зимска сезона 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Oct 2021 12:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимска сезона 2021 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Капути и јакни: Moдерни трендови за оваа зимска сезона https://arhiva.vistina.com.mk/kaputi-i-jakni-moderni-trendovi-za-ovaa-zimska-sezona/ Mon, 25 Oct 2021 13:00:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224468

Како што наближуваат есенските денови, сè повеќе размислуваме за неизбежните палта и капути. Нивната главна улога е да нè топлат, но тие се и едни од главните парчиња облека што го одредуваат нашиот стил. Без разлика дали претпочитате класичен или шик стил, секому од вас му е потребна солидна колекција од капути и јакни. Не грижете се, ние сме тука да ви помогнеме да се подготвите за студените зимски денови и ноќи така што ќе ви откриеме кои капути ќе бидат во тренд оваа зима.

Кожни јакни

Кожните јакни се секогаш добар избор затоа што им стојат добро на сите. Чоколадните нијанси се најпопуларни оваа сезона, иако нема да погрешите доколку се одлучите и за класична, црна кожна јакна.

Јакни со принтови

Необичен пресврт кога станува збор за традиционалните зимски јакни. Додека полека се ослободуваме од ограничувањата поради пандемијата, очекуваме да ги гледаме ваквите дезени во што поголем број.

Блејзери

Во светот на модата овие парчиња облека отсекогаш заземале значајно место, а стилистите препорачуваат кремасти нијанси за есенските и зимските месеци.

Палта од вештачко крзно

Вештачкото крзно е идеално за есенската и зимската сезона. Ваквите крзнени палта не само што се лесни за одржување, туку исекогаш се во тренд.

Мантил

Овој капут е секогаш во мода. Без разлика дали ќе се одлучите за класичната кафеава или црна нијанса, нема да погрешите затоа што совршено добро им прилега на сите.

Пуф-јакни

Популарни неколку сезони по ред, овие јакни лесно се вклопуваат со секое парче облека и обувки. извор: кафепауза.мк]]>