жизел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 13:09:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жизел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Народниот театар од Белград на гости во МОБ со балетската претстава „Жизел“ https://arhiva.vistina.com.mk/narodniot-teatar-od-belgrad-na-gosti-vo-mob-so-baletskata-pretstava-zizel/ Thu, 15 Dec 2022 13:09:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280287

Во рамките на неодамна потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен Балкан“, кој е во насока на посилно поврзување на најважните национални културни институции на 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската опера и балет, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Леонид Лавровски според Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа. Кореографска реализација: Катарина Обрадовиќ , костимографијата е на Божана Јовановиќ, а сценографијата на Борис Максимовиќ, концерт-мајстор: Климент Тодороски. Во насловната улога ќе настапи Бојана Жегарац Кнежевиќ, во улогата на Алберт ќе настапи Хозе Иглесиас, а во улогата на Хиларион ќе настапи Никола Бјанко. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет.]]>

Премиера на балетската претстава „Жизел“ https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-baletskata-pretstava-zizel/ Fri, 29 Oct 2021 12:54:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225269

На сцената на  Македонската опера и балет на 30 октомври со почеток во 20.00 часот, после 22 години со обновена верзија ќе се одигра балетската премиера „Жизел“. „Жизел“ – магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам. Адаптацијата на кореографријата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, според кореографијата на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски. Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб. На премиерата со оркестарот на Национална опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ. Костимите се дело на нашиот долгогодишен соработник, познатиот костимограф Александар Ношпал, кој за оваа балетска премиера заедно со Михајло Стојановски ја изработија и сценографијата. Репетитори се Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска и Билјана Пашариковска. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Задолжително е носење на заштитна маска.]]>