. Од продукцијата велат дека имале тежок предизвик пред себе, но на крај се задоволни од направениот избор, а јавноста дополнително ќе ја информираат за актерите кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и сите останати ликови. „Денешниот Зоки Поки ќе биде соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со верба дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат", велат од Кино Око.
Снимањето на 10-те епизоди на „Зоки Поки" ќе трае до 13 септември на повеќе локации во Скопје. Доколку ја забележите екипата во вашето маало или пак ја имате на полица книгата, ве охрабруваме да споделите фотографии со хаштагот #ЗокиПоки.]]>