живееме ли. земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 May 2019 12:12:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png живееме ли. земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Каде плови нашава лаѓа? Живееме во земја во која со гордост кажуваш дека платата ти е редовна! https://arhiva.vistina.com.mk/kade-plovi-nashava-lagja-ziveeme-vo-zemja-vo-koja-so-gordost-kazuvash-deka-platata-ti-e-redovna/ Mon, 06 May 2019 12:09:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86216

Со години се трудам да не гледам вести. Ама ете понекогаш ми се провлекуваат работите и сѐ и сешто ми влегува во уво и ми се појавува пред очи. Живееме во земја во која влијателни луѓе со гордост можат да навредуваат новинари и баш им е гајле за тоа. Живееме во земја во која нема никакви општествени одговорности. А ни свест, Бога ми. Живееме во земја во која владее апатија, во која како да не е важно што мајка ти и татко ти се убиваат од работа за минимална плата, а ти со години чекаш работа. Тоа што пензиите се толку мали што не можат да ги задоволат ни основните потреби. Тоа што има луѓе кои бараат парче леб низ канти за ѓубре. Против тоа никој не сака да го подигне гласот. Живееме во земја во која со гордост кажуваш дека платата ти е редовна, како да е некоја најголема поволност на светот, а не ништо сосема нормално. Живееме во земја во која се гордееш кога ќе ти ги платат придонесите, како да е тоа специјална награда, а не нешто што си го заработил. Живееме во земја во која едните уживаат во државни празници и неработни денови, а на други луѓе тоа им е само обичен работен ден. Живееме во земја во која има огромна разлика меѓу  државниот и приватниот сектор. Додека овие вториве работат, оние првите си уживаат седнати на кафе-паузи. Додека вториве мораат да бидат љубезни, овие првите често не те удостојуваат ниту со поглед, а за поздрав да не ни правиме муабет. Живееме во држава во која луѓето се благодарни што барем има мир, како тоа да е само по себе доволно и дека не треба да очекуваме повеќе од животот. Живееме во држава во која секој месец се собираат донации, а докторите не можат ништо да направат. Живееме во држава во која волонтираш со месеци и се надеваш дека ќе бидеш доволно среќен за да те изберат и дека ќе те вработат. Живееме во држава во која од мали нѐ учат да молчиме, затоа што ако се буниме, тоа нема да биде добро за нас. Наведната глава сабја не ја сече, нели? Живееме во држава во која сите се должни. Живееме во држава во која не можеш да бидеш сигурен каде ќе бидеш утре, а не па да мислиш на некаква иднина. Живееме? Абе, живееме ли ние воопшто? Извор: Скопјеинфо.мк  ]]>