Златко Миладиноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Златко Миладиноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Андоновска во чест на 120 години Илинден ја промовираше новата верзија на народната песна – „Тапан чука мила мамо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-vo-chest-na-120-godini-ilinden-ja-promovirashe-novata-verzija-na-narodnata-pesna-tapan-chuka-mila-mamo-video/ Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312723

Ден пред големиот Македонски празник Илинден, Елена Андоновска на својот YouTube канал најави премиера за песната „Тапан чука мила мамо“. Станува збор за народна песна која доби нов музички аранжман овој пат во соработка со Златко Миладиноски. Песната се снимаше во музичкото студио “Подрумот” во музичка продукција на Ангел Ќосев. Како музички соработници ги слушаме Илија Филиповски – виолина, Даниел Маневски – кавал, Златко Миладиноски – тамбура, Андреј Трајковски – зурла, Марјан Андоновски – ударни инструменти, Горан Гешовски – бас гитара, Томислав Димовски – електрична гитара.   Видео записот е во реализаија на MoonLight Production. Како продуцент и сценарист се потпишува Марјан Андоновски, режисер – Димитар Сеизов, Директор на фотографија – Дарко Елек. Во улога на мајка ја гледаме Лилјана Михајловска, првенка на Ансамблот “Танец” која пензионерските денови ги поминува активно и креативно со голема љубов кон уметноста и македонската култура. Голема благодарност за соработката Елена упатува на Универзитетскиот ансамбл при УГД – Штип, Ансамбл “Македонија”, а воедно и кон Проф. Д-р Владимир Јаневски за уметничката соработка во делот на народната носија. Елена и овојпат совршено го долови спојот на современото и традиционалното па покрај градскиот фустан со кој ја претстави модата на почетоците на XX век, Елена ја гледаме и во уникатна модна креација од модната куќа Елена Лука. Ова не е нивна прва соработка, а мора да признаеме дека оваа модна креација која потсетува на раскошот на жените од митологијата совршено се вклопува во целата видео приказна. Елена вели дека љубовта кон Македонија и Македонската народна песна ја води низ кариерата и успесите. Овој проект е посветен на целиот Македонски народ кој го слави Илинден. Уживајте во звукот на „Тапан чука мила мамо“ и во видео приказната кои влеваат надеж дека македонската народна музика секогаш е во тренд. ]]>

Како Мич Бузалевски од „Преспав“ пропеа, а сега актерот Владо Јовановски станува пејач? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-vlado-jovanovski-propea-mich-buzalevski-od-prespav-stanuva-pejach-foto/ Mon, 28 Feb 2022 09:27:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240879

Како Мич Бузалевски од „Преспав“ пропеа,  а сега актерот Владо Јовановски станува пејач? Владо Јовановски, еден од најпознатите македонски актери кој се прослави особено со филмските улоги на Трендафил Каранфилов во  филмот „Балканкан“, војводата наречен Учителот во „Прашина“  и улогите на Миле односно Мич Бузалевски во хумористичниот ТВ ситком „Преспав“. Беше еден од македонските патриоти „неправедно обвинети“ и притворени за влезот во Македонското собрание во настаните од 27 -ми април, по што трпеше консеквенци од власта и во приватниот живот и во професијата. Откако Јовановски на голема врата, а Бога ми и на бел коњ се врати на ТВ екраните и во актерската професија воопшто, оствари значајна улога во последната сезона на „Пансион Преспав“. Во меѓувреме, покрај подотовката на новие улоги и проекти, осамна веста дека  Мич Бузалевски од „Преспав“ станува пејач?  Или поточо, дека актерот Владо Јовановски пропеа! Не дека и досега не покажал дел од својата вокална умешност, особено во изведбите за време на новогоините изданија на „Преспав“,но ова е нешто сосема друго. Имено Јовановски неодамна престојуваше во музичлкото студиот на браќата Влатко и Златко Миладиновски, каде на нивна покана актерот пропеа. Поточно Владо Јовановски ќе биде гостин во една од новите песни на Влатко Миладиновски. За каков тип на песна, дали е љубовна или патриотска и дали во неа актерот пее сам или во дует со фолк пејачот или само рецитира стихови, засега браќата Миладиновски не откриваат. Судејќи по најавата, ќе да е нешто поврзано со татковината, мајка Македонија, но сепак, тоа се засега само претпоставки. Она што единствено може да се види се фотографиите кои осамнаа на социјалните мрежи, поточно на Фејсбук профилот на фолкерот, каде Владо Јовановски е снимен во нивното студио. Според она што е најавено, веројато фолкерско-актерската комбинација ќе биде не само интресна, туку и успешна! А како пее Владо Јовановски потсетете се од неговата изведба на „Ако умрам ил загинам“ во новогодишното издане на „Преспав“: Фото: Јутјуб/Инстаграм принтскрин/pansionprespav/Фејсбук принтскрин/Vlatko Miladinoski]]>

Татијана Стефановска со чалгаџиска песна – „Горчлив шеќеру“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-so-chalgadziska-pesna-gorchliv-shekjeru-video/ Tue, 18 May 2021 12:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203038

Позната македонска фолк пејачка  на своите обожаватели по долга пауза им го подари својот нов музички дар во вид на песна, насловен „Горчлив шеќеру”. Низ песната провејува мелос со чалгиско-ориентална нишка која на прва  освојува. Љубовта и понатаму останува неисцрпна инспирација за секој текстописец и изведувач, па така е и овој пат кога се во прашање стиховите на песната кои овој пат ги напишала Катерина Солаковска, додека музиката и аранжманот се  на Златко Миладиноски. Уште по првото слушање се чини дека тие одлично си ја завршиле работата.     “Песната се снимаше уште во септември, но заради ситуацијата со короната чекавме погоден момент да ја објавиме. Сега се надеваме и дека ќе почнеме да работиме, па еве како за почеток едно убаво склопено музичко освежување. Нешто многу поразлично од се' што сум снимила претходно”- изјави Татијана во краткиот разговор за „Балкан мјузик“.   За песната нема специјално снимен видеоспот, туку целата чалгаџиска атмосфера е пренесена со настапот на Татијана и токму така склопениот чалгија оркестар во студио, а сето тоа снимено во продукција на Арт Студио. https://www.youtube.com/watch?v=0Mb00MAPliw&t=136s  ]]>

За Игор Андреевски таа е лек за душата – „Илина, најмила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-igor-andreevski-taa-e-lek-za-dushata-ilina-najmila-video/ Thu, 10 Dec 2020 14:10:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180260

Фолк пејачот Игор Андреевски го промовираше видеозаписот за песната „Илина, најмила”. Како што истакна во гостувањето во естрадниот ТВ магазин Естрада плус, станува збор за доста убава песна во ориентален ритам која е дело на Златко Миладиноски. Видео пак го изработи ИН Продукција. „Песната е комплетно дело на Златко Миладиноски, музиката, текстот и аранжманот се негови, а јас сум само изведувач на таа убава песна. Ние соработуваме со Златко и ете така спонтано се случи песната, која што се надевам дека звучи  убаво. Сепак слушателите и  гледачите откако премиерно ќе ја слушнат, ќе оценат дали ќе им се допадне? Јас сум препознатлив по стилот кој е близок до изворниот,а таква е и оваа песна. Гледачите и слушателите  имаат можност да уживаат во еден брз, жив, ориентален ритам. Ќе ја опееме Илина, за некого сакана мајка, ќерка, внука, девојка...“  -вели Игор. Младиот пејач додава дека секогаш треба да се твори нова музика, односно да и се подарат нови песни на публиката. Затоа тој и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и подготовка на нов материјал. Во продолжение погледнете го видеозаписот за „Илина, најмила”! https://www.youtube.com/watch?v=ZJZJq6WVgWw&feature=emb_logo]]>

Дамјан Стојаноски случка од својот живот преточи во емотивна фолк балада – „Останав сам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/damjan-stojanoski-sluchkata-od-svojot-zivot-ja-pretochi-vo-emotivna-folk-balada-ostanav-sam-video/ Thu, 23 Apr 2020 12:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146266

Најновата песна на наследникот на легендарниот Војо, неговиот син Дамјан Стојаноски, која носи наслов „Останав сам”, веднаш штом се појави наиде на многу позитивни реакции во јавноста. Се работи за еден вид емотивна фолк балада на која како автор на музиката и стиховите се потпишува самиот Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски, додека песната е снимена кај Љупчо Соколовски во студиото „Сити саунд“. Доказ дека она што е добро народот самиот веднаш го прифаќа се бројните коментари на социјалните мрежи кои Дамјан ги добива секојдневно, но и коментарите на неговиот Јутјуб канал каде што е објавен спотот. “Ех само колкумина ќе се пронајдат во песната, но само луѓе со чисто и искрено срце можат да го почувствуваат тоа. Браво Легендо” ! “Секоја чест братче, ме наежи.” “Ежењее братче , ја испеа суровата реалност во денешниов свет. Да ми живејш !” Секоја чест... Ако не пее тој на мојата свадба, не се женам” - само некои од коментарите. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дамјан откри дека станува збор за емотивна балада во која што се опејува вистинска случка од неговиот личен живот. „Песната се вика 'Останав сам' и некој можеби ќе си рече: Како сам, тука му е семејството, но тоа 'сам' е малку метафорично кажано, бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома седејќи пред пред каминот. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето“- истакна Дамјан. Вие преслушајте ја ако до сега не сте ја слушнале и погледнете го видеото за новата песна „Останав сам“ на Дамјан Стојаноски: https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=igSn45KSjdg&feature=emb_logo  ]]>

Бојан Дамјаноски започна боемски со – “Прва и последна” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojan-damjanoski-zapochna-boemski-so-prva-i-posledna-video/ Tue, 21 Apr 2020 13:04:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145847

Кичевчанецот Бојан Дамјаноски го започна својот авторски проект насловен “Боемски”, а првата песна како и прва негова авторска е песната “Прва и последна” која конечно ќе исплива како песна со јасен уметнички израз и мелос! “Овој проект како и овој стил на музичко изразување ми беше во глава уште од оддамна.Само чекав да дојде вистинскиот момент на музичко созревање па да стартувам со работа на она што навистина ми излегува од душата, она боемското!” Зад оваа песна тој самиот се потпишува како автор на музиката, а текстот го напишаа заедно со Стефан Симјаноски. За аранжманот беше задолжен Златко Миладиноски, а е снимена во студиото на Анѓел Ќосев  - “Подрумот”, кој го ставил својот продуцентски печат на песната. Во најава е и втората авторска песна па по неа и албумот или така наречениот проект “Боемски”, останува да уживате во деби боемската нумера на Бојан. https://www.youtube.com/watch?v=ywjH7uF2A-Y&feature=emb_logo  ]]>

Татијана Стефановска благослови роднини, пријатели со – „На свадба ми дојдоа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatijana-stefanovska-blagoslovi-rodnini-prijateli-so-na-svadba-mi-dojdoa-video/ Mon, 16 Mar 2020 13:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139770

Една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада, Татијана Стефановска, го објави спотот за нејзината најнова песна која носи наслов; „На свадба ми дојдоа”. Како што кажува и самиот наслов, станува збор за песна со свадбарска тематика на која што како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напишал Драган Матески. Песната „На свадба ми дојдоа”, Татијана ја снимала во студиото „ХЛ“ на Дејан Момироски. „Една убава свадбарска тема, позитивна, а свадбата ја опишува невестата. Таа кажува за гостите кои што ги чека од туѓина да дојдат и заедно да се веселат на нејзината свадба. Во оваа песна можат да се пронајдат сите оние кои што имаат таков убав момент, како што е свадбата. Сепак,најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина, односно невестата“ - истакнува Татијана во интервју за сателитската ИН ТВ. Снимањето на спотот се одвивало во домот на Татијана и уште на неколку локации низ Охрид во соработка со ИН Продукција. Нејзините очекувањата се песната да биде добро прифатена од јавноста и да заживее меѓу народот. Татијана се надева дека „На свадба ми дојдоа” ќе се пее на македонските свадби, но и на другите семејни прослави. Во продолжение погледнете го спотот: ]]>

Влатко Миладиновски го опеа сонот на секој Македонец што живее по белиот свет во – „Се вратив сине“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-miladinovski-go-opea-sonot-na-sekoj-makedonec-shto-zivee-po-beliot-svet-vo-se-vrativ-sine-video/ Sat, 21 Dec 2019 11:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125165

Голем број Македонци, поради одредени причини заминале од родната земја, но со намера и сон еден ден да се вратат назад да живеат во Македонија. Каде и да се низ светот, повеќето од родителите сакаат нивните деца да ги оженат во родната земја. Токму ова, го опеа познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски во неговата последна песна “Се вратив сине”. За оваа песна, тој сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето се одвиваше во неколку градови низ Швајцарија, но и на планината Козјак. „Тоа беше и целта, да биде со такви кадри и такви моменти... Има доста Македонци кои што живеат тука, има доста и како нас кои поминале и виделе, така што и тоа ќе и даде своја симболика на песната во која  е опеана приказна на секој еден Македонец што живее некаде по овој бел свет“ - појасни Миладиноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ. Со оглед на тоа, што песната има доста  текст и е посветена на сите Македонци кои живеат далеку од родната Македонија, Влатко се надева дека многу нашинци ќе се пронајдат во неа. „Ова е приказна за многу Македонци кои што живеат насекаде по светот. Се надевам дека со спотот ќе се оформи таа цела приказна да можат и физуелно доживеат и верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во песната што испеав“ - додава тој. Инаку, песната “Се вратив сине” е сместена на третиот студиски албум на Влатко. Музиката и аранжманот се дело на неговиот брат Златко Миладиноски, а текстот е на Драган Матески. Спотот беше неодамна промовиран на сателитската ИН Телевизија, а може да го погледнете во продолжение: Извор:Естрада+]]>