зимска облека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Nov 2022 13:13:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимска облека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колку често треба да ги перете зимските јакни и ракавици? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-chesto-treba-da-gi-perete-zimskite-jakni-i-rakavici/ Wed, 02 Nov 2022 13:13:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274017

Дали причината за пореткото перење на зимската облека е затоа што тешко се суши или едноставно е навика да не се перат често овие работи е често прашање… Сепак, треба да имате предвид дека тие треба да се одржуваат исто како и другите алишта, бидејќи од воздухот собираат прашина, нечистотии, алергени и се останато. – Зимската облека и додатоците за студено време треба да се перат три до пет пати во сезона. Предметите како ракавици кои често доаѓаат во допир, на пример, со копчиња од лифтот, вратите, рачките на вратите и слично, треба да се перат еднаш неделно – советува д-р Џамила Јусуф. Ако ракавиците не се перат, лекарот советува да имате неколку пара и да ги менувате во текот на неделата за да им дадете време на честичките од вирусот да се распрснат. Истото важи и за шалот, бидејќи тој е околу вратот, па често се случува и други луѓе да дишат во него кога, на пример, сте во јавен превоз или сте стиснати на друго место. Најдобро е да ја исперете зимската јакна пред да ја закачите на закачалка на пролет и да ја чувате во плакарот до следната зима. Кога ќе дојде постудено време, сигурно ќе ве чека мека и чиста јакна или капут. Освен за облеката за која е потребно хемиско чистење, перењето во најжешката вода препорачана од производителот, со детергент и белило (на ткаенини што дозволуваат белило), ќе убие кој било вирус. Потоа ставете го предметот во машината за сушење на препорачаната температура. Експертите тврдат дека тоа е доволно за перење и освежување на облеката за постудено време. извор:popara.mk]]>

4 модни грешки поради кои зимската облека ве прави покрупни! https://arhiva.vistina.com.mk/4-modni-greshki-poradi-koi-zimskata-obleka-ve-pravi-pokrupni/ Thu, 22 Feb 2018 09:42:07 +0000 http://vistina.mk/?p=13650

Секоја сезона си има свои предности и недостатоци во поглед на модниот свет. Но, внимавајте, во овие зимски денови, можеби е најлесн да погрешите со дебелите зимски алишта и наместо да ја истакнете, вие да ја искривите вашата правилна силуета. Еве ги четирите модни грешки, кои не би требало повеќе да ги повторувате: Слоевито носење на дебели зимски блузи Доколку сакате да изгледате ,,истанчено” во зима, во никој случај не треба да практикувате слоевита облека. Внимавајте на дебелината на зимските волнени или плетени блузи кои понекогаш поради студот и лошите временски услови ги практикуваме. Но, во секој случај, доколку го правите тоа, бидете свесни дека визуелно ќе ја изгубите вистинската линија на телото и наместо тоа би изгледале тркалезно. Високи чизми Високите чизми се хит секоја зима, но внимавајте на другата лоша нивна страна штом станува збор за изгледот. Тие визуелно ја скратуваат фигурата и може да ве направат пониски од колку што сте. Палто без струк Доколку навистина полудувате по ова палто, користете ремен кој би го ставиле на средината на начин што би се нагласила половината и успешно би се следела и изразила линијата на вашата фигура. Во другиот случај, палтото без струк не е баш добар избор. Ефект ,,вреќа” Сите сакаме да почувствуваме комоција, особено во зима. Но, доколку сакаме да се чувствуваме убаво, а и да изгледаме навистина така, можеби малку би тебало да издржиме за убавината. Широките блузи се навистина ин оваа сезона и се следени и презентирани од многу познати блогерки ширум светот. Но, во секој случај, тие се комбинираат со тесни панталони, хеланки или фармерки. Во спротивно би се добил ,,ефектот вреќа” кој можеби од сите горенаведени примери, најповеќе би ја изобличил реалната силуета извор:шеталиште.ком.мк]]>