златна бубамара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:08:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png златна бубамара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сашко Коцев предизвика солзи од смеење на „Златна Бубамара“, а Џамбазов од тага за оние што станаа далечни (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-predizvika-solzi-od-smeene-na-zlatna-bubamara-a-dhambazov-od-taga-za-onie-shto-stanaa-dalechni-video/ Mon, 04 Mar 2024 08:20:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341019

Вчеравечер на Канал 5 телевизија се прикажуваше најновото и неодамна одржано издание на „Златна Бубама“. Па така, ако Сашко Коцев предизвика солзи од смеење, Игор Џамбазов допре до посериозните нешта за сите оние кои ни заминаа далеку од дома. Игор Џамбазов, како и секоја година, така и оваа, имаше најемотивна изведба на Златна Бубамара. Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрага по подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја. -„Т’га за југ“ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија. Со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто, рече Џамбазов пред изведбата. Со него на сцената беа Маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски. Погледнете: фото:You Tube printscreen/ Radio Bubamara]]>

Гледан поткаст – „фејк Бубамара“: Лазаров и Фаци револтирани зашто баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го – дај ми го“ награди? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gledan-potkast-fejk-bubamara-lazarov-i-fatsi-revoltirani-zashto-batse-ranko-sluchajno-gi-zaboravi-i-samo-bliskite-do-sebe-gi-esapi-za-na-ti-go-daj-mi-go-nagradi-video/ Fri, 23 Feb 2024 09:01:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339850

„Насмејте се, ќе се сликаме!“ - гласеше мотото на годинешнава „Златна Бубамара на популарноста“ и (како по обичај) некои станаа наградени, а некои останаа „насмеани“! Сега можат „само да се сликаат“ поединечно таму каде што својата популарност ја остваруваат и билдаат, зашто јавната валоризација на нивната работа остана „заборавена“!? Вака некако го доживеаа доделувањето на наградите на „Златна бубамара 2024“ подкаст двоецот Стефан Лазаров - Зоки Фаци Василевски, чие јутјуб остварување насловено „Без лимит“ реално е најгледаниот подкаст во Македонија во последниве 365 дена. Така барем говорат бројките и рејтинзите, кои и самиот Лазаров ги споделил на своите Инстаграм приказни. Дефакто „црно на бело“, а „пред фактите молчат и боговите“, арно ама ги премолчуваат оние на кои тоа не им одговара, па подкаст водителите беа „случајно заборавени“  да бидат наградени на последнава „Златна Бубамара“? Од друга страна „Бубамарата“  во суштина е „приватна журка“, па соодвествено на тоа и нејзиниот сопственик, основач, организатор и неговата свита од екипата која ја подготвува, слободно може да си одлучува кој ќе се појави, кој ќе води, пее, кого ќе наградува... Иако, логично би било  да има некаков кодекс, некакви критериуми, пропозиции и правила. Арно Ама, баце Ранко (Петровиќ) најдобро си знае кому што ќе му додели и даде, кого ќе го награди, удостои, увелича, медиумски поттурне, а кого... ќе го прескокне!? И тука нема лутиш, оти нема зашто. Секој има право „на својата журка да си кани свои гости“, освен ако во „журката“ финансиски не партиципираме и сите ние, преку државата со парите од нашите даноци, како што е случајот и со годинешната „Златна Бубамара на популарноста 2024“ која  не добила можеби кој знае колкава сума, но сепак - добила. Е, тука веќе работите се менуваат, зашто „за наши пари“ не можеш да играш само „по свои правила“, туку сепак мора да се почитуваат фактите и објективните околности! Токму затоа Лазаров и Фаци беа толку револтирани, лути и нерасположени што биле „прескокнати и заборавени“, сметајќи дека и тоа како заслужиле годинава да се најдат меѓу сите наградени! Револтот освен во “Без лимит“ поткастот дополнително го потврдија и на социјалните мрежи, каде Лзаров во своите Инстаграм приказни е дециден дека награди се добиваат по заслуга, а ако тие не заслужиле годинава да добијат една „Златна бубамара“, тогаш не знае кој? А, баце Ранко „случајно ги заборави“ или само блиските до себе ги есапи за „на ти го, дај ми го“ награди? Иако... „Редно е да има ред“, нели, како што гласеше еден од годинешните слогани на манифестацијата! Можеби затоа јутјуберот „се закани“ дека на ниту една манифестација  нема да се појави, затоа што според него се...  „фејк“! На крајот колку тажно и да почна, подкастот сепак заврши со иронична насмевка на Лазаров и сочен еротски бакнеж со порака од Фаци, упатени до...? Оние што треба  си знаат, па сами ќе се препознаат! А „Бубамарата“? Кој чека - ќе дочека... Или ќе се изначека. Некои и довека! Фото: youtube/Канал 5/Инстаграм/radiobubamaramk/_lazarovv  ]]>

Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“: Годинава актерот не ја водеше, ама дали дефинитивно и се скара на „Златна Бубамара“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kotsev-i-ranko-petrovik-imaa-bliska-sredba-godinava-akterot-ne-ja-vodeshe-ama-dali-navistina-i-se-skara-na-zlatna-bubamara-foto/ Thu, 11 May 2023 08:26:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301438

„Златна Бубамара на популарноста“, една од ретките манифестации кои останаа да траат дваесет и кусур годино во континуитет... Забавно музичко шоу иницирано од градското радио „Бубамара“ кое доделува награди на најпопуларните во разни области, со естраден стендап на актерите - водители... Некогаш легендарниот Тони Михајловски, кој по долги години го наследи ништо помалку добриот Сашко Коцев, засилен со тогашните „чираци на сцената“  - Тино и Атанас... И така се до годинава (2023-та) кога „заменските водители“ без најава станаа главни, а главниот исто така без најава не се појави на сцената да ја води престижната „Златна Бубамара“. Имено најпопуларната манифестација годинава остана „осакатена“ за првиот нејзин шоумен - Сашко Коцев! Публиката тоа го дозна откако остана „фрапирано зачудена“ на своите столчиња упорно чекајќи водителот број еден да се појави на сцената, арно ама... „Заменските“ овој пат беа главни, терајќи го шоуто од А до Ш... до крај! Нагаѓањата зошто Коцев е „заменет“ тргна уште вечерта на самата манифестација откако публиката сфати дека него на „Бубамара“ ќе го нема. Официјално - поклопување на термините и зафатеност со промоцијата во Словенија на романтичната филмска комедија „Нешто слатко“ во која Сашко Коцев и Јелена Јованови ги играат главните улоги. По манифестацијата „сто муабети“ со „сто претпоставки“ се раширија во различни насоки, а приказните кулминираа по гостувањето на  прв водител на „Бубамара“ Тони Михајловски во едно домашно подкаст шоу, каде актерот директно го впери прстот во сопственикот и радио “Бубамара“ и извршен продуцент на манифестацијата, Ранко Петровиќ, обвинувајќи го дека му ја украл идејата за истата! На приказната за „држете го арамијата“ совршено се налепи годинешното „(не)оправдано отсуство“ на наследникот на Тони Михајловски, колегата Сашко Коцев, па јавноста почна сериозно да се прашува дали навистина „каде што има чад, има ли и оган“? Едни велеа дека ова е потврда оти Тони е во право, други дека му е криво, па сега споделува измислици, трети дека и на Коцев му завршил мандатот, оти и тој сфатил дека си има работа со „арамија на идеи“... И така во недоглед, се до вчера, 10 мај 2023, кога Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“... И тоа за газдата на домашен, за актерот на гостински терен - во просториите на „Радио Бубамара“. Како потврда дека можеби годинава не ја водеше, ама актерот сепак не и се скара на „Златна Бубамара“. Всушност, поводот за неговото радиоприсуство беше истиот оној  кој беше официјална причина за неговото „Златна Бубамара“ отсуство - филмот „Нешто слатко“, односно неговата македонска промоција во Скопје во киното „Синеплекс“ изминатиот викенд. Заедничката фотографија „во 6 очи“ потврдува дека Сашко и Ранко „не ја растуриле калимерата“, напротив... Или не барем кога им се професионалните релации и обврски во прашање. Дали догодина Сашко Коцев ќе се врати да ја води „Златна Бубамара“, веројатно зависи и од тоа „какви им се математиките“ на двајцата стари пријатели?! Конечно, „што ќе биде, нека биде“, како што вели еден од слоганите на изминатите „Бубамари“, иако... По сите коментари и процнки, најдобро е да биде како што си беше до сега, последниве години, се до годинава. Фото: Јутјуб/ Инстаграм/ Фејсбук принтскрин  ]]>

Андријана Јаневска и Игор Џамбазов на „Златна бубамара“ го имаа најемотивниот настап – „Ми заплакало селото Ваташа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-izvedba-na-andrijana-janevska-i-igor-dhambazov-na-zlatna-bubamara-mi-zaplakalo-seloto-vatasha-video/ Mon, 27 Mar 2023 12:46:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295291

Вчеравечер, недела, 26 март 2023 година се премиерno  беше емитувано на 26. издание на „Златна бубамара на популарноста“,  на телевизија Канал 5. Меѓу сите изведувачи, Андријана ЈаневскаИгор Џамбазов и хорот „Мирче Ацев“ се чини дека оставиja најсилен впечаток кај гледачите и во салата и на ТВ со нивната фасцинантна изведба на песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови“ од Славко Јаневски. Бура од емоции предизвика пеењето на Андријана Јаневска и рецитирањето на Игор Џамбазов. Еден од најдобрите македонски вокали ја запеа „Ми заплакало селото Ваташа“, а актерот и шоумен ја рецитираше „Цветови“ од Славко Јаневски. Снимката од емотивната изведба ја сподели и самиот Игор Џамбазов, а неговата колешка Андријана Јаневска додаде: „Игор, ми беше чест што настапував покрај тебе. Огромна благодарност и до хорот ‘Мирче Ацев’, кој со својата врвна изведба ѝ даде уште поголема моќ на песната!“ - споделила Јаневска. Инаку, ова се  песни се посветени на масакрот во с. Ваташа, крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од с. Ваташа.Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан "Борис Жеглов под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. Проследете како сето тоа звучеше и изгледаше на „Бубамара“(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Златна бубамара“ помина без Сашко Коцев, а еве што вели тој и која беше причината за тоа https://arhiva.vistina.com.mk/zlatna-bubamara-pomina-bez-sashko-kotsev-a-eve-shto-veli-toj-i-koja-beshe-prichinata-za-toa/ Sat, 18 Mar 2023 07:55:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293866

26-тото издание на манифестацијата „Златна бубамара“ помина без главниот лик на сцената. По 17 години како домаќин, Сашко Коцев годинава не беше дел од случувањето кои речиси сите го поврзуваат токму со него. Во многуте коментари на социајлните мрежи се вели дека публиката чекала тој да се појави  до самиот крај, но од Сашко ни трага, ни глас. Наговите заменици, Тино и Атанас или како што тој ги нарекуваше, заменските водители, станаа главни. Манифестацијата со ред награди, говор, музика... си течеше како и секогаш. За да нема шпекулации и разни приказни, Сашко се огласи јавно и ја откри причината зошто не беше дел од „Златна бубамара“. - Бев премногу зафатен, не можев да постигнам. Имав две претстави и турнеја во Словенија со филмот“, изјави Сашко за „Слободен печат“ веднаш по манифестацијата, додавајќи дека годинава му се поклопиле ангажманите. За потсетување, Сашко Коцев за првпат како водител на „Златна бубамара“ се појави во 2006 година, а дојде на местото на Тони Михајловски. Дали Сашко како и Тони станува екс- водител или тоа ќе биде случај само годинава, останува да видиме... фото:Фејсбук Сашко Коцев/Инстаграм принтскринТино Костадиновски]]>

Ќе се насмеете до солзи од анегдотата која Сашко Коцев ја кажа од секојдневието со ќерката Јоана https://arhiva.vistina.com.mk/kje-se-nasmeete-do-solzi-od-anegdotata-koja-sashko-kocev-ja-kaza-od-sekojdnevieto-so-kjerkata-joana/ Mon, 23 May 2022 07:47:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251604

Пред неколку дена по двегодишна пауза поради корона пандемијата се одржа 25-то издание на манифестацијата „Златна бубамара“, а вчеравечер и премиерно на Канал 5 телевизија беше прикажана за оние кои не беа непосредно присутни. Главниот човек на вечерта- домаќинот Сашко Коцев, кој за многумина години наназад е фокусот на настанот, очекувано преку сценариото и импровизациите ги изнасмеа сите – шеги за кои сигурно ќе се прераскажува уште доллго.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zlatna Buba Mara (@zlatnabubamara)

Но, пред стартот на телевизиското емитување, претходеше шоуто на Жарко Димитриески, „Еден на Еден“, каде не случајно гостин беше токму Сашко Коцев. Од разговорот во студиото, Коцев кажа многу анегдоти од секојдневието во врска со тоа како реагираат луѓето кога го среќаваат на улица и во разни околности. Па така, една од случките беше таа кога биле на некое патување со сопругата Смиљана и на автопат виделе превртен автомобил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Saško Kocev (@sashko_kocev)

Сашко го запрел возилото и истрчал да помогне и го прашал господинот дали е добро – реакција актерот ја памети и раскажува и денес. „Еј Сашко Коцев!“ – гласел одговорот.(се смее). Исто така неговата ќерка Јоана која е центарот на неговиот универзум, често умее да го насмее и да му направи да се почувствува „разоткриено“. Имено, кога тато оди да ја земе од градинка, кога таа излегува, а другите родители се насобрани, Јоана не вика тато, туку вика по него со име и презиме „Сашко Коцев!“. Па така, сите знаат дека популарниот татко е дојден да си ја земе наследничката. Инаку, малата Јоана наскоро ќе наполни пет години. фото:Фејсбук Сашко Коцев/Инстаграм/Златна Бубамара]]>

Весна Вејби со емотивна порака на „Златна Бубамара“: „Децата да не молчат за насилство“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-vejbi-so-emotivna-poraka-na-zlatna-bubamara-decata-da-ne-molchat-za-nasilstvo/ Fri, 28 Feb 2020 07:47:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136594

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ сношти се одржа 23-то  издание на „Златна Бубамара“ на кое присуствуваа голем број на јавни личности од светот на музиката, спортот, глумата, политиката.... Актерот Сашко Коцев како домаќин на „Златна Бубамара“ доминираше на сцената со својот шеговиот говор и ја насмеа публиката во салата. Тамара Тодевска доминираше со својот глас кога ја отпеја „Proud“ и доби две награди: пејачка на годината и хит на годината. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-na-zlatna-bubamara-poentirashe-so-dve-nagradi-ama-i-so-bujnoto-dekolte-od-koe-gradite-prelevaa-foto/ Меѓутоа, актерката Весна Бејби Петрушевска  која доби награда за најпопуларна детска серија „Дајте музика“ на публиката во салата се обрати со емотивна порака. "Се случува голмо насилство меѓу децата. Научете се да ги слушнете вашите деца, и мотивирајте ги да ви кажат ако се жртви на насилство. Тоа не смее да се премолчи" , порача актерката“, пренесува Женски магазин. По тој повод и самата Весна на својот Фејбук објави видео од колаж со фотографии, а во описот напиша: „Веројатно она за што вреди да создаваш,да сонуваш заедно со децата,да не заспие никогаш детето во мене...во тебе...во сите нас...најголема вистина на овој свет е дека децата се најдобрата верзија на човекот....денес бев на некое друго место...сите тие насмевки и желба да бидат подобри,најдобри..“ ]]>

„Преспавци“ во издание какво никогаш не сте ги виделе -Талат е тотално непрепознатлив (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prespavci-vo-izdanie-kakvo-nikogash-ne-ste-gi-videle-talat-e-totalno-nepoznatliv-foto/ Fri, 28 Feb 2020 07:23:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136592

„Преспавци“ вака или онака се омилени, а возбудата околу и за нив, дополнително расте кога сме во исчекување на 5-тата сезона која е на пат. Дека тие работат под полна пареа, потврди и Васил Зафирчев, попознат како готвачот Марио, кој на својот Инсатграм објави фотографија заедно со своите колеги „преспавци“ каде се заедно во едно студио за танц и фитнес. Во описот на истата стои дека се на проба, а на што друго ако не за „Преспав“. Она што е интересно е дека на фотографијата во секојдневно издание и кога не ги играат: Марио, Тони, Исаура и Талат, тие изгледаат доста поразлично, особено Талат кој со брада тешко би го препознале, а исто и Тони. Но, на вчерашната „Златна бубамара“ беа „скоцкани“ од глава до пети, а имаа и зошто. Екипата на „Преспав доби не една, туку две награди, за ТВ проект на годината, а пак уште една награда замина на рецепција, односно во рацете на Јелена Јованова која доби награда за актерка на годината. Откако со право се пофалија на социјалните мрежи, не заборавија да им се заблагодарат на сите поддржувачи. -Фала на поддршката и љубовта. Фановите на „Преспав“ се најдобри. Се гледаме! - порачаа преку својата фан страница на Инстаграм, а ние можеме да возвратиме дека со нетрпение ги очекуваме повторно во нивното автентично светло.  ]]>

Тамара Тодевска на „Златна бубамара“ „поентираше“ со две награди ама и со бујното деколте од кое градите прелеваа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-na-zlatna-bubamara-poentirashe-so-dve-nagradi-ama-i-so-bujnoto-dekolte-od-koe-gradite-prelevaa-foto/ Fri, 28 Feb 2020 07:03:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136590

Освен на коронавирусот, вчеравечер целотно внимание беше насочено кон 23-то издание на „Златна бубамара“ на популарноста која  годинава собра повеќе публика во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Публиката имаше очекување само да гледа и да се забавува, а пак јавните личности кои беа и учесници, имаа повеќе работа, односно подготовки на изгледот за настанот. Тамара Тодевска пред манифестацијата имаше цел тим стилисти кои се погрижија да изгледа модерно, урбано, префинето, но и сексапилно со ултра впечатливо деколте од кое градите прелеваа. Тука беше и дада Тијана за да документира со кемарата и да објавува на Инстаграм. Еден од стилистите имаше привилегија да ја мачка со специјална крема на бујното деколте, со кое Тамара поентираше исто како и со двете награди кои ги освои. Имено, евровизиската „Poroud“ доби награда за најдобра песна за 2019 година, а пак Тамра ја зема статуетката со бубамара и за пејачка на годината. Вечерта не помина само со парадирање на сцената, туку Тодевска ги почести присутните со уште една моќна изведба на „Proud“. -Најголемо благодарам за сите што веруваат во мене. Овие две награди немаше да бидат возможни без вашата несебична поддршка. Да се сакаме и да си се гордееме сите. Ве сакам, кажа Тамара и го пренесе своето воодушевување и среќа и на социјалните мрежи.]]>

„Златна бубамара“ на 27 февруари во А1 арена „Борис Трајковски“ https://arhiva.vistina.com.mk/zlatna-bubamara-na-27-fevruari-vo-a1-arena-boris-trajkovski/ Mon, 10 Feb 2020 22:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133047

Во пресрет на 23 издание на нашата најпопуларна манифестација, од штабот на Златна Бубамара го објавија следниов проглас: „Драги наши преживеани  граѓани  и доживотни политичари, нема правда, има Бубамара! Имаме милион и пол  причини  да дојдеме и заедно да уживаме  со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди Нашиот бројчаник врти напред , а кај некои други одзади. Дојдете со вашите чанти, раситнете ја стотката и се ќе биде ОК! Во меѓувреме слушајте лажни вести и дишете еколошко гориво.. Рочиштето е закажано во четврток 27. Февруари во Арена Борис Трајковски Нема правда, нема пара, ама има Бубамара! Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела. Како и секоја година интересот за билети е преголем како и секоја година кога билетите беа продадени за само 45 минути. Настанот ќе се одржи во Арената Борис Трајковски  на 27. февруари 2020 година.]]>