зимско сметање на времето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Oct 2023 09:45:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимско сметање на времето – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почна зимското сметање на времето- еве на што треба да внимавате https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-zimskoto-smetane-na-vremeto-eve-na-shto-treba-da-vnimavate/ Mon, 30 Oct 2023 13:00:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324454

Денеска почна зимското сметање на времето, при што стрелките се поместија еден час наназад. Иако многумина сметаат дека ова „зимско – летно“ сметање е штетно по здравјето и веќе со години се залагаат тоа да се укине, во многу земји сѐ уште е актуелно. Според лекари и стручњаци, постојат одредени здравствени проблеми поврзани со промената на времето. Имено, истражувањата покажуваат дека тоа ги нарушува природните циклуси на спиење на телото, што може да влијае на психо-физичкото здравје. Според клиниката „Мајо“, на пр. човечкиот мозок има „биолошки часовник“, наречен и „деноноќен ритам“, којшто работи на 24-часовен циклус. Без разлика дали станува збор за дополнителен час или губење еден час сон, тоа го изместува циклусот на спиење и може на некои луѓе да им го наруши или отежни нормалниот распоред. Имено, нарушениот сон може да доведе до поголема опасност од срцеви болести, сметаат стручњаците. Губењето на еден час сон во пролетните временски промени е поврзано со зголемување на срцевите и мозочните удари. Испитување од Убиверзитетот Харвард го проучува влијанието на помалку сон врз срцевите заболувања кај глувците. Откриено е дека по 16 недели, кај глувците со нарушен циклус на спиење се развиле поголеми артериски плаки во споредба со глувците со нормално спиење. Глувците лишени од сон, исто така, имале двојно повеќе циркулирачки нивоа бели крвни зрнца и помали количини хипокретин, хормон битен во регулирањето на спиењето и будноста. Истражувањата покажаа и зголемување на сообраќајните несреќи во постудените месеци бидејќи возачите се прилагодуваат на времето. Исто така, важно е да се истакне дека зголемените часови на темнина може да резултираат со лошо расположение кај многумина, како и замор, болки во мускулите и ослабени коски поради недостаток на витамин Д којшто се добива од Сончевата светлина. Некои луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување како резултат на пократките денови. Симптомите на ова нарушување вклучуваат постојано лошо расположение, губење на задоволство или интерес за нормални дневни активности, раздразливост, чувство на очај и спиење подолго од вообичаеното. извор:курир.мк]]>

Поместувањето на стрелките на часовникот за оваа група луѓе тоа може да биде посебно стресно https://arhiva.vistina.com.mk/pomestuvaneto-na-strelkite-na-chasovnikot-za-ovaa-grupa-luge-toa-mozhe-da-bide-posebno-stresno/ Wed, 25 Oct 2023 11:30:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323839

Претстојното префрлање на „зимско сметање на времето“ би можело да предизвика проблеми кај луѓето со деменција, објави Би-Би-Си. Здружението за Алцхајмерова болест Британија вели дека враќањето на часовниците наназад, што не очекува викендов, може да ги дезориентира овие лица. Како што зимските утра стануваат потемни, на луѓето со деменција може да им биде тешко да ги приспособат шемите на спиење. Покрај тоа, на нивниот деноноќен биолошки часовник му треба повеќе време за да се прилагоди на новата ситуација. Како што деновите стануваат пократки, некои луѓе со деменција може да доживеат и „синдром на зајдисонце“, што е промена во однесувањето во доцните попладневни часови, па тие стануваат вознемирени или збунети. Деменцијата е синдром поврзан со континуирано опаѓање на функцијата на мозокот. Алцхајмеровата болест е вид на деменција и една од нејзините најчесто дијагностицирани форми. Симптомите на деменција вклучуваат проблеми со губење на меморијата и ментална острина и брзина. Поединците може да имаат потешкотии да зборуваат правилно, а проблемите со расположението и расудувањето во одредени ситуации се исто така карактеристични за болеста. Добротворната организација потсетува дека негувателите на лицата со деменција можат да преземат чекори за да им помогнат да бидат помалку расеани и да ја променат нивната дневна рутина: следење рутина во текот на денот и пред спиење, што може да го регулира нарушениот телесен часовник. Ова се однесува на јадење и вежбање во исто време секој ден. Излегувањето надвор наутро затоа што придонесува за воспоставување на внатрешниот телесен часовник на дементираното лице и го прави поуморен и поспан навечер. Избегнувајте работи кои можат да го нарушат сонот во текот на денот, како што се консумирање кофеин и дремење во текот на денот. Првите знаци на Алцхајмерова болест се кријат на необично место и можат да бидат откриени со едноставен тест. Др. Тим Бинланд од здружението за Алцхајмерова болест вели дека за повеќето од нас, вртењето на часовниците наназад е „безгрижно кревање раменици“ и бара само прилагодување на стрелките на часовникот дома. Но, за луѓето со деменција, тоа може да „предизвика анксиозност, збунетост и раздразливост“. извор:курир.мк]]>

Почна зимското сметање на времето https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-zimskoto-smetanje-na-vremeto/ Sun, 29 Oct 2017 09:28:56 +0000 http://vistina.mk/?p=1891

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час назад, во 3 часот ноќеска почна зимското сметање на времето.
Зимското сметање почнува во последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.
Преминот од летно кон зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера.

Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Во 1996 година во Европа е постигнат договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време. Европската унија и останатите земји во Европа  од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.

Некои астрономи се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.

извор:курир

]]>