зимска идла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Dec 2019 13:28:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимска идла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бајковити места што вреди да ги посетите оваа зима https://arhiva.vistina.com.mk/bajkoviti-mesta-shto-vredi-da-gi-posetite-ovaa-zima/ Tue, 24 Dec 2019 13:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125704

Ако планирате да патувате оваа зима, постојат многу дестинации што имаат пејзажи што го одземаат здивот, па погледнете кои се местата кои ќе ве маѓепсаат со својата природна зимска убавина. Бледско Езеро, Словенија Бледското Езеро се наоѓа меѓу планини покриени со снег. Водата во езерото замрзнува само во многу ладни зими, па пејзажот е уште понеобичен. Среде езерото има мал остров со шармантна црква, а ако погледнете од другата страна, можете да го видите стариот средновековен замок на висока карпа. Гледајќи ја оваа замрзната слика, изгледа како да сте некаде на крајот на светот, многу далеку од цивилизацијата. Но, всушност, езерото е оддалечено само десет километри од главниот град на Словенија, Љубљана. Шпанија, Барселона Во Барселона нема снег и мраз дури ни во зима. Но, има многу сонце што го осветлува божиќниот пазар „Санта Лусија“. Традицијата на продавање божиќни украси, садови, џемпери, сувенири и слатки постои уште од 18 век. Тоа е идеално за оние што сакаат да уживаат во атмосферата на купување. Чешка, Прага Во зима, улиците во Прага се украсени и натрупани со снег, а воздухот мириса на зачинето варено вино. Гринделвалд, Швајцарија Во склоп на празниците, цел Гринделвалд ќе биде украсен со скулптури од мраз со кои ќе можете да се сликате бесплатно. Салцбург, Австрија Салцбург е најдобриот избор ако сакате да ги избегнете метежот и вревата и да уживате во мрзливата зимска атмосфера. Во зима, градот е како замрзнат и сè е под снег, а на плоштадот се продаваат бонбони и сувенири. Но, никој не брза. Особено задоволство е да уживате во некое кафуле со шолја кафе и со парче сахер торта и низ прозорецот да ја гледате замрзнатата река Салзах. Лапонија, Финска Снежни предели, колиби, елени… Следбениците на Инстаграм ќе ви завидуваат кога ќе ги видат слики од вашиот зимски одмор. Рила, Бугарија Бугарија е позната не само по песочните плажи, туку и по живописните планински падини. Во зима, тие се особено убави и многу необични како за јужна земја. Лофотенски Острови, Норвешка Завиткани во снег, Лофотенските острови изгледаат како бајка. Но, ќе се забавувате на повеќе начини: риболов, северни светла, качување на ледените врвови – дефинитивно нема да ви биде здодевно. Шкотските висорамнини Шкотските висорамнини се вистинско откритие на љубопитните луѓе: има антички замоци, ледени езера и огромни снежни предели. Зимата е најдоброто време да го истражите овој необичен регион затоа што има многу малку туристи и никој нема да да ви влегува во кадарот и да ве вознемирува додека му се восхитувате на пејзажот. извор:кафепауза.мк]]>