зимско сметање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 Nov 2021 13:07:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимско сметање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како зимското сметање на времето всушност влијае врз нашиот организам https://arhiva.vistina.com.mk/kako-zimskoto-smetanje-na-vremeto-vsushnost-vlijae-vrz-nashiot-organizam/ Thu, 04 Nov 2021 14:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226050

Зимското сметање на времето започнува на 31 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад, односно од 3 часот на 2 часот. А, како таа промена влијае на нашето здравје? Откако ќе се вратат стрелките на часовниот еден час назад, ќе спиеме еден час подолго, но најверојатно потоа ќе нè мачи депресија, ќе бидеме хронично ненаспани, а можни се и кардиоваскуларни проблеми – барем така тврдат експертите. Затоа секоја година се надеваме дека таквата промена ќе се укине. Пред повеќе од 200 години некој се сетил да создаде привид на подолг ден во текот на зимата, т.е. со помош на поместувањето на стрелките на часовникот, што подобро да ја искористи дневната светлина во текот на зимските месеци. Така во втората деценија од 20-от век заживеала идејата наесен стрелките на часовникот да се поместат еден час назад, па така да се направи нешто „корисно“ за луѓето. По повеќедецениска пауза, овој принцип повторно почнал да функционира во 70-те години на минатиот век. Меѓутоа, со текот на времето се покажало дека и не е толку оправдан поради тоа што во тие месеци, од ноември до март се користат повеќе клима уреди, па поголема е потрошувачката на струја, има повеќе сообраќајни несреќи и здравствени проблеми. Медицински истражувања покажале дека поради зимското сметање на времето сме хронично ненаспани, анксиозни, незадоволни, раздразливи, дека луѓето имаат повеќе кардиоваскуларни проблеми, како и компликации при изведување на операции на срцето, а децата имаат проблем со концентрација во училиштата. извор: точка.мк]]>

Зимското сметање на времето ви носи и проблеми, еве на што треба да внимавате https://arhiva.vistina.com.mk/zimskoto-smetanje-na-vremeto-vi-nosi-i-problemi-eve-na-shto-treba-da-vnimavate/ Tue, 26 Oct 2021 13:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224662

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад. Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава. Експертите за спиење тврдат дека луѓето потешко се прилагодуваат на летното, отколку на есенското поместување на часовниците, заради губењето еден час сон. Организмот многу полесно го поднесува преминот кон зимското сметање на времето, поради малку подолгиот сон. Шведски научници утврдиле дека бројот на срцеви удари опаѓа во неделата кога се преминува на зимско сметање на времето, додека  пак стапката на срцеви удари расте на пролет кога се преминува на летно сметање на времето. Сепак дополнителниот час спиење при преминувањето на зимското сметање на времето, го добиваат само мал број лица. Многумина се будат порано, се будат неколку пати во текот на ноќта и имаат неквалитетен сон. Најголем проблем имаат лицата кои спијат помалку од седум часа. Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики. Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот. Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно. И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток. Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи. Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март. извор: курир.мк]]>

Викендов започнува зимското сметање на времето: Еден час подолг сон! https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-zapochnuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto-eden-chas-podolg-son/ Fri, 25 Oct 2019 11:01:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114618

Престојниов викенд почнува зимското сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот во сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 03 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде два часот по полноќ. Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.]]>

Ноќеска поместете ги стрелките на часовникот за еден час наназад: Почнува зимското сметање на времето https://arhiva.vistina.com.mk/nokjeska-pomestete-gi-strelkite-na-chasovnikot-za-eden-chas-nanazad-pochnuva-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Sat, 27 Oct 2018 10:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54946

Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија. -Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија. Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година. Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година. Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата. Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.]]>