зоки-фаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 27 Oct 2023 07:30:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зоки-фаци – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што и да е, дај Боже да помине: Зоки – Фаци по втор пат опериран од канцер, пријателите му испратија поддршка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-i-da-e-daj-bozhe-da-pomine-zoki-fatsi-po-vtor-pat-operiran-od-kantser-prijatelite-mu-ispratija-poddrshka-foto/ Fri, 27 Oct 2023 07:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324126

Македонски естраден новинар и познат ТВ водител, кој последниве годинни работи и како локал менџер Зоран Василевски, попознат под прекарот Зоки – „Фаци“ повторно заврши в болница. Поточно на клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија каде одново му беше извршена операција за отсранување на рецидивот од опаката болест - канцерот која пред две години за прв пат му се појави. Тогаш многумина помислија дека Фаци решил да направи на себе некаква естетска корекција, па дури некои и нагаѓаа дека решил да ги зголеми усните, други велеа дека се работи за корекција на носот, трети глава даваа дека е во прашање „сосема трет орган“, испадна дека никој од љубопитните душегрижници, за жал не бил во право. Зоки завчера, (25 октомври 2023) бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија. По оперативниот зафат  вели дека се чувствува добро, и раскажува детали за неговата борба со канцерот. „Дечки мои, преживеав уште една голема битка, благодарам од срца на целиот тим на др. Џонов и неговиот асистент Благоја Србов, како и сите вработени во пластична хирургија, чувајте се, канцерот не е зезање, се надевам дека го победив уште еднаш...“ - напиша Зоки покрај споделените болнички фотографии на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на лекарите, но и на сите кои му испратија убави зборови на поддршка, а ги имаше стотици. А, поддршката стигна од најблиските, другарите, пријателите, соработниците... Две мисици му испратија букети цвеќе во болница. Емилија Розман и Слаѓана Цветковска. „Ти праќам многу позитивна енергија и ти посакувам брзо опоравување“ - напишала Розман на картичката прикачена за цветниот букет. „Почитуван Зоки, ти посакувам брзо оздравување“ - напишала на својата картичка со букетот некогашната манекенка Слаѓана Цветковска која сега е мажена и живее во Катар. Зоки - Фаци како медиумски лик има не само пријатели, туку и обожавател(к)и, па неколку од нив му испратија пораки за брзо оздравување со сокче и чоколадни бомбони и како што една од нив и напишала: „Како што вели песната на Владо Јаневски - 'Што и да е, ќе помине'...“! Секако тука се и соработницците, особено оној кој во последно време е нераздвоен со фаци во нивниот ммногу гледан и популарен подкаст „Без лимит“, Јутјуберот и водител, Стефан Лазаров, која на својот компањон му посака  многу здравје: Патем, Лазаров имаше доблест да го откаже најнобвото издание на ниовниот заеднички подкаст, кое без Зоки Фаци не сакаше да го реализира, а тоа јавно и го обзнани. „Дечки, подкаст нема да има вечер, Зочко е во болница и правиме пауза...“ - споделил Лазаров! Oваа 2023 година Зоки посакува што побргу да ја заборави, зашто живот му го обележа со најнемилите можни настани. Најпрвин почина неговата мајка, а неполни 40 дена  по неа и неговиот вујко. Не помина долго време потоа  кога Фаци  како капак на се' дознава дека има рецидив, дека канцерот повторно му се вратил...  И ние како и тој самиот, се надеваме дека овој пат ќе ја добие битката со опаката болест засекогаш, дека на неговите неволји ќе има крај... Како годинава, така и воопшто во неговиот живот. Фото: Инстаграм и Фејсбук/zokifaci/_lazarovv    ]]>

Зоки – Фаци влезе во најпознатиот скопски секс шоп да пазари, па ги помеша „играчките“: Она што најмногу „го запали“, всушност е за… гаснење! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-fatsi-vleze-vo-najpoznatiot-skopski-seks-shop-da-pazari-pa-gi-pomesha-igrachkite-ona-shto-najmnogu-go-zapali-vsushnost-e-za-gasnene-video/ Sat, 11 Mar 2023 08:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290623

Зоран Василевски во јавноста многу попознат како Зоки - Фаци... Прекар што го доби по насловот на некогаш неговата популарна ТВ емисија. Контроверзен по многу нешта, пред се' по тоа што она што го има на ум, многу не му ја мисли јавно да го каже кога дава изјави или да „му го плесне“ в лице на соговорникот, кога води интервјуа и разговори. Неговата сексуална определба со која со години наназад вешто кокетира исто така постојано е дискутабилна, а одвреме-навреме доаѓа во фокусот на јавноста откако ќе излезе некој муабет во чаршијата или новинарските кулоари за него, ќе осамне некоја фотографија или клипче на мобилните телефони... За него може да зборуваaт се' и сешто, но факт е едно нешто: Зоран Василевски - Фаци како естраден новинар е еден од оние кои најмногу ги познаваат работите, одлично си ја владеа професијата и секогаш кога ќе се впуштат во работа, таа е перфектно завршена. Еден од оние кој прв го ползуваше стилот и силата на таблоидното новинарство и жолтиот печат во Македонија, а со самото тоа многумина од тотални анонимуси ги претворил во  профлирани естрадни ѕвезди. До душа поединци од неговите искрени написи и прилози  ги „болело глава“, имале проблеми и недоразбирања дома,  врската, бракот или кариерата им виселе на конец заради објавеното или обзнаненото... Но, тоа е веќе друга тема за полемика. Нешто заради кое многупата Зоки Фаци вербално бил напаѓан, добивал непристојни предлози, чудни понуди, бизарни закани, а во неколку наврати и физички се обиделе да се пресметаат со него. Како и да е, Фаци е се', само обичен не. По последното Интернет подкаст шоу со „несреќниот“ Лазаров, Фаци се сетил дека нешто му недостасува, па решен да се поднови тргна во шопинг? Или чисто онака, само во прошетка, како што на пример жените шетаат по излози, така и тој навратил кај старите пријатели од најпознатиот скопски секс шоп, лоциран во центарот на македонската престолнина. Кај старите пријатели Фаци дочекан како добредојден гостин и муштерија, па откако пријателски се поздравија со газдата, Зоки тргна да разгледа што има ново на полиците. Случајно или не застана покрај онаа  чија палета производи најчесто ја купуваат дамите, арно ама... Палетата новитети како и секогаш  разновидна и раскошна, а патем истата збогатена и со нови американски модели од различни парчиња и величини... Арно ама, пребирливиот Фаци откако внимателно ја разгледа понудата око му фати еден „чуден“ позамашен црвен модел со некакво дополнително црево на себе!? „Ееее... Овој го сакам“ - му посочи со показалецот Фаци на газда Горан, кој онака зачуден, му падна малку незгодно, ама виде - не виде, мораше  муштеријата да го соочи со вистината: „Абе Зоки, тоа е противпожарен апарат... За гаснење пожар“ - го разочара газдата Фаци, кој очигледно ги ги помешал „играчките“, зашто на што најмногу „го запали“, всушност е за... гаснење! Се разбира, сето ова само како смешка, како пародија на еден стар виц, кој во стилот на некогашниот хумор од  „К15“, Зоки-Фаци и газда Горан го визуелизирле во скеч. Чисто онака за да ја насмеат публиката, односно Инстаграм следбениците... Патем и за да ги изрекламираат производите, на необичен инфлуенсерки начин. Е сега, тоа што некои велат дека во секоја шега има половина вистина...?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Фото: Инстаграм принтскрин/zokifaci
 ]]>