злосторство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Dec 2023 11:25:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png злосторство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Злосторство и казна: Народот ја бара правдата во свои раце, социјалните мрежи експлодираа, македонските јавни личности сочувствуват со болката и се простуваат од малата Вања https://arhiva.vistina.com.mk/zlostorstvo-i-kazna-narodot-ja-bara-pravdata-vo-svoi-ratse-sotsijalnite-mrezhi-eksplodiraa-makedonskite-javni-lichnosti-sochuvstvuvat-so-bolkata-i-se-prostuvaat-od-malata-vana/ Mon, 04 Dec 2023 09:04:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329654

Монструми, убијци, крвници, психопати... Има ли зборови што не беа кажани и напишани на социјалните мрежи по страшната и тажна вест која пристигна дека малата Вања е убиена. Јавноста  згрозена и шокирана од монструозниот чин  на свирепо убиство на невино дете заради некакво си користољубие?! Зарем има такви пари, заради кои може да се одземе нечиј живот, особено на младо дете кое никому ништо ниту згрешило ниту има било каква вина или поврзаност со нечии гнасни и монструозни планови и умисли? Народот е на работ на трпението кое полека го губи, зашто кога неправдата станува закон, правдата станува обврска која народот ја презема во свои раце... Токму затоа и илјадниците повици и барања за враќање на смртната казна, па дури и за јавна егзекуција на крвниците кои по вакво злосторство заслужуваат и многу повеќе од тоа, заслужуваат - линч! А оние кои сознанието за злосторот го криеле цела седмица заради сопстевните интереси ако е тоа навистина така, заради своите фотелји и кариери, не заслужуваат повеќе ниту една минута да владеат! Заслужуваат и морална и политичка одговорност огледана во нивна моментална оставка! Психопатите со окрвавени раце секако ќе бидат изнесени пред лицето на правдата, само прашање е дали овој пат соодветна правда ќе има? И која е таа казна која може да замени еден вака насилно одземен невин детски живот? „Заб за заб, око за око“ - вели старата поговорка која не случајно е измислена и кажана. Ако треба да посегнеш по нечиј  детски живот заради користољубие, сигурно не заслужуваш да живееш, зашто љубов во таквите никогаш и немало, а корист од нив повеќе нема ниту ни да има. Најпеколна сепак ќе им биде казната од Бога, со која до крајот на животот треба да живеат носејќи ја малата Вања на душа... Ако воопшто душа имаат ваквите безбожни ѕверови? Зашто да имаа и трошка од истата таа душа не би ни помислиле, а камоли осмислиле и реализирале ваква свирепа егзекуција , вакво крваво ѕверство на малолетно дете без никаков повод и причина! Затоа ако веќе злосторот е монстриуозен и казната треба да биде еквивалентна... А постапката, брза и безмилосна! Онаа судската, секако, кога веќе законот не дозволува поинаку! И додека јавноста се уште не може да се соземе од гнасното злосторство, македонските јавни личности, естрадни уметници, ТВ водители, модели, спортисти, актери... сочувствуват со болката на мајката и блиското семејство и се простуваат од малата Вања преку своите профили на социјалните мрежи. И кај нив, како и кај сите нас, емоциите се измешани. Тага, болка, жал, неверување, гнев, бес, желба за правда, за одмазда кон бездушните крвници... Емоции кои се огледаат во споделените постови на нивните Фејсбук и Инстаграм профили... Ова е само едно мало парче од нивниот „ѕид на плачот“, но и од нашиот „ѕид на срамот“... На сите нас како народ што дозволивме да завршиме како „забегано општество“ во кое психопати и убијци, монструми и крвници слободно се шетаат со окрвавени раце, а некои од нив да бидат во одреден период и инволвирани длабоко во власта. Почивај во мир Вања, нека ти е светол патот мал ангелу и прости ни, ако можеш... Ако прошка воопшто и заслуживме!   Фото: Социјални мрежи/Facebook/ Instagram/]]>