животни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Sep 2023 06:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png животни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Снеже Велков сака да ве потсети на „нејзините“ 10 заповеди… не се Божји, туку се животни и подеднакво важни и вредни (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-saka-da-ve-potseti-na-nejzinite-10-zapovedi-ne-se-bozhji-tuku-se-zhivotni-i-podednakvo-vazhni-i-vredni-foto/ Wed, 27 Sep 2023 06:48:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319827

Библијата, таа света книга која е и најчитана и најпродавана во светот на сите времиња. Во неа многу поучни нешта, меѓу кои и познатите „10 Божји заповеди“... Знаете веќе: не убивај, не лажи, не кради, не врши прељуба... Или во една реченица, не го прави сето она што не сакаш да ти го прават на тебе! И нема човек кој не ги знае, не ги прочитал или барем слушнал иако многумина баш и не се држат до нив и не ги применуваат. Напротив! Во овој свет на изопачености, во ова денешно време и таканареченото „ново нормално“ се повеќе за такво се смета сето она што е ненормално. Она другото пак од Бога дадено, на што не учи Библијата како да е потиснато, потценето и заборавено. Но, не е баш така кај сите и секого. Се' уште мнозинството знае што се тоа вредности и вредносен систем, што е култура, однесување, почитување, емпатија, карактер, достоинство... Иако за нив можеби нема пишани правила или пак има, ама не се собрани на купче, на едно место, има луѓе кои ќе ве потсетат дека  животните кодекси на однесување се подеднакво вредни. Македонската ТВ водителка Снеже Велков  и овој пат има да ви каже „нешто конкретно“... Не во својата емисија, туку онака, сосема лично и тоа јавно. Чисто за да ве потсети како да бидете „најдобрата верзија од себе си“. Нејзините „10 заповеди“ не се Божји, туку се животни, но подеднакво важни и вредни... За да (о)станеш човек, во вистинска смисла на зборот! Еве ја нејзината „златна десетка“ животни мудрости:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

1. Кренете ја главата горе, ама не и носот. 2. Љубете, ама немојте да молите за љубов. 3. Имајте самодоверба, ама немојте да бидете самобендисани. 4. Зборувајте, ама научете и да слушате. 5. Дозволете да ве имаат до себе, но не и да ве поседуваат. 6. Јадете, ама немој да се прејадувате. 7. Имајте свои ставови, ама не држете се слепо за нив ако не иде. 8. Имајте своја цена, но немојте да сте на распродажба. 9. Дозволете да ве платат, но не им дозволувајте да ве купат. 10. Бидете мудри, не тврдоглави. Веројатно има уште многу тоа... Или можеби секој од вас има и своја дузина поуки да додаде на овие „десет нејзини“... Сеедно, едно е сигурно: Придржувајте се кон она што е најдобро за вас, ама не на штета на другите околу вас. Оти линијата е тенка, ама штетата е голема! Фото: Инстаграм/velkovsneze
]]>

Разголени пожарникари позираа со напуштени животни, а жените посакаа да ги вдомат мускулестите херои (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/razgoleni-pozarnikari-poziraa-so-napushteni-zivotni-a-zenite-posakaa-da-gi-vdomat-muskulestite-heroi-foto/ Wed, 23 Nov 2022 12:20:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277127

Откако беше лансиран пред 30 години, австралискиот календар на пожарникари донира милиони долари во добротворни цели. Овој календар со полуголи пожарникари стана најпопуларниот календар во светот.
Средствата од продажбата на календарите во последните три децении се наменети за истражување за изнаоѓање подобри методи за лекување на тешки изгореници кај децата. Календарот, исто така, има горда историја на поддршка на засолништа за животни и Byron Bay болницата во која се лекуваат диви животни.
Згодните мажи за божиќното издание на календарот позирале со напуштени животни со цел што поскоро да најдат посвоители, но и сите пари од продажбата на календарот одат за грижа на овие преслатки мачки и кучиња. Ова, како и секое ново издание на календарот, воодушеви милиони жени ширум светот.
„Дали е реално колку се згодни“, „Убави се“, „Тие се сè што сакам за Божиќ“, „Се надевам на ова под елката“, „Може ли него да го вдомам?“, се дел од стотиците коментари. фото:Инстаграм]]>

Се шири семејството на Шерифовиќ: Марија откри кој се вселил во нејзиниот стан, па ги разнежни сите со фотографијата (Фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-shiri-semejstvoto-na-sherifovikj-marija-otkri-koj-se-vselil-vo-nejziniot-stan-pa-gi-raznezni-site-so-fotografijata-foto/ Tue, 26 Apr 2022 08:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247453

Пејачката и победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ е позната по љубовта кон животните, а нејзиното куче Хак, кое со години ја следи во добро и лошо, неодамна наполни четири години, па Шерифовиќ подготви торта со неговото име. Меѓутоа, неодамна нејзиниот дом е побогат за уште еден член, кој ни го  покажа на Велигден.  Станува збор за зајак, кој таа го нарече Зек. Освен што им го честиташе празникот на обожавателите и придружниците, пејачката го претстави и Зек. - Драги и добри луѓе, Христос Воскресе. Бидете храбри, чесни, вредни, мудри и простувајте. Домот на Шерифовиќ од денеска е побогат за уште еден член. Се вика Зек. Велат дека ова животно значи зора, создавање, нов почеток, раѓање на живот, долговечност и среќа... Така нека биде“ - напиша Марија под фотографијата со зајакот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Марија го прослави празникот со својата мајка Верица, а како двете го поминаа времето со Хак и Зек, останува допрва да видиме. Фото:Принтскрин/Инстаграм/serifovic

Карлеуша откачи со стајлингот: Во прифатилиште за животни комбинирала тренерки и високи потпетици, гаќичките повлечени до папок (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-otkachi-so-stajlingot-vo-prifatilishte-za-zivotni-kombinirala-trenerki-i-visoki-potpetici-gakjichkite-povlecheni-do-papok-foto/ Fri, 01 Apr 2022 06:35:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244978

Поп- фолк ѕвездата Јелена Карлеуша уште еднаш се појави во стајлинг со кој сите ги остави без здив, а ретко кој би се осмелил да ги искомбинира овие парчиња облека. При посета на  прифатилиштето за напуштени животни, однела  храна и рекла дека секогаш е подобро да се посвојува отколку да се купува! Облечена во тренерка со засеци на колковите,  гаќичките повлечени над папокот, кратка спортска дукс јакна која го истакнуваше бујното деколте и на сето тоа со  проѕирни потпетици кои совршено се вклопуваат во оваа комбинација. Иако многумина би помислиле дека сето ова не оди добро, на Карлеуша и приличи одлично! Пејачката е голем љубител на животните, па секогаш нагласува дека не јаде месо и не носи материјали од животинско потекло. Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/с.стојановиќ/Мондо]]>

Мелита одново се разголе: Бујни гради, набрекнати брадавици и три животни совети од македонската убавица (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-odnovo-se-razgole-bujni-gradi-nabreknati-bradavici-i-tri-zivotni-soveti-od-silikonskata-ubavica-foto-video/ Sat, 12 Dec 2020 07:50:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135601

Некогашната ТВ водителка и позната трендсетерка Мелита Ракичевиќ деновиве одново реши да замине надвор од дома. Скопје е енормно згадано во секој поглед, а Маврово ако не друго, барем нуди ивописна природа, чист воздух и можности за релаксација на телото и душата. Затоа Мелита реши овие природни убавини наголемо да ги искористи ем за себе, ем за уште еднаш да ги покаже своите телесни убавини. До душа не баш до крај природни, но сепак привлечни и во секој случај повеќе од доволно атрактивни за оние, со кои македонската трендсетерка ги споделува преку својот Инстаграм. Мелита и овој пат реши телесниот раскош да го сподели, ама овој пат заедно со неколку практични совети за живот. Онакви, какви што таа ги спознава и практикува во своето секојдневие... Па кој смета дека треба да ја следи, нека ги прифати и примени! Во секој случај, расната убавица легната во постела само по бела, речиси проѕирна маичка одново потесети колку е бујна... однапред. При тоа, давајќи го својот прв совет, за тоа што е љубов: „Често нашето - никогаш веќе, се претвора во: само уште овој пат...Ееее, па тоа е љубов“! Обожавана, сакана, но и неретко критикувана за својот начин на живот и особено за слободата на фотоизразување преку своите разголени фотографии на социјалните мрежи, Мелита во уште една слична поза, подготвена за акција, сподели нова доза провокација, заедно со својот втор животен совет за нејзините следбеници: „Не е ништо погрешно, ако те прави среќен“ - вели таа,  истовреме усреќувајќи ги илјадниците фанови, кои погледот не го одлепуваат од нејзините фотографии на кои доминираат големите гради и набрекнатите брадавици кои како „ѓаволски рогчиња“ само што не ја пробиле маичката на македонската убавица. И конечно, погледот застанува малку погоре... Очи в очи со убавото нашминкано лице... Пуштете ги очите да зборуваат, а во исто време додека Мелита ви ја поттикнува волшебната игра на сетилата, слушнете го и третиот нејзин совет, кога е животната игра во прашање: „Животот не е само да имаш добри карти, битно е добро да одиграш, дури и кога се лоши“ - ве советува таа, држејќи се до тезата дека ништо не е онака, како што изгледа. Или како што самата Мели вели: „Она што навистина сме е многу поважно од она што луѓето го мислат за нас“! Не знам, Вие, што мислите, но Мелита живее онака како што таа мисли дека треба... Што е можеби и најдобриот пример, наместо совет. Впрочем, не попусто рекле: „За да бидеш среќен, престани да го правиш она што те прави несреќен“. Рецептот е едноставен, зарем не? А Мелита тоа оддамна го практикува!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ?MELITA ?Stay Classy? ♏️ (@melitameli) on

Теодора Џехверовиќ позираше по долна облека меѓу животни, фановите ја „плукнаа“: „Гола меѓу овци, без стил и смисла“ https://arhiva.vistina.com.mk/teodora-dzehverovikj-pozirashe-po-dolna-obleka-megju-zivotni-fanovite-ja-pluknaa-gola-megju-ovci-bez-stil-i-smisla/ Thu, 26 Nov 2020 10:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178187

Популарната пејачка Теодора Џехверовиќ објави сет од неколку фотографии на кои позира во провокативна долна облека, а околу има животни. Имено, таа позира во долна облека, нашминкана и со високи потпетици. На една објава дури држи и јаре во прегратки. Овие нејзини неколку фотографии изгледа како „селска сцена“ на филм.
„Мојата омилена, јаре“, напиша пејачката во описот на фотографијата. Овој потег не им се допадна на нејзините следбеници, па ја нападнаа на социјалните мрежи. „Носиш танга додека се играш со јаре?“, „Што ти е ова?“, „Што е ова Господе?“, се само некои од коментарите. Некои од фановите имаа и позитивни коментари на нејзиниот изглед, но преовладуваа негативните. „Смешно. Гола меѓу овците, без стил и смисла. Ужас“, „Како некоја старлета“, „Го жалам мажот кој те финансира“, продолжија фановите со критики]]>

Лила од магаре на коњ, па на… слон: Тие никогаш не забораваат… особено, ако нежно ги погалиш по сурлата! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-od-magare-na-konj-pa-na-slon-tie-nikogash-ne-zaboravaat-osobeno-ako-nezno-gi-pogalish-po-surlata-video/ Thu, 18 Jun 2020 07:43:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154258

Лила Филиповска уште еднаш покажа и докажа, дека е вистински љубител на животните. И тоа од сите видови и врсти. И домашни и диви. И месојади и тревопасни. Впрочем, на сите им е добро познато дека Лила дома чува маче. Или поточно мачор... Рагнар! Разгален до бесвест, големиот бељаџија сепак е и голема „љубов“ на водителката, па колку и да ја „оплеска“ работата правејќи некоја пакост по дома, сепак Лила му простува, зашто не може да му одолее. По теркот на некои други колешки од естрадно-телевизиската фела, Лила куче се' уште не решила да земе да чува, што не значи дека не можете да ја видите со куче во скут или во прегратки... Ама само за на слика или поточно само за на реклами, преку кои македонската водителка ги споделува своите инфлуенсерски способности, како алатка за екстра надополнување на сопствениот буџет. Дека од домашните животни само мачињата и кучињата не и се на дофат, Лила покажа неодамна, кога со колегата Зоки Фаци, кој патем е голем љубител на јавањето, се дружеше со малото магаренце или поточно магарица Тики. Тогаш водителката потврди дека колку што таа ги сака животните, тие неа ја сакаат двојно повеќе, зашто Лила има чудна харизма, па секој што ќе го погали зад уши, добива желба да и ѕирне под фустан! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lila-ima-chudna-harizma-sekoj-shto-kje-go-pogali-zad-ushi-dobiva-zelba-da-i-dzirne-pod-fustan-video/ Деновиве Лила и Фаци одново се дружеа со прекрасните суштества од семејството копитари, со тоа што водителката реши и самата да си ги провери  јавачките вештини. Коњичкиот клуб „Бравадос“ и манекенката и модел Цеце Орешкова беа нивни домаќини, а водителката реши да оди на „се или ништо“, по што се покажа дека сепак „по нешто“ и умее... Барем кога е јавањето во прашање, па уште во старт ја најави својата џокејеска дарба. „Качи се моме на коња“... или поточно, качете ме вие, најпрвин бараше Лила, а набрзо потоа молеше да ја симнат. Како и да е, како за прв пат - добро е, а и напредокот е евидентен. Што би рекол народот: „Од магаре на коњ“! https://www.youtube.com/watch?time_continue=98&v=KDkk5cnhH_I&feature=emb_logo Но, како што споменавме на почетокот, Лила не ги сака само домашните животни, туку водителката дивите животни просто ги обожава. Доказ - селфито со тазе пристигнатите розови фламинга во скопската Зоо... Или „безгрижните шепотења“ со лемурите на истата локација, некој метар понатаму. Но, сепак, оние што најмногу и најдолго памтат се слоновите. Тоа и самата Лила го напишала во постот под споделената фотографија и видеото направени при најновата посета на водителката на Скопската зоолошка градина. А таму, нова средба на старите пријатели. Малку дружење, троа муабет, и понекое подароче од Лила. Банана за утринска храна и зацврстување на довербата, но и освежување на меморијата од типот: „Да не се знаеме од некаде?“ Впрочем, како што самате рече: „Тие никогаш не забораваат“... Особено, ако нежно ги погалиш по сурлата! Толку суптилно, што на сурлата ќе им се исправат сите влакна, па ќе почувствуваш како нежно те боцкаат по твојата рака.
 
View this post on Instagram
 
They say an elephant never forgets ??? . #elephant #love #zoo

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Но, не се само доброто хранење и нежното галење причина за слоновското сеќавање на Лила. Тие навистина никогаш не забораваат... Особено, добро се сеќаваат кој се грижел за нивната лична хигиена, да го собере бербатот после потребата физиолошка, кога за прв пат пристигнаа во скопската зоолошка! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lila-trgna-da-se-slika-vo-tigresti-bikini-vo-zoo-kaj-tigarot-a-zavrshi-so-lopata-i-kolichka-kaj-slonot-video/    ]]>

Парада за правата на животните: „Шепологија“ на 13 октомври во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/parada-za-pravata-na-zivotnite-shepologija-na-13-oktomvri-vo-skopje/ Sat, 12 Oct 2019 10:12:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112212

Првата парада за права на животните ќе се одржи на 13-ти октомври: „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори“ Првата парада и фестивал за подигнување на свеста за хумано однесување кон животните, ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, кој организаторите го нарекоа „Шепологија“. „Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори. „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РСМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк со група учесници. Имено, Ноќните Волци и останати членови на мото клубови, возилото со музика со химната на парадата, танчерската група Беатрикс, тапанарите Skopje Drumline и поворката од граѓани и активисти ќе извршат едно позитивно двочасовно парадирање низ улиците сè до 15 часот кога се очекува пристигнување во Градскиот парк. Овде започнува и вториот дел од настанот, пред Школка, каде ќе се случува музички хепенинг и ќе вклучува и многу други учесници. За музичката програма ќе се погрижат: DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers. Модератор на настанот ќе биде добро познатиот залагач за животните и природата и секако за луѓето - Ване Маркоски, кратко дефиле ќе изведат дечињата од Агенцијата Моделс ИН, а гостите ќе можат да пробаат од вкусната храна на Ресторан Маркт и Ресторан Фрешис, како и да се освежат со убавите пива на Пивара Темов и уникатните кафиња на Крем Кафе. Фестивалот е предвиден да трае до 22:30 часот. Од организацијата „Шепасти ентузијасти“ повикуваат да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблестен и хуман.]]>

Лила со мачор на лустер, Зоки – Фаци со магарешки бакнеж ве канат на парада – не на геј, туку на парада за права на животните! https://arhiva.vistina.com.mk/lila-so-machor-na-luster-zoki-faci-so-magareshki-baknez-ve-kanat-na-parada-ne-na-gej-tuku-na-parada-za-prava-na-zivotnite/ Mon, 07 Oct 2019 07:52:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111127

Македонија уште не го ни „помирисала“ влезот во Европа и тешко дека наскоро и ќе припириса до датум за почеток на преговори клечејќи во европската чекална, ама затоа европските вредности со раширени раце, а Бога ми и нозе ги пречекуваме. Парадата на гордоста на „гордите“ беше и помина, сега на ред е парадата на домашните и не само домашните миленичиња, иако нивните сопственици се исто толку, па и повеќе горди на своите галеничиња, колку и „гордите“ на својата сексуална определба! Да не се разбереме погрешно дека некој има нешто против, таман работа. Убаво да се сака, да се шири позитивна енергија, љубов, да се има емпатија како кон луѓето, така и кон животните. Зашто и тие се души, па затоа и треба да имаат свои права! Како оние што ги чуваат, што треба да имаат свои обврски. И кон нив, и кон околината! Само што кај нас во се' живо, па и во овој сегмент  работите се малку исчашени. Што повеќе се апелира, прокламира, развива свеста преку јавното мислење за домашните животни и миленичиња, толку повеќе мачки и пци - скитници има по улиците!? Нејсе, ама тоа е друга тема на муабет, а муабетот нам ни беше дека кај нас манифестацијата која за прв пат ќе се одржи, а се однесува на правата на домашните миленици и белким животните воопшто, ја поддржаа многу познати и јавни личности. Многумина од нив и самите чуваат домашни миленичиња, па некои дури и ја на своите профили на социјалните мрежи ја најавија првата „шепарада“, насловена „Шепалогија“! Меѓу првите таа, најдобрата и најпопуларна македонска ТВ водителка Лила Филиповска, која манифестацијата ја најави со кусо видео на Инстаграм... Со својот мачор Рагнар в раце. Или закачен на кристалниот лустер, сеедно. Зависи кому што му е поважно...мачорот или лустерот! На Лила  - обете!
Ако Рагнар го откачи и скрши - тука се спонзорите! Или пак водителката ќе си купи нов! Проблемот е само ако лустерот му падне на глава на мачорот! Потоа заедно со газдарицата правата ќе мораат да ги бараат или кај оние што го местеле лустерот или кај оние што го местеле гипс-картонот на плафонот?! А може и осигурувањето ќе плати, ако е станот, односно мачорот осигуран? Единствено, пу, пу... с краја да е, само да не биде, жал ми е, дај друга мачка!?
Доскорешниот водител на 1ТВ и новинар на порталот „Либертас“, Зоран Василевски, познат како Зоки - Фаци, има поинаква љубов кон животните. Овој пат - магарешка! Затоа и со магарешки бакнеж изрази емпатија кон нив, со што случајно или намерно во вистински момент се вклопи во најавата на претстојната „шепарада“... Или не? Зошто неговиот љубимец со кого Фаци разменува бакнежи на своите усни румени, нема шепи. Копитар е! И сега што правиме со името на животинската парада „Шепалогија“?  Кај се оние како Фаци што се љубители на магарешка љубов? Безусловно! Или оние што имаат цела ергела коњи, па оние што по дома како миленичиња чуваат риби, птици, желки, гуштери, питони, пајаци...? Нивните домашни миленичиња не се животни, не се домашни миленичиња и немаат права?  Или се обесправени, зашто немаат шепи? И како што е кај нас се' поделено и поларизирано, како на секој протест што има и контрапротест, на секоја парада и контрапарада, можете ли да замислите на „Шепалогија“ да се појави група или маса на сопственици на домашни миленици што немаат шепи, која протестира зашто нивните галеничиња не се вклучени во „шепарадата“ и се игнорирани, а со тоа обесправени? Па како што е редот, да почнат да прават секој своја парада: „Копитологија“, „Клунологија“, „Рибологија“, „Влекачологија“, „Членконогологија“...!? Шегата на страна, Вистина.ком.мк сесрдно ја поддржува првата „ШеPAWлогија“ што ќе се одржи на 13 октомври во Скопје!    ]]>

5 лекции кои луѓето ги учат предоцна во животот https://arhiva.vistina.com.mk/5-lekcii-koi-lugjeto-gi-uchat-predocna-vo-zivotot/ Fri, 22 Feb 2019 14:30:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74299

Најголем дел од луѓето чекаат многу години за да почнат да ги живеат своите најдобри животи. Постојано ги одложуваме работите за утрешниот ден. А, потоа си велиме дека е предоцна за некои нешта. Не дозволувајте ова да биде дел и од вашиот живот. Донесете одлука утрешниот ден да биде почетокот на вашиот нов живот. Искористете го времето за да сакате, да се смеете, да учите и простувате. Животот е многу пократок отколку што често мислиме. Ова се 5 лекции кои луѓето ги учат премногу доцна во нивниот живот. Секој момент е дел од вашиот живот Вашиот живот не се состои само од важните настани кои вие сте решиле да ги паметите. Тој е сето она што се случува меѓу вашите вдишувања. Вие сте присутни во сегашноста. Затоа, живеете го секој момент целосно, со љубезност, мир и хармонија, без страв и каење. Исто така, направете го најдоброто што можете во секој момент, бидејќи тоа е највеќе што можете да очекувате од било кого, вклучувајќи се и себеси. Животот е борба Ова е вашиот живот и треба да се борите за него. Борете се за тоа што е праведно, борете се за тоа во што верувате. Борете се за сите нешта кои ви се важни, за луѓето кои ги сакате. Потсетете дека сте среќни бидејќи имате луѓе кои ве сакаат и бидејќи сте живи и здрави. Тоа што ви е потребно, барајте го и борете се за него. Жртвата која ја правиме денес се исплати во иднина Кога станува збор за напорното посветување на нашите цели, едно нешто кое треба да се запрашаме е следното: Дали сум подготвен/а да се откажам од неколку  месеци или години од својот живот за да го постигнам тоа? Одговорот на тоа прашање ќе ви даде одговор кои нешта ви се важни во животот. Односот со самите себеси е најважниот однос кој ќе го имате во својот живот  Можете да барате од другите да бидете сакани, да очајувате поради вашето скршено срце, или пак постојано да барате одобрување од другите. Сепак, на почетокот и на крајот на денот, најважно е да имате здрава врска со самите себеси. Да се чувствувате вредни и прифатени во своите очи, за да можете со самодоверба и блескави очи да погледнете во другите околу вас. Животот е убав, но тој носи и малку болка Животот е составен од многу патеки и на некои од нив ќе одиме и чекориме самоуверено и сигурно, без грешка. Но, на други ќе бидеме осамени. На трети ќе правиме грешки и постојано ќе паѓаме. Таквите искуства се дар за нашиот живот – да дишеме, да размислуваме, да се бориме и да се соочуваме со предизвиците кои ни ги носи животот. Понекогаш ќе се соочиме со скршено срце, понекогаш со загуба, некогаш со болка, но треба да научиме да не ги гледаме и забележуваме само тие моменти, туку и оние убавите, кои секогаш ги има во поголем број. извор:курир.мк]]>