зојкиниот стан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Nov 2018 13:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зојкиниот стан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Београдско драмско позориште со претставата „Зојкиниот стан“ во МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/beogradsko-dramsko-pozorishte-so-pretstavata-zojkiniot-stan-vo-mnt/ Thu, 22 Nov 2018 09:31:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59341

На 4 декември во 20 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Зојкиниот стан“ од Михаил Булгаков, а во режија на нашата Наташа Поплавска. Премиерата на оваа претстава беше во октомври минатата година, а во тимот, освен Поплавска има уште неколку македонски уметници. Музиката во „Зојкиниот стан“ е на Огнен Анастасовски, костимограф е Роза Трајчевска, дизајнер на светло е Милчо Александров, а Емил Петро е одговорен за дизајнот, сцената и фотографиите. Кореогарф на претставата е Маја Митиќ, со која Поплавска неколкупати соработувала во нејзините претстави. „Претставата е возбудлив спој на класичарот на драмската книжевност на 20 век со кореографски и пејачки партитури и визуелни атраккции. Приказната за матното пост-револлуционерно време на профитери и корупција е искличително актуелна и денес, а Поплавска, заедно со својот тим од искличителни соработници – Митиќ, Атанасовски и Петро ја обработува на современ, но неочекуван начин“ велат од  Беогадско драмско позориште. Во претставата играат:  Ана Софреновиќ, Андрија Кузмановиќ, Милан Чучиловиќ, Јадранка Селец, Милица Петровиќ, Саво Радовиќ, Милорад Дамјановиќ, Сандра Бугарски, Милица Милша, Анѓела Поповиќ, Милош Лазаров, Нада Мацанковиќ, Јелена Ракочевиќ, Кристина Јовановиќ, Саша Ѓурашевиќ, Арсеније Тубиќ/Ѓорѓе Креќа, Александар Стоименовски и Љубомир Ќустиќ. Претставата трае еден час и 40 минути, а билетите се пуштени во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.]]>