живко динев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 06:05:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png живко динев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во рамките на годинешниов „Струмица опен 2023“: „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“ https://arhiva.vistina.com.mk/308534-2/ Tue, 25 Jul 2023 06:01:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308534

Живко Динев, некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал,  по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица и кавер верзиите на грст познати песни со познати македонски музичари, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Имено во рамките на годинешното 12-то по ред издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023“, харизматичниот Жика ќе има своја, таканаречена „Боемска вечер со Живко Динев и пријателите“. Настанот е замислен како своевидно музичко дружење со познатиот музичар и неговите пријатели - специјални гости, познати и популарни имиња од македонската естрада: Миле Кузмановски, Сузана Гавазова и Коки - виолина (екс - Дуле и Коки) кои ќе ги забавуваат присутните со своите изведби. Придружна група таа вечер ќе бидат членовите на познатите „Арија бенд“ и уште некои музичари, а покрај несомнено загарантираната забава, кон целиот хепенинг ќе се придружат и петте околни ресторани, односно угостителски објекти кои се во кругот и тоа: „Шалом“, Хепинес“, „Елизабет“, „Бонита“ и „Вила парк“. Тие со својата богата угостителска понуда и услга, вечерта ќе ја збогатат служејќи ги присутните гости на масите со вкусни јадења, познати специјалитети и бројни пијалоци, додека на бината се изведуваат мноштво познати македонски и балкански боемски песни, од внимателно избраниот репертоар за таа вечер.  Онака како што и доликува на боемштината - со дружба, песна, закуска и пијалак, да се наздрави за радост, среќа и само убавини во животот. Во меѓувреме, Жика и екипта заедно со неговите гости како вистински професионалци сериозно си ја сфатиле работата па сите онака собрани колку и да го владеат музицирањето, тргнале да го обноват материјалот, зашто ако „повторувањето е мајка на знаењето“, увежбаноста и уиграноста до перфекција, се исто толку важни во музиката. „Боемската вечер со Живко Динев и пријателите“ во Струмица ќе се одржи  во градскиот парк (чешмичка) утревечер, на  26-ти јули (среда) со почеток во 20 часот и е дел од годинешната манифестација „Струмица опен 2023“. ]]>

Жика – екс „Браво бенд“ отиде на одмор во Анталија, па откако на хотелот му ја спаси вечерта, доби понуда за работа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zika-eks-bravo-bend-otide-na-odmor-vo-antalija-pa-otkako-na-hotelot-mu-ja-spasi-vecherta-dobi-ponuda-za-rabota-foto-video/ Fri, 18 Sep 2020 06:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167459

Отакако замина од еден од најбараните и најпопуларни „ол раунд“ бендови во Македонија, бившиот басист и вокал на „Браво Бенд“, струмичанецот Живко Динев или како што сите го викаат Жика, тргна да ја гради својата кариера како пејач во соло водите. Неколку снимени песни, по некој дует со познати македонски ѕвезди, како оној со Миле Кузмановски, на пример, бројни кавер верзии со обработки на познати македонски и регионални хитови и популарниот Жика глава не може да крене од тезги. И како соло изведувач и како дел од новата група „Мерак Тајфа“. Дури и во време на корона пандемијата, откако мерките малку попуштија, Жика има доволно работа, зашто каде што е тој и неговото име, таа вечер забавата е загарантирана. Сепак Жика најде малку време за себе, па реши да ја искористи „последната можност“ да го фати крајот на летото и да замине некаде на море. Со оглед на здравствените околности и можности за беспречено патување, изборот беше Албанија или Турција, а Жика и неговата понежна половина, сопругата Ана ја избраа Анталија. Сместени во еден од најлуксузните ресорти, во амбиент што потсетува на вистински летен рај како од филмовите, пејачот и неговата сакана уживаа во убавините и понудата што избраната дестинација ги нуди. Прекрасни отворени базени со слатка и солена вода, рајска градина за прошетки и уживање, неограничена понуда на најразновидна храна и пијалаци и секако, богата забава! Амфитеатрална сала во која се случуваат најразлични мултимедијални програми, претстави и концерти... ...Но и хотелско фоаје со шанк-бар и концертен клавир за оние кои уживаат во добар пијалак и избрана тивка музика, во звуците на акустиката и префинетиот музички вкус. И токму тука се случило она што ретко, но ете, сепак се случува. Нашиот Жика си седнал преку ден покрај клавирот да го проба, па нешто онака од срце за душа си засвирел и запеал. Тоа го забележало острото око на хотелскиот менаџер, кому ваквата забелешка веќе другиот ден или поточно вечер, ќе му дојде како „кец на десетка“. Имено, пијанистот кој ги забавувал гостите ненадејно бил спречен да дојде и да се појави на работа. За да не пропадне вечерта, менаџерот преку ден го сретнал Жика и го замолил за кус разговор. Откако му објаснил за што се работи, го прашал дали би можел, дали би сакал и колку тоа ќе чини, тој да го замени отсутниот пијанист и да ги забавува гостите зад клавирот. Македонскиот музичар и пејач без проблеми и без надомест прифатил и му излегол во пресрет, спаувајќи му ја вечерта и на менаџерот и на хотелскиот ресорт. Секако, претходно преку ден, додека гостите се на плажа, седнал малку „да ги размрда прстите и почувствува дирките на пијаното“, пред вечерта да ги забавува гостите. Откако, виделе и слушнале за каков забавувач се работи, менаџментот сега на Жика му нуди работа за следната година. Во меѓувреме, Живко Динев и неговата поубава половина биле почестени со гратис услуга и продолжен престој. Дали популраниот Жика ќе го прифати предизвикот за следното лето, останува да видиме?! Сепак едно е сигурно: Каде што е Живко Динев - Жика, таму забавата е загарантирана. Та била таа и непланирана!  ]]>

Живко Динев и покрај сите забрани во домашни услови сними спот за неговото – „Око забрането“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-dinev-i-pokraj-site-zabrani-vo-domashni-uslovi-snimi-spot-za-negovoto-oko-zabraneto-video/ Wed, 06 May 2020 12:59:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148295

Корона пандемијата на сите ни ги поремети плановите, не затвори дома во 4 ѕида, погодувајќи не и здравствено, психолошки, социјално, економски... Едни од најпогодените покрај угоститеклите и туристичките работници секако се и естрадата и естрадните уметници. Токму тие се тесно поврзани со угостителско-туристичката дејност, па неможноста за настапи заради забраната за јавно собирање и затворањето на локалите, не само што естрадата ја прикова дома, туку ако вака продолжат работите, ќе ја доведе и до тотален банкрот. Некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, Живко Динев по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица, харизматичниот Жика  направи еден поголем потфат преработувајќи и снимајќи видеоматеријал за 15 музички бисери, чии кавер верзии беа објавени испеани од него. Карантинот и изолацијата популарниот Жика покрај бројните онлајн настапи на социјалните мрежи во живо, сега ги искористи и за да подготви нов материјал, поточно нова авторска песна, насловена „Око забрането“. Музиката на композицијата ја потпишува хармоникашот Дарко Илиевски, додека стиховите се на Борче Нечовски. Песната Жика и пријателите ја снимија уште пред почетокот на корона пандемијата, но за жал нејзината експанзија и мерките на забрана го спречија да го сними и веќе планираниот видеоспот за истата. Како алтернативна варијанта, Жика ги собра своите пријатели и соработници - музичари и секој од дома, во домашни услови и куќен амбиент го отсвири својот дел во живо, а вокалите се снимени во студиото Анастасија. Така собраниот видеоматеријал го монтираше и спакува во „хоум видео“ Никола Автовски, по што Живко Динев истото го промовираше на социјалните мрежи, а ние денес премиерно ви го претставуваме неговото... „Око забрането“! ]]>

Живко Динев за својата публика има новогодишен музички подарок за душа https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-dinev-za-svojata-publika-ima-novogodishen-muzichki-podarok-za-dusha/ Fri, 06 Dec 2019 13:18:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122809

За пејачот Живко Динев по се изгледа ќе премине во традиција овој период од годината да ја чести својата публика со нова музика за душа. Тој на крајот од минатиот месец декември 2018 година, точно пред прагот на Новата Година издаде видео материјал со преработка на 15 музички бисери кои беа внимателно избрани за празничниот период. Проектот на Жика беше реализиран заедно со неговите колеги, пријатели и музички соработници. Сега, токму пред крајот на 2019 година Живко најавува уште една преработка на народна песна насловена „Лудо младо“ чиј аранжман на новата верзија е на Никола Автовски, текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, а за пакетот да биде целосен, Динев не исклучува ниту видео спот кој го најавува наскоро.
Годината ја заокружувам со доста работа и проекти кои верувам дека ќе и се допаднат на мојата публика. Покрај „Лудо младо“ и спотот за истата, се работи и на уште една македонска песна во 7/8 ритам која е дело на Дарко Илиевски, текстот на Борче Нечовски, а ќе биде промовирана заедно со видео, најавува Живко. Инаку, агендата на Динев за периодов е исполнета со предновогодишни забави на кои е ангажиран, додека најлудата ноќ во годината ќе ја помине работно на настап во Германија заедно со фолк-пејачката Сања Барбика и Гоце од „Синтезис“.
]]>

Живко Динев преработи 15 музички бисери: Со првиот од нив, „Злато си ми ти“ ќе ви ја „позлати“ 2019 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zivko-dinev-preraboti-15-muzichki-biseri-so-prviot-od-niv-zlato-si-mi-ti-kje-vi-ja-pozlati-2019-video/ Mon, 31 Dec 2018 08:45:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65649

Некогашниот член на „Браво бенд“, каде што беше бас гитарист и вокал, Живко Динев по напуштањето на бендот заплови во соло водите со неколку авторски песни. По дуетот со Миле Кузмановски и песната за родната Струмица, харизматичниот Жика реши да направи еден поголем потфат. Собирајќи ги околу себе своите пријатели - музичари, врвни инструменталисти, тој преработи и сними видеоматеријал за 15 музички бисери, чии кавер верзии по две секоја седмица, ќе излегуваат од денес во наредниот период во новата година.
Живко Динев во неговата изведба го придружуваат членовите на „Арија бенд“ како и други соработници, во секоја песна одделно. Жика тврди дека ова се воопшто најдобро и најскапо направените кавери во Македонија досега, зашто се правени со врвна и многу професионална екипа. Инаку целиот материјал е визуелно сниман во елитниот скопски хотел Александар Палас, а зад аудио и видео продукцијата стои „Блекмеџик продукција“. Првите две песни од него кои беа избрани да го промовираат овој проект се српската фолк класика „Ружо румена“ и македонската „Злато си ми ти“ испеана од легендарниот Гоце Арнаудов, со која ви го претставуваме новото остварување на Живко Динев! https://www.youtube.com/watch?v=ky5qLctQzPo]]>

Музичарот Живко Динев и сопругата ограбени во Грција на спиење https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharot-zivko-dinev-i-soprugata-ograbeni-vo-grcija-na-spienje/ Thu, 30 Aug 2018 09:41:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45305

Наместо да уживаат во мир и релаксација на одморот во Неа Врасна во Грција, музичарот Живко Динев и неговата сопруга, како и уште четири македонски семејства утрово доживеале вистинска драма. Имено, кога се разбудиле сфатиле дека биле ограбени, односно им биле одземени само парите. Живко Динев бил олесенет за 600 евра, додека другите по 200 евра.
-Во вилата бевме сместени во сопствена режија, односно не дојдовме преку некоја агенција, ниту пак имаме склучено некаков договор. Наши пријатели беа на летување во друга вила, во соседството, и тие ни резервираа соба во Ангелика. Кражбата многу не вознемири, посебно поради начинот на кој се случи. Ние спиевме со заклучена врата. Значи, во сите четири соби во вилата крадците оперирале на ист начин. Во разговор со полицијата дознавме дека ни прснале некаков спреј под вратата, некое средство кое што прави да паднеш во длабок сон, па затоа сите уште поцврсто сме заспале и не почувствувавме кога влегле. Полицијата ни потврди дека и во минатото крадци правеле вака, влегувале во соби и краделе на ист начин. Не слушнавме апсолутно ништо, додека ние омамени спиевме, тие претурале, ни ги нашле и ни ги одзеле парите. Кога станавме утринава сите се чувствувавме како дрогирани, нервозни – раскажуваат Диневи за Фокус.мк  ]]>