Златко Симионски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 26 Aug 2022 12:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Златко Симионски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Мизар“ се вратија од регионалната мини турнеја со нова песна – „Вечна празнина“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/mizar-se-vratija-od-regionalnata-mini-turneja-so-nova-pesna-vechna-praznina-audio/ Fri, 26 Aug 2022 12:24:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264270

Култниот македонски бенд  „Мизар“ на почетокот на јуни замина на мини концертна турнеја низ регионот, во рамки на која настапуваа во Љубљана, Риека и Загреб. Во сите три музички центри на поранешната заедничка држава публиката со големо нетрпение ги дочека нивните настапи. Сегашната постава има пет члена. Покрај Горазд Чаповски, основачот и единствениот член кој никогаш не ја напушти формацијата, „Мизар“ го сочинуваат и Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас), Александар Ристовски Принц (електрична гитара) и Георги Божиков (тапани). Инспирација за создавањето на новата песна „Вечна празнина“ беше Риека, каде „Мизар“ настапи по долги 17 години. „Сите ние на свој начин ги доживуваме добрите и лошите, среќните и тажните моменти од она што го нарекуваме живот. Во виорот на секојдневието и рутината, често забораваме дека животот е многу кревка појава. Сега си тука, а утре можеби ќе те нема“...Ќе остана само една „Вечна празнина“! Музиката и аранжманот се на Горазд Чаповски, стиховите заеднички со Зоран Тортевски,  а приодукцијата ја потпишува одново лидерот на бендот заедно со продуцентот и тон мајстор Златко Симионски од студиото „До ре ми“. Обвивката на новиот сингл е оригинално слика на македонскиот уметник Никола Пијанманов, чии дела веќе ги илустрираа песните на „Мизар“. Шестото албумско откровение на еден од најзначајните македонски бендови се очекува до крајот на оваа година. Од претстојниот албум, тие веќе ги претставија сингловите „Галеб“, „Доаѓа ден“, „Лузна“, „Гласници на пат“, „1903“ и „Изгорен од ова сонце“. “, а публиката која ги доживеа во живо, можеше да почувствува навистина посебна енергија. Проследете во продолжение како звучи и нивната најнова песна, „Вечна празнина“: ]]>

Култниот македонски бенд „Мизар“ издаде нов сингл – „Messengers of Downfall“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/kultniot-makedonski-bend-mizar-izdade-nov-singl-messengers-of-downfall-audio/ Thu, 07 Oct 2021 12:43:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222269

Култниот македонски бенд „Мизар“ издаде нов сингл под наслов „Messengers of Downfall“. Бендот е со сигурност еден од пионерите на темниот звук на овие простори, дури и по 40 години, создава и изведува подеднакво моќно, предводен од длабоките вокали на Зоран Тортевски, со кого исклучително толкува специфичен израз базиран на словенско црковно пеење. Иако „Мизар“ во основа е рок бенд, звуците на македонските етно и византиски традиции течат низ нивниот звук. Некогаш поизразено, некогаш послабо, секогаш придружено со карактеристичниот вокал на Тортевски, идеално потопен во целокупната темна атмосфера. „Messengers of Downfall“ (во превод „Гласници на падот“) е песна за енергијата на човечката душа, чиј контекст е поразбирлив со преводот, и за која нејзиниот автор вели: „Човекот не разликува добра мисла од лоша, без да знае како енергијата е иста за сите луѓе. “гласници на падот“ се демони, лоши мисли или пораки (дезинформации), додека музиката е порака за добра енергија.“ Музиката е напишана од Горазд Чаповски, гитарист и единствениот постојан член на „Мизар“ од основањето на групата (1981). Сегашниот состав го сочинуваат: Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас) и Златко Симионски (тапани). Вокали во придружба се Петар Георгиевски, Бранко Илиевски и Иван Петковски, аранжманот го потпишуваат „Мизар“ а продукција Златко Симионски и Горазд Чаповски. ]]>