златен тепих – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 13:48:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png златен тепих – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ева Јовановска покажа отворени намери дека не може без живот пред камери: Водителката од „Бекстејџ“ сега ќе чекори по „Златниот тепих“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eva-jovanovska-pokazha-otvoreni-nameri-deka-ne-mozhe-bez-zhivot-pred-kameri-voditelkata-od-bekstejdh-sega-ke-chekori-po-zlatniot-tepih-foto/ Thu, 25 Jan 2024 10:05:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336188

Ева Јовановска или како што сите повеќе ја знаат како Евче... Млада, згодна, привлечна, симпатична,  необична… Манекенка и модел, танчерка и некогашна водителка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ од кој заради икс причини кон крајот на минатата година си замина. Во меѓувреме се појави како водителка не една - две манифестации, како ПР на една промотерско-продуцентска куќа, па реши да му се врати одново на танцувањето и посвети на инфлуенсерството. Армо ама, убавата 20-годишна тетовка како да не ја држи место да ја нема на ТВ екраните, па Евче  покажа отворени намери дека не може без живот пред камери и реши одново да застане пред нив, во првата прилика штом таква и се укажа. Hајгледаниот и најпознат естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ оддамна се покажа како школа за фабрикување млади кадри за себе но и за некои други емисии, па дури и оние кои се обидуваат да бидат конкурентни на нивните содржини. Така, Миро Кацаров - некогашниот водител на „ТВ магазинот од зад естрадната сцена“ пред три години посака и реши по секоја цена да биде „прва виолина“ во сопствениот „естраден ТВ свет“, правејќи го својот „Golden carpet“ . Откако низ него продефилираа неколку водителки, најновото водителско засилување кое сега ќе чекори по „Златниот тепих“ е токму една од наследничките на неговиот основач, кога тој замина од „Бекстејџ“. Доскорешната водителка на „ТВ магазинот од зад сцената“  Ева Јовановска е принова во емисијата кај оној, кого токму во „Бекстејџ“ го наследи. Имено, од 1-ви февруари Ева Јовановска ќе биде дел од екипата на „G - Сarpet“. Како водителка или новинар кој ќе подготвува прилози или можеби и двете останува да видиме откако Евче ќе зачекори по „Златниот тепих“. За едни родена, за други „умрена“ да биде пред камери, сеедно... Кој како сака може да ја толкува, но факт е дека убавата и згодна тетовка ќе ја збогати и содржински и визуелно емисијата која претендира да биде најгледана во својата сфера. Харизмата и шармот пред камери од една страна, ама и телесната убавина од друга, ја прават сексапилната Евче доволно привлечна и атрактивна на „Златниот тепих“ да му ја качи гледаноста, а таа самата себе си одново, да си ја крене популарноста! Фото: Инстаграм/ miroslavkacarov/_evce_
]]>

Ведрана Ѓорѓевиќ со големи промени во 2023-та: Водителката заминува од „Златниот тепих“, но и се сели пред олтар… или тоа само така изгледа? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vedrana-gorgevik-so-golemi-promeni-vo-2023-ta-voditelkata-zaminuva-od-zlatniot-tepih-no-i-se-seli-pred-oltar-ili-toa-samo-taka-izgleda-foto/ Fri, 13 Jan 2023 08:14:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284019

Атрактивната ТВ водителка и модел Ведрана Ѓорѓевиќ  во новата 2023-та година влегува со најава за големи промени. И приватни и професионални. Имено, во естрадно-медиумските кулоари веќе наголемо се зборува дека долгоногата убавица на крајот од јануари си заминува од Канал 5. Или поточно од „Златниот тепих“ по кој чекореше и го водеше од самото негово востановување како естрадно-забавен продукциски ТВ проект, заедно со својот колега Миро Кацаров. Имало ли концепциски недозразбирања, мешање во работата, непочитување на договорот, едноставно „секнал“ финансискиот прилив од спонзорите или е во прашање нешто сосема трето? Шпекулациите дополнително ги подгреја и фактот дека убавата водителка веќе подолго живее заедно со својот партнер во Скопје, инаку момче од Србија, па затоа конечно решила врската да ја озакони со брак и да застане пред олтар. Фотографиите на кои Ведрана се појави во венчаница, меѓу кои и онаа профилната на нејзиниот Фејсбук, како дополнително да ги зачинија ваквите претпоставки за кои се почесто почна да се говори дека „каде што има чад, мора  да има и оган“?  Овој пат љубовен, со тенденции наскоро да се распламти и прерасне  брачно-семеен? Сите овие тврдења или поточно нагаѓања, Ведрана не сакаше многу да ги објаснува во детали.Таа во куса изјава за порталот „Музика24“ само изјави дека едноставно на крајот од месец јануари 2023-та и истекува договорот и нема повеќе да биде дел од споменатата ТВ емисија. “Дел сум од “G-Carpet” додека трае договорот на моите спонзори, а тоа е крај на јануари. Ако имате такви сознанија од неофицијални извори, верувам дека ви било кажано зошто нема да соработуваме повеќе. Не станува збор за некакво недоразбирање со Миро, не знам од каде сето тоа, тоа се само шпекулации. Што се однесува за стартување на нов тв проект, секако тоа не е исклучено, но за сето тоа ќе Ве известам кога ќе дојде време за тоа. Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам“ - ќе потврди убавата водителка. А фотографиите во венчаница, дали се подготовка или поточно генерална проба за нејзиниот нов живот, Ведрана вака ги објаснува: „Освен тоа, периодов работам и на претстојниот Саем на венчаници што ќе се одржи од 10-ти до 12-ти март во Скопје, каде ќе бидам водител-промотер”, ќе изјави Ведрана! Неофицијално, сепак информациите говорат дека иако заминува, Ведрана Ѓорѓевиќ брзо ќе се врати на ТВ екраните. Или барем во медиумскиот бизнис, зашто како пшто наголемо се зборува, еден голем мобилен оператор од соседството кој веќе е влезен во Македонија и нуди телекомуникациски и интернет услуги, а наскоро отвора и своја телевизија, па Ведрана ќе биде едно од првите ТВ лица во тој нов голем  проект!? А, за олтарот...? Веројатно и тоа ќе дојде... Кога ќе и дојде денот... Ако веќе не е дојден?! Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vedrana_edrana/miroslavkacarov