знамиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Sep 2022 09:27:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png знамиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Државните обележја на власта и се „слаба страна“ или… така им чини: Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња – нигде! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/drzavnite-obelezja-na-vlasta-i-se-slaba-strana-ili-taka-im-chini-sneze-velkov-za-8-mi-septemvri-trgna-da-bara-znaminja-po-skopje-a-znaminja-nigde-foto/ Fri, 09 Sep 2022 09:09:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266094

Ден, 8-ми Септември... Празник... Македонија ја слави својата независност, сувереност, своето осамостајување. А за празник како што е редот треба да е свечено. Во некои убави времиња особено престолнината била накитена со знамиња кога се славеле и одбележувале ваквите големи денови,  важните датуми... Како поле од жолто-црвени цвеќиња изгледало Скопје наредено со знамиња, како симбол на државноста кои го краселе градот убав , македонската метропола  за празник. Арно ама, било некогаш... Имено, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков има спортска навика секое утро да повози велосипед по зададена рута низ престолнината. Катаден, без преседан, без оглед дали вренело или веело, студело или сонце печело, дали е делник или празник... Така и за Денот на независноста русокосата водителка го јавна својот најверен пријател на две тркала и тргна на вообичаената утринска, градска, велосипедска тура, овој пат по скопските улици и булевари. Капчето на глава, слушалките на уши, очилата за сонце на очи и Снеже Велков тоа утро тргна со идеја возејќи се со велосипедот да снима со мобилниот додека знамињата се вејат низ скопските улици во знак на 8-ми Септември. „Партизанска“, „Илинденска“, среде Центар покрај кејот на Вардар, знаме никаде... „Ниту трага, ниту глас“  од задолжителните државни обележја со кои треба да биде украсено Скопје, особено за еден ваков важен датум, за еден од најголемите празници... „Третиот Илинден“ како што го нарекуваат. Вози, врти кругчиња, гледај, барај... државните обележја за празникот, никаде ги нема! Конечно последолго талкање по Скопје, водителката успеа да си ја наполни душата откако забележа едвај едно закачено македонско знаме како се вее на еден од градските канделабри. Едно-едно, а ниедно...? Иако требаше да бидат сто и едно, илјада и едно... Ама очигледно, државните обележја на власта и се „слаба страна“? Или... така им чини!? Во протоколот на Владата на неколку пати ги измешаа знамињата на различни земји при важни посети на високи гости, странски претставници, дипломати и делегации, истакнувајќи знаме на една, наместо на соодветната држава од каде е дојдена посетата. Знамињата дури и наопаку (не)знаеја да ги закачат... За „случајно“ пропуштените стиховите во македонската химна при изведбата на Тамара во американската амбасада или на хорот за Илинден во Крушево и да не зборуваме! Како и да е, Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња - нигде! Освен едно... Под кое и таа и ние си ја наполнивме душата, колку за да кажеме: „Честит Ти празник Земјо моја... Во срцево си ја носам црвено-жолтата боја“! А власта? Нејзе државните обележја и се „слаба страна“... или така им чини? „Петица Ахилова“...? Не, туку власта е „комплетно килава“! Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze]]>

Тамара ја „измеша“ химната, Девана Нардели знамињата: Македонската пејачка со грчко на градите, македонско на гаќичките! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-izmesha-himnata-devana-nardeli-znaminjata-makedonskata-pejachka-so-grchko-na-gradite-makedonsko-na-gakjichkite-foto/ Mon, 08 Jul 2019 07:17:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96571

Близината на Егејското море,  инфраструктурата, поволната клима и пристапните цени... се само некои од причините  што многумина Македонци летуваат кај јужниот сосед. Меѓу нив, секако и голем број од јавните и познатите личности, меѓу кои и оние од естрадата. Македонската пејачка Девана Нардели е една од оние, кои деновиве уживаат на Халкидики. Русокосата решила да не биде на едно место, па деновите ги минува на неколку различни локации. Познатиот и ексклузивен гранд ресорт Порто Карас, познат по комарот и место каде македонските олигарси ги чуваат своите јахти, е едно од местата каде Девана уживаше... или само се сликаше, сеедно. А, на фотогрфаијата, пејачката како модерна Индијанка.
Впрочем облечена во  бела туника со висечки обетки и диоптер очила, изгледа прилично заводливо и сексапилно... Особено што под туниката се проѕира и белата долна облека на пејачката, која ја бранува фантазијата... Што за летни прилики и не е нешто необично!
Ама затоа, вистинска бура од емоции и коментари предизвика она што го носеше на себе додека одмараше во Сарти. Имено, ако Тамара „случајно и од возбуда“ ги „измеша“ зборовите од химната, Девана исто така (не)намерно ги измеша знамињата. Грчкото и македонското! Променета во „тегет“ маичка на која го пишува името на земјата на грчки и англиски јазик, на пејачката градите и ги покрива грчкото знаме. Она од папокот надолу пак и го покриваат,  се црвените гаќички со апликација на сонцето од македонското знаме.
Само што Девана како и Тамара... Ги „измеша“ работите... Во случајов, географската локација на државите, чии државни симболи се знамињата. Грција географски гледано, никако не може да биде над, туку под  Македонија, па нашето знаме требало да биде на маичката, а грчкото на гаќичките, ако веќе толку сакала да ги има.
Но, како и за секој спор и за овој има решение. И тоа компромисно, се надеваме на задоволство на двете страни.  Едноставно е: Само некој треба да ја преврти пејачката наопаку...
...И се' ќе си дојде на свое место! Барем географски!]]>