животна средина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 Mar 2021 08:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png животна средина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Време е за нови херои за заштита на животната средина и нов економски развој https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-e-za-novi-heroi-za-zashtita-na-zivotnata-sredina-i-nov-ekonomski-razvoj/ Tue, 30 Mar 2021 08:21:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196593

Рударството и земјоделието се најдоа на крстосница, но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството и бенефитите од него не се новина во Македонија. Автор: Д-р. Живко Груевски Бесмисленото брендирање на новите инвестиции како извори на смрт во услови кога не само македонската, туку и глобалната економија се дави во рецесија предизвикана од Ковид - 19 пандемијата, покажува дека е време за нови херои за заштита на животната средина. Индивидуалци, здруженија и компании кои во своите настапи се аргументирани, со факти и  бескомпромисно се залагаат за почитување на правилата и законите за заштита на животната средина. Тие се залагаат да се користат бенефитите што ги носат индустриите, но со контрола. Затоа што знаат дека повеќето индустрии се опасни по животната средина само доколку инвеститорот го крши законот, доколку не се придржува кон примената на мерките за заштита на животната средина или доколку институциите му прогледуваат низ прстите.... Оваа опасност се наметнува од бројни индустрии, не само од рударството. Рударството и земјоделството се најдоа на крстосница. Стихијно, без идеја каде треба да оди едното, а каде се движи другото. Но, ако се инвестира во двете, економските параметри, науката и експертите недвојбено укажуваат дека тоа е најдобриот избор за брз економски раст во државата. Впрочем рударството не е новина во Македонија. Онаму каде веќе има рудници, населението покажува голема доверба и поддршка, а и државните институции отворено ги поддржуваат овие индустриски капацитети. Сепак, стравот и недовербата предизвикани од една малцинска група активисти, иако неосновани се наметнаа како пресудни за судбината на новите рударски проекти. „Аман не не браните, ве молиме!“, е очајнички крик на мнозинството жители во струмичкиот регион до творците на моронската парола „Рудник на Смртта“. Бараат од овие кои глумат загрижени еко-активисти, да не зборуваат во нивно име и да не им го одземаат неприкосновеното индивидуално право на личен избор за нивната иднина. Затоа што се свесни дека мега-инвестицијата во Рударскиот Комплекс за Бакар “Иловица-Штука“, е реална можност за подобар и посреќен ЖИВОТ - СЕГА И ВЕДНАШ! Впрочем, интелигенцијата може да се измери, но глупоста не! За жал светот, сẻ уште, не измислил вакцина против глупост! Разорните економски последици од Ковид-19 пандемијата, брутално нẻ убедија дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека е крајно време сите да се запрашаме - со кое право неколкумина запенавени, во континуитет, неаргументирано го демонизираат Проектот и сакаат на своите сограѓани да им го одземат правото на сопствен избор за подостоинствен и посреќен ЖИВОТ?! Каде е нивното чувство на одговорност за последиците доколку насилно ја истераме и ја изгубиме оваа најголема странска инвестиција од нашата држава!? Кој ќе ја понесе одговорноста за неизбежниот нов и засилен бран од економски мотивирана миграција на младите генерации!? Со што ќе се спротивставиме на разорните ефекти на рецесијата и застојот во економскиот развој!? Дали се живее од нивните манипулативни пароли „Рудник на Смртта“ и дали тоа ќе помогне да го спречи целосното руинирање на имиџот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација во Европа!? Кој ќе го преземе ризикот за огромните финансиски штети кои, по веќе се поизвесната меѓународна арбитража, СИТЕ НИЕ заедно со нашите следни поколенија ќе мора да ги отплаќаме!? Економската неразвиеност и „сиромаштија“ резултираат со зголемена желба и потреба за иселување, неисполнет и несреќен живот. Само богати и економски развиени општини, региони и држави можат сериозно да се грижат и инвестираат во заштита на животната средина, високи стандарди во заштита на здравјето на своите граѓани, во современа инфраструктура, нови училишта итн. Но, зошто се кочи развојот на нови рударски проекти и колку тоа е аргументирано? Уште поважно е од што се откажуваме како држава, поставувајќи кочница за новите рударски проекти, особено во период кога глобалната економија се справува со девастирачката моќ на пандемијата без најава за крај? Вложувањето во само еден од новите рудници Иловица – Штука директно ќе го подигне квалитетот на живеење на населението во Југоистокот. Во фазата на изградба на рудникот, која е предвидена да трае две години, ќе се инвестираат над 340 милиони евра и ќе се ангажираат околу 1000 лица. Околу 180 милиони евра од инвестицијата во оваа фаза ќе се исплатат на домашни компании. За цело времетраење со активно работење на рударскиот комплекс годишно ќе се исплаќаат над 70 милиони евра или за период од 20 години кумулативно околу 1,5 милијарди евра на локални компании за тековно снабдување со неопходни производи и сервисни услуги. Сите локални компании од различни стопански гранки како прехранбената индустрија, угостителството, градежништвото, транспортот, дрвната, хемиската и текстилната индустрија, како и многу други услужни дејности ќе имаат приоритетна можност за долгорочна деловна соработка. Еуромакс ќе уплаќа во државниот буџет приближно по 24 милиони евра секоја година за законски давачки, даноци и такси – од кои над 3 милиони евра годишно ќе се слеваат директно во буџетите на општините на чија територија се наоѓа овој рударски комплекс. Локалните општински раководства, невладините организации, спортски друштва и граѓанските здруженија од струмичкиот регион ќе имаат пристап и до посебниот фонд од по милион евра годишно, наменет за развојни проекти директно фокусирани за подобрување на социјалните и здравствените аспекти, како и генерално за подигнување на квалитетот на живеење за целото население од југоисточниот дел на нашата држава. Но, ете некои сепак тврдат дека не ни треба економски развој, затоа што „ние си го имаме нашето „ЗЛАТО“ – френки, чушки, корнишони и тутунот“. И секоја година протестираат за државни субвенции, додека младите се иселуваат. Во услови кога пред нив е можноста за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“, која претставува уникатна прилика за струмичкиот регион брзо да се претвори во ново економско чудо на Балканот, атрактивен генератор за прогрес и развој достоен за 21 век!]]>

Со воведување на R32 фреонот се обезбедува до 9% поголема заштита на животната средина https://arhiva.vistina.com.mk/so-voveduvanje-na-r32-freonot-se-obezbeduva-do-9-pogolema-zashtita-na-zivotnata-sredina/ Fri, 05 Apr 2019 08:42:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81289

VIVAX продолжува со чекорите за општествена одговорност како компанија која е голем дел од пазарот Еден од најзначајните фактори за напредокот на нашето општество е неговата заштита. Без обезбедување на иднината сѐ друго е излишно. Затоа на минатиот Vivax Cool day, компанијата го најави чекорот за воведување на R32 фреон во нивните клима уреди. Додека, годинава за својата 15 годишнина ја изразија својата гордост за резултатите од овој чекор.
Vivax е една од најголемите компании кои што го зазедоа својот став за заштита на животната средина. Ќе се водиме по него и после овогодинешниот Cool day каде по повод нашето 15 годишно присуство низ целиот свет го претставивме влијанието од нашата одлука за заштита на животната средина. Со имплементацијата на R32 фреонот во Vivax климите, потрошувачката за електрична енергија на корисниците се намалува до 10%, а штетните гасови кои се испуштаат во средината се редуцира за 9%. Воедно, доколку целосно се направи промена во класичниот фреон во R32 низ целиот свет, до 2030 година емисијата на CO2 ќе се намали за 800 милиони тони. За да ја обезбедиме оваа днина Vivax треба да продолжи по примерот кој го постави во текот на годината.“, порача Филип Трифуновски, официјален претставник на Vivax во Македонија.
„Бројката од 523.006  произведени уреди, од само M и Q  моделите, е совршен пример со кој се покажува импактот кој може да го имаме како компанија“, посочи Марко Барун, продукт менаџер за Vivax клима уреди.
Следејќи го примерот на Vivax, многумина можат да помогнат во обезбедување на иднина преку заштита на природата и средината во која живееме.]]>