живе мешуревски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Dec 2020 12:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png живе мешуревски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски има само една желба, што ја преточи во песна – „Да си моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-folk-pejach-zive-meshurevski-ima-samo-edna-zelba-shto-ja-pretochi-vo-pesna-da-si-moja-video/ Tue, 15 Dec 2020 11:59:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180960

Ако светот е на пауза, музиката не е... не барем за оние што ја создаваат и изведуваат, а такви има и кај нас. Како младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, кој ја промовираше неговата најнова песна – „Да си моја“. Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во такви услови, музичарите не престанаа со музицирање. Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов музички материјал од кој произлезе темата со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа: Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман. Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.     „Долго работевме на оваа песна. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката. За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“. „Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола“ – дополни младиот музичар. Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло оперско пеење  на Факултетот за музичка уметност во Скопје.     Проследете ги песната и видеото и уживајте и во ова парче домашна музика: https://www.youtube.com/watch?v=QUn7bEW5oI8  ]]>

Живе Мешуревски ќе ве воведе во „1001 ноќ“ на македонски начин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zive-meshurevski-kje-ve-vovede-vo-1001-nokj-na-makedonski-nachin-video/ Fri, 26 Apr 2019 06:51:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85046

„Илјада и една ноќ, љубов барам, љубов стара, таа в срце што ми остана“ – ова се стиховите преку кои нова ѕвезда на македонското музичко небо освен што бара стара љубов, трасира и пат по кој планира во иднина да гради музичка кариера. Музиката ја напиша  Дејан Момировски, стиховите Борче Нечовски, а ги отпеа Живе Мешуревски. Уште еден студен од Музичката академија во Скопје кој што почнал со хармоника, продолжил со пијано, за да денес во класата на професорот Горан Начевски, студира соло пеење. Овие денови теоретскиот дел на своето знаење го поткрепи и со песна насловена „1001 ноќ“.
„Класичната музика е моја прва љубов и таму одлично се снаоѓам, но една ваква песна е моја дамнешна желба. Го сакам македонскиот фолклор, богат е со емоции, со звуци, со ноти...со кои што јас живеам целиот свој живот. Нема да застанам тука, песните ќе се редат во низа се до снимањето албум. Дотогаш, останувам посветен на музиката, но и на оној теоретскиот дел на Факултетот за Музичка уметност„ – вели Мешуревски.
Мешуревски е популарен баритон низ битолските музички кругови, од каде што почнало и неговото музичко образование. Генерациите кои што минуваат низ ова училиште, се сеќаваат на неговите изведбите на Моцарт и Чајковски. Освен што редовно настапува пред македонската публика, Мешуревски не ретко е надвор и од границите на Македонија.
За „1001“ ноќ продукцијата ХЛ Момировски сними и видеоспот во кој покрај Живе, се појавува и атрактивната девојка Мила Николовска. Проследете во продолжение како сето тоа звучи и изгледа: https://www.youtube.com/watch?v=GXGDKAAmkoE]]>