златно славејче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 11:08:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png златно славејче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа, Ламбе и Златно славејче со трета верзија на – „Вечниот Бог“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-lambe-i-zlatno-slavejche-so-treta-verzija-na-vechniot-bog-video/ Thu, 05 Jan 2023 11:08:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282922

Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ снимена јануари 2023 во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски - директор на фотографија и Стојан Стојановски - камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и „Златно славејче“. Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души. Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме! Останатиот дел од екипата што го создаде ова аудио-визуелно дело за да остави трајна вредност во нашата колективна меморија, е составена од: Актери: Крсте Јовановски, Петар Мирчевски, Валентина Грамосли Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Владимир Димовски - аранжман и оркестрација, Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ - клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу - тимпани, чинела. Хор - Златно славејче, Снимано во студио „Алшар“ кај Ивица Јанкуловски. Маргарита Миновски – шминка, Викторија Бурсаќ – стилист, Венко Пашовски, Летка Филипова, Ромео Петрески, Аце Ставрески, Горан Ангелоски, Дејан Донески, Здружение за грижи и воспитување на деца на Охрид. Да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме со Христовото раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! Христос се Роди! Погледнете го видеото за третата верзија на „Вечниот Бог“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Вечниот Бог“ со Антониа, Ламбе и Златно Славејче https://arhiva.vistina.com.mk/vechniot-bog-so-antonia-lambe-i-zlatno-slavejche/ Mon, 26 Dec 2022 10:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281544

Третата верзија на „Вечниот Бог" со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче - е снимена! Инструменти, вокали, хорче - мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! За доживувањата во студио ќе Ви раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скрои генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе видите за само неколку дена. 
 
Наближуваат Бадник и Божик, нашите обврски, но и радоста се множат! Низ цела наша држава, во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебрца, Враништа, Ростуше, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево и Бардовци. Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда.
 
Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик.
Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците.
]]>

Историјата се повторува: Ќерката на Тамара Тодевска ќе го направи истото што и мама пред 31 година (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/istorijata-se-povtoruva-kjerkata-na-tamara-todevska-kje-go-napravi-istoto-shto-i-mama-pred-31-godina-foto/ Mon, 31 Oct 2022 08:27:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273405

Во далечната 1991 година за првпат на само шест години, нашата позната пејачката Тамара Тодевска настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пејачки и сестри Маријана и Росана. Сега, 31 година подоцна на детскиот фестивал „Златно скавејче“ исто како и мајка си, на своја шест годишна возраст, ќе се претстави Хана. Големиот прв деби соло настап на наследничката на Тамара ќе се случи во Македонската филхармонија на 13-ти ноември каде Хана ќе настапи со песничката „Битбокс кралица“. Гордата мајка се пофали на Инстаграм објавувајќи ја Хана со деталите околу песната и настапот. „Битбокс кралица“ е авторско дело на пријателите и колеги на мама, Игор Џамбазов и Роберт Билбилов кои се потрудиле за Хана да направат ремек дело.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Дека Хана ќе започне да пее и ќе оди по стапките на мајка си, Тамара откри на неодамна одржаното 37-мо издание на „Макфест“ каде настапи со песната „Замижи“, каде изјави дека Хана не и прави друштво во Штип како синчето Дарен, бидејќи се подготвувала за „Златно славејче“. Дека крушата под крупа паѓа за малата Хана е јасно уште кога почна се почесто да сака да излегува на сцена со мама, а и да сака да танцува.
 
Музичките гени кај идната мала ѕвезда се толку силни што доаѓаат од кај мама, тета Тијана, дедо Валко, баба Брана, од сите комплет, Хана, па и Дарен имаат многу што да земат и копираат, а ако тоа го прават како нив, а можеби и уште по маестрално, тогаш нивниот пат кон успехот и славата е јасен. Среќно Хана! фото:Инстаграм принтскрин/Јутјуб]]>

Ќе го препознаете ли ова мало симпатично девојченце, кое подоцна стана позната македонска музичка ѕвезда? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kje-go-prepoznaete-li-ova-malo-simpatichno-devojchence-koe-podocna-stana-poznata-makedonska-muzichka-dzvezda-video/ Fri, 10 Dec 2021 10:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230641

Пошироката македонска јавност ја запозна како девојката која прва која  „го скрши мразот“ уште во 2005-та година во тогаш регионалнот „Идол“ како музичко натпреварување на таленти од Србија, Црна Гора и Македонија. Малата велешанката  Нона Неделковска и себе си, но и на сите останати  прва им го „трасираше патот“, им ги „отвори вратите“ на македонските пејачи за учеството во едно регионално музичко талент шоу, во еден натпревар во кој и не мора да победиш, а можеш да станеш вистинска ѕвезда. Регионална или барем домашна! Оттука натаму се е добро познато, музичка историја... [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/prva-go-skrshi-mrazot-ushte-vo-2005-ta-godina-vo-idol-none-nedelkovska-im-go-trasirashe-patot-do-uspehot-na-makedonskite-pejachi-za-uchestvoto-vo-edno-regionalno-muzichko-talent-shou-video/[/embed] Но, само малкумина знаат кога и како Ноне започнала да пее? Како изгледала како мала, на кој фестивал како девојченце се појавила и која песна тогаш ја пеела? Десет години пред да стане нашироко позната и славна, во далечната 1995-та година на најреномираниот и најстар македонски детски музички фестивал  “Златно славејче” на сцената ќе се појави едно мало симпатично, буцкасто русокосо девојченце,  кое ќе пее за смелите каубои. Облечено соодветно и препознатливо според темата за која и пееше, срамежливо ќе излезе на сцената и смело ќе ја отпее својата песничка - „Каубои смели“. Настап кој ќе и ја поттикне желбата подоцна да се сроди со сцената, ќе го разбуди во неа чувството за естрадата, за едно поинакво пеење, настапи, снимање песни во студио, хитови, албуми,  видеоспотови, фестивали, турнеи во и надвор од Македонија... Како  изгледаше нејзинта прва средба со публиката, големата сцена, песната, нејзината изведба и кореографија... Погледнете како потсетување на нејзиниот настап на „Златно славејче 95“ во „Универзалната сала“ во Скопје, во продолжение: ]]>

На Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата: Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и „случајно“ ќе се одржи на денот на локалните избори, 17-ти октомври! https://arhiva.vistina.com.mk/na-shilegov-nishto-ne-mu-e-sveto-pa-nitu-decata-jubilejnoto-50-to-zlatno-slavejche-pomesteno-cel-mesec-porano-i-sluchajno-kje-se-odrzi-na-denot-na-lokalnite-izbori-17-ti-oktomvri/ Thu, 14 Oct 2021 07:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222806

„В недела, на 17 октомври, СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје повторно ќе биде највеселото и најраспеано место во градот, а детските гласчиња ќе одекнуваат заедно со звуците на старите и новите песнички на фестивалот „Златно славејче 2021“. Годинава оваа позната манифестација за деца, која ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, слави редок јубилеј – 50 години постоење! Оваа успешна долговечна приказна почна во далечната 1971 година, кога се одржа првото издание на фестивалот „Златно славејче“, со чии песнички израснаа многу генерации“ - гласи веста која ја објави најстариот печатен дневен весник Нова Македонија. И се' би било во духот на големиот јубилеј,  половина век на детската песна во Македонија, на радоста и среќата би и немало крај, одново политиката да не ги вмешала своите прсти дури и во она што е најсвето - децата! Имено, како што е познато и всушност како што е традиција, „Златно славајче“ отсекогаш, (освен во вонредни ситуации), се одржувало во месец ноември. Поточно на денот на ослободувањето на главниот град на Македонија - Скопје, на празникот 13-ти Ноември или ден-два околу него, заради значењето и симболиката на датумот. Впрочем и химната на „Славејчињата“  ги содржи тие стихови: „Скопје, радост ти ќе бидеш...“! Арно ама некој, некој на радоста случајно или намерно посака да и ги „скрати крилјата“. Да ја присвои и (зло)употреби за лични, политички цели... И тоа токму за 50-годишнината. Зашто, како поинаку да се протолкува „одлуката преку ноќ“  одржувањето на годинешното јубилејно 50-то поред „Златно славејче 2021“ наместо околу 13-ти Ноември да биде поместено речиси цел месец порано и да се одржи, види „случајност“ на 17-ти октомври, недела, токму на денот на одржување на локалните избори!!? Патем, оваа позната манифестација за деца,  ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, што значи дека е под директна капа на градот, меѓу останатото и финансиски. А кој ги дава парите, тој е „газда“ или барем таков глуми и кога кога парите се - наши! Веројатни и затоа по принципот: „Врзи го коњот, кај што газдата ќе каже“, „Славејчињата“ јубилејното гнездо ќе го свијат на денот кој најмногу му одговара на актуелниот „градски газда“ Петре Шилегов, денот на локалните избори, 17-ти октомври! Небаре само тој ден е салата „Борис Трајковски“ слободна? Како друг датум да немаше, па мораше локалните избори и политиката да ги вмешаат своите прсти и во детските песни! Ваквата одлука предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Реаграа некои од родителите, реагираше и јавноста, фелата, онаа стручната, музичката... Така композиторот и музички педагог Томислав Таневски на пример, на својот Фејсбук профил остро го осуди овој чин на „груба злоупотреба на децата, детската песна и уметност во служба на политиката“, и тоа од позиција на моќ со туѓи, поточно, наши, народни пари: ПОЛИТИКАТА НЕ ГО ОДМИНА НИ ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ!!! „Што да се каже, а да не биде човек разочаран. Најстариот детски фестивал Златно славејче околу 45 години редовно се одржува по повод ослободувањето на Скопје (и химната му е таква), поточно околу 13 Ноември. Откако актуелниот градоначалник на Град Скопје, г-дин Шилегов го посети т.н. директор на фестивалот, одеднаш одржувањето на фестивалот се помести скоро за цел месец и тоа верувале или не токму на денот на изборите 17. Октомври. Сигурно за 50 годишниот јубилеј Шилегов ќе има главен збор. Кај го уништија преку песните овој фестивал, сега го пикнаа и во интерес на политиката. Но, НЕ СЕ ЧУДАМ, ЗНАЕЈЌИ КОЈ ГО ВОДИ овој РЕНОМИРАН фестивал..... Докажано, овие решиле да уништат се' што вреди“  - пишува Таневски и продолжува: „Второ, се ЧУДАМ и на уметничкиот директор МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ кој во интерес на одржување на националната пензија се пикнал во глувчешка дупка и МОЛЧИ... Алал нека ви е .... знам дека повеќе родители и ќе реагираат на овој пост, но нема да им замерам и само ќе им кажам...продолжете да давате пари за вашето дете да пее и молчете!!!
СЕПАК ЗА КРАЈ, нека му е честит 50 годишниот јубилеј и секако посакувам во иднина да има по убави детски песни, налик на оние од својот зачеток!!!“ -напиша реномираниот музички уметник, автор и педагог на својот профил! Очигледно на  Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата?! Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и наместо на 13 Ноември, ќе се одржи на 17-ти октомври! Фото: Фејсбук принтскрин/Златно Славејче/Tomislav Tanevski/Петре Шилегов

Влатко Илиевски и хорот на „Златно славејче“ – „Божиќна песна“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-ilievski-i-horot-na-zlatno-slavejche-bozikjna-pesna/ Sat, 19 Dec 2020 14:06:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181706

Нашата голема музичка ѕвезда Влатко Илиевски, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа. Една од нив е и „Божиќна песна“. На радиостаниците во Македонија премиерно беше пуштена „Божиќна песна“, која Влатко ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега не беше објавена. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски. Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста. Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови. https://www.youtube.com/watch?v=9WAi6LXf3x0&feature=emb_logo]]>

Не би ни претпоставиле дека е таа: Еве како изгледаше Симона Поповска како дете (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nikogash-ne-bi-ni-pretpostavile-deka-e-taa-eve-kako-izgledashe-simona-popovska-kako-dete-na-zlatno-slavejche-foto/ Thu, 22 Oct 2020 07:27:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135082

Таа е една од најшармантните и најатрактивните македонски пејачки, но и докторки која моментално е посветена на полето на естетиката. Познато е дека покрај музиката, нејзина голема љубов е медицината, а моментално поради пандемијата со коронавирус, за Симона настапите и муиката се ставени на пауза. Своевремено Симона откри дека уште како мала сакала да си игра докторка, а пак на сцената исто така била од мали нозе. Таа се присети на далечната 2002 година кога како малечко девојченце настапувала на „Златно славејче“ со песничката „Братче без мана“ и направи неколку „стори“ за на Инсатграм. Со снимките од својот настап на реномираниот детскиот фестивал, Симонче  покажа како изгледала како дете. Динамична на сцена како и сега, Симона и тогаш била статка како бонбонче, но тешко кој би препознал дека е токму таа.]]>

Родена за на сцена: Вака изгледаше и пееше Калиопи како дете на својот прв настап на „Златно славејче“ 1976 (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/rodena-za-na-scena-vaka-izgledashe-kaliopi-kako-dete-na-svojot-prv-nastap-na-zlatno-slavejche-1976-video/ Mon, 28 Sep 2020 07:32:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168772

Оваа 2020 година реномираниот фестивал за детски песнички „Златно славејче“ слави јубилејни 50 години од своето постоење. Половина век многу генерации дечиња пораснаа со песничките од фестивалот, некои од нив станаа пејачи токму од таа сцена, а некои пак од песничките и денес останаа да се пеат. На шестото издание од своите почетоци на федтивалот, односно во далечната 1976 година, својот прв пастап со песничката „Мојата учителка“ го имаше тогаш малата Калиопи. Деновиве пејачкта на својот Инстаграм најпрвин овјави снимка од времето кога се појавила на „Златно славејче“ како поранешна учесничка, веќе голема девојка во втора година на Музичка академија во Скопје, веќе сигурна дека музиката е нејзиниот пат, пред публиката ја пее „Мојата учителка“. Во описот на видеото напиша дека жали што снимката од нејзиниот прв настап на сцена и победата со оваа песничка, повеќе не постои.
 
View this post on Instagram
 
I am very sorry that my first performance and victory at the legendary children's festival "Golden Nightingale" in 1976, with the song "My Teacher" no longer exists in the archives of the Macedonian National Television. It has been deleted, as well as many other festivals’ recording since its inception. Damage...Because it was history and something that is part of the treasure of this country of mine. The festival is celebrating its 50th anniversary this year. Fortunately, this recording exists, which was taken 9 years later after my first performance, when I have already started my career with the group "Kaliopi". It was again some jubilee festival. On the stage is my adored and beloved maestro and orchestra conductor Aleksandar Dzambazov, the author of my song and someone who foresaw a great future for me in music. I thank him for that. Also thanks to the “Golden Nightingale” Festival. And this song has been for a long time an anthem in schools. Enjoy! @maestrodzambo #❤️ #фестивал #златнославејче

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) on

Многу ми е жал што мојот прв настап и победа на легендарниот детски фестивал „Златно славејче“ во 1976 година, со песната „Мојот учителка“ веќе не постои во архивите на Македонската национална телевизија. Тој е избришан, како и снимањето на многу други фестивали од неговото основање. Штета ... Затоа што тоа беше историја и нешто што е дел од богатството на оваа моја земја. Фестивалот годинава слави 50-годишнина од постоењето. За среќа, оваа снимка постои, која е направена 9 години подоцна по мојот прв настап, кога веќе ја започнав мојата кариера со групата „Калиопи“. Повторно беше некој јубилеен фестивал. На сцената е обожаваниот и сакан диригент, маестро Александар Џамбазов, авторот на мојата песна и некој што ми предвидуваше голема иднина во музиката. Му благодарам за тоа. Исто така, благодарение на фестивалот „Златно славејче“. И оваа песна веќе подолго време е химна во училиштата. Уживајте!
Но, нешто подоцна, токму оваа куса снимка од малата Калиопи како ја пее „Мојата учителка“, се појави од архивата на нејзиниот братучед.
Ова е единственото нешто што останува да сведочи за мојот настап во 1976 година на фестивалот „Златно славејче“. Снимката е направена од камерата на мојот братучед од 8 мм, пишува Калиопи навраќајќи се на спомените.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/toj-glas-pred-34-godini-kaliopi-imashe-uloga-vo-legendaren-film-eve-ja-od-toa-vreme-video/ За потсетување,фестивалот „Златно славејче“ бил основан во 1971 година од страна на неколку членови на Советот за грижа и воспитување на децата, и тоа: Александар Џамбазов, Васил Пујовски и Благоја Јордановски. Првото издание на фестивалот било одржано на 23 мај 1971 година, во Драмскиот театар во Скопје. На него биле изведени 25 композиции, а меѓу учесниците биле и Игор Џамбазов и Баже Маротов. Подоцна, на овој фестивал своите први настапи ги имале повеќе македонски музички ѕвезди, како: Калиопи, Тоше Проески, Влатко Илиевски, Симон Трпчески,Васил Гарванлиев, Ана Дурловски, Давид Темелков итн. Заклучно со 2017 година, на фестивалот учестувале 5.000 деца (како солисти или како членови на хорот), а биле изведени околу 950 композиции. Според некои груби процени, на сите изданија на фестивалот присуствувале околу еден милион гледачи.]]>

Аудиција за нови членови на хорот „Златно славејче“ https://arhiva.vistina.com.mk/audicija-za-novi-chlenovi-na-horot-zlatno-slavejche/ Fri, 22 Mar 2019 11:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78874

Во просториите на Советот за грижи и воспитување на деца на градот Скопје, кој се наоѓа на улица „Илинденска“ број 55, на 10, 11 и 12 април, со почеток во 18 часот, ќе се одржи аудиција за нови членови на хорот „Златно славејче“. Децата талентирани за пеење, на возраст од 7 до 12 години, ќе треба пред диригентката на хорот, Катерина Баталаковска, да испеат една детска песна или само рефрен, по сопствен избор. „Децата можат да се обидат, пеејќи ги своите омилени песни, да станат дел од хорот „Златно славејче“, кој е неизоставен дел од истоимениот, најстар и најреномиран фестивал за детска песна кај нас, кој годинава ќе прослави 49 години постоење. Инаку конкурсот за нови песни веќе заврши и имаше голем интерес кај авторите, а сега треба да ги одбереме најубавите песнички што ќе бидат изведени на годинашното издание“, вели Бобан Јосифовски, првиот човек на фестивалот. Инаку, славејчињата ќе настапат на „Априлијадата“ во Скопје, како и на многу други манифестации, каде што се омилени гости.]]>

“Златно славејче” на 16, 17 и 18 ноември во арената “Борис Трајковски” https://arhiva.vistina.com.mk/zlatno-slavejche-na-16-17-i-18-noemvri-vo-arenata-boris-trajkovski/ Thu, 16 Nov 2017 12:07:31 +0000 http://vistina.mk/?p=3867

Фестивалот “Златно славејче”, кој е симбол на детството и кој во овие 47 години од почетокот до сега ги донесе најубавите песни за најмладите, и годинава продолжува со традицијата.   Нови 17 рефрени ќе ја одбележат годинешната музичка приказна на славејчињата, а детските хитчиња ќе се пеат три дена по ред, односно на 16, 17 и 18 ноември во арената “Борис Трајковски” во Скопје. “Златно славејче е празник на детската песна. Доаѓаат деца буквално од сите градови од земјава”, рече Бобан Јосифовски, извршен директор на Златно славејче и додаде дека е пресреќен што и после толку години фестивалот се уште постои. “Како минуваат годините, така и ние созревавме. Сите се трудат од година во година да бидат подобри, додека ние се трудиме да го задржиме истиот оној сензибилитет и токму поради тоа сме толку години дел од детското секојдневие. Ние не правиме хитови, туку се трудиме целиот фестивал да биде хит”, додаде Јосифовски. Водител и годинава ќе биде пејачот Влатко Илиевски, кој во далечната 1997 година, исто така, беше дел од “славејчињата”, а на големата сцена ќе имаме можност да ги видиме и Александар Митевски и Бени Шаќири кои заедно со “славејчињата# ќе ја испеат “Скопје, граду мој”. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 200 денари.]]>