змии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Apr 2023 12:15:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png змии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали доколку сонувате змија, тоа е лош знак? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-dokolku-sonuvate-zmija-toa-e-losh-znak/ Tue, 25 Apr 2023 12:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299336

Да се ​​сонува змија обично не е добро… Змијата генерално се перципира негативно во различни култури, но исто така и во психологијата. Во симболиката на соништата, змиите обично немаат добро значење и многумина се прашуваат што значи да се сонува змија. Можеме да најдеме и негативно сфаќање за змијата во Светото Писмо, бидејќи змијата ѝ рече на Ева да му даде на Адам јаболко од дрвото на познавање на доброто и злото. И во грчката митологија се споменува чудовиште наречено Медуза, жена која има змии наместо коса. Значи, овие животни секогаш предизвикуваат негативни чувства, чувства на страв и непријатност. Змиите можат да се сонуваат во различни ситуации и во секоја од нив може да има различно толкување, претежно никаде не се толкува позитивно. Еве што укажува вашиот потсвесен ум кога сонувате змија. Што значи да сонувте змии во куќата? Ако сонувате змии во вашата куќа, според соновникот, тоа значи дека лице од вашето семејство или со кое живеете претставува лошо и токсично опкружување за вас. Од друга страна, тоа може да значи дека некое лице надвор од куќата влијае толку негативно врз вас што ги носите со себе тие негативни чувства и ги пренесувате на членовите на вашето семејство. Исто така, според некои толкувања, сонувањето змии во куќата или на прагот може да значи дека лицето што се претставува како пријател на вашето семејство, всушност, не е. Затоа препорачуваме да бидете претпазливи на кого ќе му ги кажувате своите проблеми надвор од домот. А, ако сонувате змии во туѓа куќа, тоа може да значи дека се чувствувате како натрапник во нова ситуација. Да речеме ако сте се преселиле во нов град или сте нашле нова работа. Симболика на змија во кревет Кревет во соништа обично е симбол на сексуална интимност со некоја личност, така што одговорот на прашањето што значи да сонувате змии во кревет значи дека имате некои проблеми од сексуална природа. Значењето може да биде поврзано со тоа дали сте маж или жена. Змијата ја претставува машката сексуална енергија и ако змијата ја сонува жена, тоа може да значи дека таа се чувствува сексуално загрозена, а мажот сексуално доминантно. Друго значење може да биде дека не се чувствувате блиски со вашиот партнер. Да сонувате отровна змија Отровната змија кај луѓето предизвикува уште поголем страв од кој било друг вид змии, бидејќи тие се крајно смртоносни. Се прашувате „што значи да сонувате отровна змија“, еве го одговорот. Отровна змија значи дека имате исклучително голем страв да изгубите нешто, нешто што е исклучително важно за вас и што многу го сакате. Друго толкување е дека некој се обидува да ве повреди и има лоши намери кон вас. Бидете внимателни со кого сте во контакт, ако сте свесни дека некој ви завидува и дека ви е непријател, прекинете го секој контакт со него, за повеќе да не ја храните неговата злоба. Што значи да сонувате каснување од змија? Сонувањето каснување од змија има неколку толкувања, сето тоа зависи од вашата специфична ситуација. Ова може да биде предупредување за вас. Змијата е симбол за аптеката, а каснувањето од змија може да биде голем здравствен проблем. Ако се сомневате во болест, вашата потсвест ви кажува да се прегледате што е можно поскоро. Од друга страна, каснувањето од змија може да укаже на емоционални рани кои сè уште не се залечени. За да зарасне емоционална рана, треба да се оддалечите од луѓето што ве повредуваат, да се одморите, да се посветите себеси и на вашето ментално здравје. Исто така, сонувањето каснување од змија може да значи дека некој ве вознемирува, а вие не правите ништо за тоа. Маките на реалниот живот многу често се пренесуваат на соништата. Вашиот потсвесен ум сака да ви каже дека треба да обрнете внимание на тешки настани од минатото. Во секој случај, ако се прашувате што значи каснување од змија, одговорите главно укажуваат на некои големи непријатности што упорно избегнувате да ги решите. Сон со змија со две глави Змијата е проблем, а змијата со две или повеќе глави значи дека имате повеќе големи проблеми со кои треба да се справите. Тие можат да бидат здравје и љубов, кариера и здравје. Претежно е проблем што влијае на столбовите на животот. Повеќеглавната змија може да биде и предупредување за тоа со кого се дружите и на кого му откривате приватни информации. Двоглава змија може да претставува лажни пријатели. Змија во вода укажува на промени Ако се прашувате што значи да сонувате змии во вода, ве предупредуваме дека ве чекаат големи промени во блиска иднина. Нема да бидете подготвени за овие промени и нема да знаете што да правите. Вашата потсвест сака да ве подготви за она што ќе се случи, затоа бидете внимателни. Што вели психологијата, дали е добро да се сонува за змија? Психологијата има сличен став како и сите други толкувања на змиите во соништата. Ако се прашувате што значи змии, психологијата може да има добри вести за вас, бидејќи сонувањето змија не мора да има исклучиво негативно значење. Сè зависи од вашите лични чувства, ако сонот не е придружен со негативни чувства, но вие се чувствувате пријатно и безбедно, сонувањето змија не мора да мора да биде лошо предвидување. Обрнете внимание на вашиот став кон таа змиите, но и кон другите луѓе кои се појавуваат во вашиот сон. Непријатните чувства обично значат дека потиснувате нешто, без разлика дали станува збор за емоција, непокајано минато или бегање од проблеми. Исто така, обрнете внимание на тоа како се однесува змијата кон вас, дали сака да ве нападне, дали змијата е веќе мртва, дали минува покрај вас мирно? Од тоа зависи и вашиот став кон проблемите што змија може да ги посочи. извор:курир.мк фото: CAPE CORAL SNAKE, CORAL COBRA (ASPIDELAPS LUBRICUS LUBRICUS) HEAD RAISED IN STRIKE POSTURE, CAPTIVE, FROM SOUTHERN AFRICA
]]>

Џамбазов ужива во уметноста на живеењето: Игор има страв од змии или… во старт се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи?! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzambazov-uziva-vo-umetnosta-na-ziveenjeto-igor-ima-strav-od-zmii-ili-vo-start-se-znae-koj-e-gazda-koj-kosi-a-koj-voda-nosi-video/ Mon, 06 Jul 2020 07:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157105

Се чини дека по долги години Игор Џамбазов во најновата љубовна идила одново ја откри уметноста во себе... Или се најде одново себе си во уметноста... Но, овој пат, во уметноста на живеењето. Џамбазов и планинарката Илина Арсова се заедно, заедно живеат, ги делат сите блаженстава што ги дава нивната љубовна романса, сите радости и убавини на животот, речиси се', освен... Освен некои мали, а големи нешта, од кои Игор бега како од змија...?! Жешко неделно утро во Сретеново, Стар Дојран, а шоуменот само што ги отвори очите, заклучи дека останал сам во постела, па утринската желба да се погали со саканата, реши да ја замени со некој напишан збор, од новонадојдената инспирација од неговата муза. И таман да се фати за лап-топот, кога на него ете ти ја неговата втора љубов - Ема... Седнала на тастатурата и не го дава компјутерот, па Игор наместо да пишува, реши да и му се врати на првиот утрински наплив по будењето - милувањето!
 
View this post on Instagram
 
Утринско грицкање носови...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Ема не е Илина, ама сепак знае и тоа како да се милува... И по малку да грицка... За нос!   Можеби љубоморна што Игор и мириса на друга!? Нејсе, човечко-мачешката љубов во затворено, Игор и Ема ја продоилжија на отворено, на столче пред прагот на куќата. Бакнежи и предење, малку нежно гребење во туѓите прегратки, за човечко-мачешка љубов што додека ја гледаш ти предизвикува милина. А, што вели на сето ова Илина? Додека Игор и Ема беа во утринска љубовна шема,  несудената снашка станала многу порано, па уште во неделните мугри се фатила за  машка работа, како вистинска селска домаќинка! Косата врзана во „репче“, на главата капче, а косата за косење в раце, па малку по малку, со секој нов замав, без многу врева и поговор ја искоси целата трева во куќниот двор. А Џамбазов додека така со мачката в рака уживаше во уметноста на живеењето, покажа во старт дека кај него се знае кој е газда, кој коси, а кој вода носи...?! „Мајсторе, змии...? Има ли змии?“ - и довикна човекот со мачката на косачката... Е сега, дали од змии или од работа се плаши како од змија...? Тоа е веќе теорија за друга сторија!
 
Во меѓувреме, споделените видеа и фотографии ги видоа многумина, меѓу кои и некои од познатите, негови блиски пријателки, како сестрите Тодевски - Тијана и Тамара, или Весна Бејби Петрушевска, на пример. Пејачките имаа само кус коментар од типот: „Алал вера, снашке“ или „Види ја, бе!“, додека Бејби не се фокусираше на снашката, туку на зетот, со директна порака: Иди собери тревата, се отепа од работа снашкава, нема да може бидермаерот да го фрли“ - му порача Бејби на партнерот од  претставата „Брачна игра“, за да не игра многу „предбрачни игри“, туку да се фати за работа... Колку за да го надмине стравот!   ]]>

Српскиот пејач Ѓани признава: „Од жена ми се плашам повеќе и од Корона“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-gjani-priznava-od-zena-mi-se-plasham-povekje-i-od-korona-foto/ Thu, 02 Jul 2020 10:09:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156767

Српскиот пејач Радиша Трајковиќ - Ѓани признава дека од сопругата  Слаѓана се плаши повеќе и од корона, затвор и полиција, заедно! Фолкерот вели дека неговата поубава половина муи влеала страв во коски и затоа не размислува да се „швалерисува“ на страна. „Од Слаѓа  се плашам повеќе и од корона, затвор и полицијата. Таа ми прави што сака! Дури да сакам и само да се дружам со некоја девојка, не смеам,  затоа што жена ми ќе ме убие! Порано ме поврзуваа со многу од нив,  а всушност не ми беше дозволено да бидам со никоја од нив. Никогаш не сум имал секс со други откако сум во брак, дури ни со старлети“ - вели Ѓани и додава дека освен неговата сопруга, само од змии се плаши: „Не можам да ги гледам ниту на слика! Кога ќе го слушнам зборот „змија“, веднаш ми се качува шеќерот. Јас би завршил во болница од шок, случајно да имам блиска средба со некоја змија. Во „Амиџи шоу“, фолк пејачот се осврна и на трите месеци што ги помина во куќен притвор заради непочитување на мерките за време на вонредната состојба. На 3-ти април, тој беше затечен од полицијата во кафе барот на еден белградски хотел со сопругата, синот и снаата, кршејќи ја забраната за собирање на повеќе од две лица во затворено. „Кафето кое го испив во хотелот скапо ме чинеше, но стоечки издржав. Полицајците цело време беа фер кон нас, па не се обидував да ги поткупувам и некако да ја избегнам казната“ - вели Ѓани. Фото: Инстаграм и Јутјуб принтскрин]]>

Македонци внимание: Опасни „натрапници“ се кријат на грчките плажи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonci-vnimanie-opasni-natrapnici-se-krijat-na-grchkite-plazi-video/ Wed, 19 Jun 2019 12:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93492

Најновата снимка од една грчка плажа ги запрепасти сите и за брзо време стана едно од најпопуларното видео. Не неа се гледаат две змии во лута борба или љубовна игра при парење во близина на поставените лежалки на плажата, кои на момент изледаат како двоглава змија која излегува од под каменот на песокот. Ова сигурно ќе ги натера сите да внимаваат повеќе кога газат по врелиот грчки песок.
Исто така пред неколку дена за прв пат беше забележана чудна риба на плажите на Неи Пори. Чудната и досега не забележана риба во ова место се вика „риба пајак“ а како што пренесува српски „Телеграф“, годинава туристите се жалеле дека се појавила нова опасна риба, а една Србинка дури и била ранета од рибата во пределот на палецот од ногата.
Исплашена и во паника, ранетата туристка веднаш побарала лекарска помош, при што докторот и рекол дека имала голема среќа што веднаш се јавила во амбулантата, бидејќи се работи за отровна риба. Србинката најпрво примила инјекција во палецот, на она место каде што бил убодот, а потоа примила и антибиотик. Оваа опасна риба ја карактеризираат високо поставени очи, долната вилица е подолга од горната вилица, и шарите на грбот. Од долната страна има боцки свртени наназад, а слични боцки има и на првата грбна перка. Токму со убодот од овие боцки, Морскиот пајак го внесува отровот во телото на жртвата со драматични последици, а некогаш во минатото кога немало адекватна медицинска помош сето тоа резултирало со смрт.
Според други туристи, оваа риба ја имало и во Паралија, која исто така важи за едно од најпосетените места кога станува збор за летувањето на македонските и српските туристи. Затоа, доколку ги водите децата на летување во областа на Олимписката регија, заради превентива понесете им пластични сандали за во вода, кои не е лошо и вие да ги имате. Фото: А. Налбантјан/ Профи медиа Видео: Крисантос Хаџимаркос/Фејсбук]]>

Мал, мал, ама… Панчо го покажа питонот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mal-mal-ama-pancho-go-pokaza-pitonot-foto/ Tue, 17 Apr 2018 07:08:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21212

Кога не е на настапи или нема други ангажмани со ДНК, Панчо се преобразува во ДЈ Шорти и е еден од најбараните ДЈ-и низ Македонија, а понекогаш и надвор од неа. Агендата му е „полна како око“, ама сепак, за да не стане здодевен, Панчо или ДЈ Шорти смисли нов концепт: „Музички циркуз со ДЈ Шорти П“, во кој од неговата музичка лабораторија покрај чудесната музика и позитивната енергија, излегоа уште неколку изненадувања за публиката.
Имено Панчо на помош повика некои од своите пријатели, па музичкиот циркуз го збогати со специјален декор, точки на жонглерите и кловновите, и уште нешто...
Нешто што секој „нема срце“ да го направи, ама Панчо има! Мал, мал, ама... очигледно, храбар колку што е голем, Панчо го покажа питонот! И тоа пред сите, среде дискотека!
Цврсто го држеше в раце, а потоа го стави околу врат... Едниот, па потоа и другиот, оној, таканаречениот албино питон... Двете змии очигледно се новите пријателчиња на ДЈ Шорти П, како дел од неговиот нов „музички циркуз“!
Патем,  по едно селфи со неговите нови придружни артисти не ќе да е на одмет, па затоа Панчо реши да го овековечи моментот кога им се приклучи на големите светски музички ѕвезди.
Зашто само тој и Алис Купер настапуваат со змии околу вратот на сцена! ]]>