зимница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Nov 2023 13:08:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зимница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Необична зимница која лесно се прави: Салата со печурки и кисел зеленчук која е брза, а има одличен вкус (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/neobichna-zimnitsa-koja-lesno-se-pravi-salata-so-pechurki-i-kisel-zelenchuk-koja-e-brza-a-ima-odlichen-vkus-foto/ Thu, 02 Nov 2023 13:07:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325173

За оваа необична и вкусна салата ви е потребно: 600 гр кисела зелка 400 гр кисели краставички 300 гр печурки 100 гр кромид 100 гр масло 30 гр шеќер Згответе ги печурките. Киселите краставички исечете ги на кришки, измешајте ги со сечканата зелка, ситно сечканиот кромид и исечканите печурки. Зачинете со масло и шеќер. Да се ​​чува во стаклени тегли, на темно и ладно место. Извор: Попара.мк]]>

Марија Луиса Тодоровска е скарана со бидермаерот, ама затоа одлично и оди со ајварот: Пејачката со нова тактика како да привлече маж за женидба? (ФТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-e-skarana-so-bidermaerot-ama-zatoa-odlichno-i-odi-so-ajvarot-pejachkata-so-nova-taktika-kako-da-privleche-mazh-za-zhenidba-fto/ Thu, 21 Sep 2023 08:31:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318948

Марија Луиса Тодоровска  дефинитивно  е мајстор да го привлече вниманието на јавноста на себе и да се најде во центарот на збиднувањата, кои ако ги нема, умее и самата да ги исфабрикува.Така беше и овој пат кога пејачката беше гостинка на една свадбена веселба. Само што овој пат марија не пееше туку беше една од „сфаќите“, задно со нејзината мајка. Стокмена и елегантна пејачката променила дури два фустана... Еден црвен за по невестата, другиот за свадбената веселба во кафеана. Дали запеа или беше само обична гостинка, Марија не кажа, ама затоа кажа и покажа нешто друго.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Luisa (@luisa.todorovska)

Дека Марија се' уште не е мажена и не е некоја информација, зашто тоа го знаат и врапчињата... Патем, неодамна јавно откри и дека дури нема ни момче за сериозна врска. Токму затоа на секоја свадба што ќе се појави сите роднини, пријатели, познаници и останатите гости со нетрпение очекуваат да видат дали токму таа ќе го фати бидермаерот кога ќе дојде редот  невестата да го фрла меѓу немажените моми. Арно ама, пејачката и овој пат сите ги разочара, зашто оддамна има поинакво искуство и се' уште исто мислење за бидермаерот. Оти  бидермаерот и е фатен уште од 2018 година, ама оттогаш ништо не се случува, никој не ја запросува, па затоа во него повеќе не верува! Дури во една прилика Марија Луиса Тодоровска заклучи дека или е толку малер или на секој нејзин фраер самата таа му личи на бидермаер… Зашто, сите што ја фатиле и биле со неа, после неа – се оженија! Затоа, откако оддамна заклучи дека не е до бидермаерот, пејачката најде нова тактика како да ги привлече момчињата за женидба. А како поинаку, ако не како вредна домаќинка. Почетокот на есента е време за зимниица, па затоа распеаната битолска убавица реши да превземе акција и поинакви мерки и да покаже дека умее да лупи печени пиперки...  Зашто Марија Луиса Тодоровска можеби е скарана со бидермаерот, ама затоа одлично и оди со ајварот! Но, за да биде посекси и попривлечна, Марија Луиса во свечено мини фустанче и сандали во клечечка поза се фатила за работа, чисто за да покаже колку ја бива... И тоа за две нешта. И за домаќинска подготовка на зимница, а и за инспирација за работа на оној што ќе реши да лупи со неа од каршија. Ем работата ќе тече како подмачкана, ем возбудата ќе стане толку голема, што нема шанси да не заврши со двојно задоволство. Од ајварот - прсти да излижеш, а и желбата на домаќинката што и е тетовирана под пупачето да и ја исполниш... меѓудругото! После ова се наметнува само еден заклучок: Оној кој не сака вакво чупе за жена, или е несфатен или е... „обратен“!? Фото: Инстаграм/luisa.todorovska]]>

11 совети за подготвување зимница на која ќе бидете горди https://arhiva.vistina.com.mk/11-soveti-za-podgotvuvane-zimnitsa-na-koja-ke-bidete-gordi/ Mon, 11 Sep 2023 13:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317439

Септември и октомври се периодите во годината кога најголем дел од семејствата си прават зимница. Некои се во тек на подготовка, други чекаат малку да се намалат цените, па не подготвуваат зимница пред октомври. Многу овошја и зеленчуци сега се во фаза кога се најдобри за јадење, но и за конзервирање, а начинот на кој ќе ги подготвите има најголем удел во тоа каков вкус ќе имаат и колку ќе траат. Ако се придржувате до овој едноставен водич со 11 совети, ќе направите совршена зимница што со гордост ќе ја поставите на вашата трпеза. -За подготовка на зимница секогаш треба да користите само зрело, цврсто, здраво и неоштетено овошје и зеленчук. Плодовите со помали оштетувања може да се користат само ако тие делови претходно ги отстраните. -Со оглед на тоа дека бојата на исчистеното овошје и зеленчук се менува брзо кога ќе биде изложено на воздух, а се губат и витамините, чистењето и сечењето правете ги непосредно пред да ги подготвувате и конзервирате. -Ако имате овошје или зеленчук во вашиот двор или градина, наберете ги непосредно пред да ги преработувате, бидејќи со стоење губат на квалитет и побрзо се расипуваат. -Намирниците и садовите што ќе ги користите за време на подготвувањето зимница мора да бидат беспрекорно чисти, а рацете треба да ги миете пред почнувањето на секоја следна фаза. -Најдобро е садовите, теглите и шишињата за зимница да ги исперете добро со топла вода, а потоа да ги оставите природно да се исушат. -Садовите за термичка преработка мора да бидат емајлирани или од нерѓосувачки челик. -Металните капаци и капачиња за тегли и шишиња треба да ги стерилизирате пред употреба. -За туршија најдобро е да користите вински оцет и есенција. -Ако веќе користите конзерванс (натриум бензоат) сметајте дека кесичка од 5 грама е доволна за 5 килограми овошје или зеленчук. Не се препорачува поголема доза на конзерванс од ова. -Зимницата треба да ја чувате во сува, проветрена и ладна просторија каде зимно време водата не замрзнува и нема директна сончева светлина. Оваа остава треба да ја проветрувате еднаш неделно во текот на зимата, најдобро околу пладне. -На сите тегли и шишиња треба да ставите етикети со состав и датум на конзервирање. извор:курир.мк]]>

Не е доцна да ја збогатите зимницата: Направете си пиперки на начин кој ќе му се допадне на целото семејство https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-docna-da-ja-zbogatite-zimnicata-napravete-si-piperki-na-nachin-koj-kje-mu-se-dopadne-na-celoto-semejstvo/ Sat, 19 Nov 2022 09:41:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276619

Сигурно веќе си подготвивте ајвар, лутеница и туршија за зимница. Но, не е доцна да си се обезбедите со уште нешто. Ќе уживате во најубавиот вкус на печени пиперки. СОСТОЈКИ -5 килограми пиперки -5 лажици шеќер -1 лажица морска сол -1 главица лук -100 милилитри масло -листови од целер НАЧИН НА ПОДГОТОВКА Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа исецкајте ги крупно и оставете да се цедат во цедилка најмалку еден час или преку ноќ. Во длабок сад ставете го маслото, додајте ги пиперките и сол. Ставете да се пече околу еден час, а пред крај додајте го оцетот, целерот и крупно сечканиот лук. Соберете ги во стерилизирани тегли и добро затворете со капаци. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути. Исклучете ја рерната и оставете да стојат до следниот ден. Извор:Курир]]>

Правилна стерилизација – Подгответе ги теглите за зимско складирање на вистински начин, на овој начин остануваат свежи подолго и подготвени за јадење https://arhiva.vistina.com.mk/pravilna-sterilizacija-podgotvete-gi-teglite-za-zimsko-skladiranje-na-vistinski-nachin-na-ovoj-nachin-ostanuvaat-svezi-podolgo-i-podgotveni-za-jadenje/ Thu, 01 Sep 2022 11:55:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265065

Некои домаќинки веќе почнаа да ја подготвуваат зимницата, а допрва ќе следи поголем дел од работата. Не е важно дали подготвувате ајвар, кисели краставички, лутеница или џем, постапката на стерилизација е секогаш иста. Постојат оние техники кои се покажаа како најдобри. Првиот чекор во стерилизацијата е добро да ги измиете со сапун за садови. Оставете ги да се исцедат, а потоа внимателно избришете ги со чиста памучна крпа. Вклучете ја рерната на 100 степени, наредете ги теглите во плех, но така што отворот е свртен надолу и ставете ги да се загреат околу 20 минути. Внимателно извадете ги бидејќи теглата ќе биде топла и наполнете ги со ладна вода додека се уште топли. Постои уште еден метод што го користат модерните домаќинки, а тоа е стерилизација во машина за миење садови. Некои машини имаат можност за стерилизација, а ако немаат, тогаш ставете ги теглите на програма која ги мие садовите на температура од 70 степени. Откако ќе ги измиете теглите во машината, можете безбедно да ја истурите зимницата во нив. За дополнителна стерилизација, теглите наполнети со зимница можете повторно да ги ставите во машина за миење садови и да ја вклучите програмата со највисока температура, но без прашок за перење. Извор: Курир.мк]]>

Почна сезоната за правење ајвар: Следете го овој рецепт и ќе имате највкусна зимница https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-sezonata-za-pravenje-ajvar-sledete-go-ovoj-recept-i-kje-imate-najvkusna-zimnica/ Thu, 09 Sep 2021 13:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218548

Почна сезоната за правење на ајвар.  Ако го следите овој рецепт, ќе ја направите највкусната зимница. СОСТОЈКИ: 10 кг црвени пиперки 3 модри патлиџани 500 мл зејтин сол 1 лажица шеќер ПОДГОТОВКА: Испечете ги пиперките. Кога ќе бидат печени, оставете ги 15 минути во ќеса за полесно да се лупат. Откога ќе ги излупите и ќе ги исчистите од семките, ставете ги во мрежаста цедалка да се цедат 1-2 часа. Во меѓувреме испечете ги, излупете ги и исцедете ги модрите патлиџани. Потоа и пиперките и модрите патлиџани ставете ги во тенџере и варете ги на не многу силен оган. Откога ќе почне да врие, постојано мешајте го ајварот за да не ви загори. Кога течноста од пиперките ќе испари, почнете да додавате зејтин. Никако не го ставајте целиот зејтин одеднаш, туку постепено. Кога зејтинот ќе почне да избива на површина, значи дека веќе не треба да ставате зејтин. Тоа значи и дека ајварот ви е при крај. Додадете сол, промешајте, оставете уште 10-15 минути да се повари со постојано мешање и тргнете го од оган. Ставајте го ајварот во загреани тегли и убаво затворете ги. Оставете ги теглите да се оладат, па следниот ден складирајте ги на ладно и темно место. извор: Курир.мк ]]>

„Права“ домаќинка: Уште една македонска пејачка се пофали дека во нејзиниот дом е “време за ајвар“ https://arhiva.vistina.com.mk/prava-domakjinka-ushte-edna-makedonska-pejachka-se-pofali-deka-vo-nejziniot-dom-e-vreme-za-ajvar/ Thu, 01 Oct 2020 07:06:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169303

Летото веќе заврши, а со тоа полека и завршуваат летните одмори, па настапи сезона на правење зимници односно поточно ајвар. Естрадните уметниици оваа летна сезона останаа без настапи поради коронавирусот, а поголемиот дел од нив се уште се на продолжен одмор и чекаат некое подобро време да се вратат на музиката. Кога не може да се фатат за микрофонот, може да се фатат за правење на ајвар. Така, откако македонската пејачка Тијана Дапчевиќ со белградска адрса на живеење се пофали дека е во Скопје и помага на татко си да прави ајвар – малиџано, сега на ред беше и Сузана Гавазова. Сузе прво се одмараше на плажа заедно со своите наследнички и фановите ги почести со неколку провокативни фотографии, па откако ги наполни батериите се фрли на правење на зимници.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

Имено, пејачката во кусите приказни на Инстаграм покажувајќи дека во нејзиниот дом се прави ајвар. Нема сомнеж дека фолк пејачката се обезбеди за зимата и ќе нема криза кога се во прашање зимниците. Инаку, Гавазова често знае на социјалните мрежи знае да се пофали со своите кулинарски вештини и да покаже каков специјалитет подготвува.]]>

Тамара отиде на гости кај свекрвата, па и покажа на што ја научи мама Брана! https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-otide-na-gosti-kaj-svekrvata-pa-i-pokaza-na-shto-ja-nauchi-mama-brana/ Tue, 24 Oct 2017 08:06:22 +0000 http://vistina.mk/?p=1112

Откако стана сопруга и мајка, пејачката Тамара Тодевска успешно „жонглира“ со сите обврски кои и ги носи семејниот животот, а тоа не ја спречува да биде посветена и на кариерата. Изминатиот продолжен викенд, Тамара, сопругот Александар и малата Хана заминаа во потоплата Гевгелија, родниот крај на Мачка, а таму уживаа во сонцето и играта во семејниот двор.
Додека Мачка се забавуваше со Хана, Тамара реши да се фати за работа и да и помогне на свекрвата. Па така, како вистинска домаќинка среде двор,  зема да мие зеленчук и да ги покажа своите домаќински вештини. Тоа не заобиколи да го покаже и на социјалните мрежи и самата да се пофали дека била вредна домаќинка.
Некогаш беше позната како голема спанка, но сега е предана мајка, сопруга, па и вредна снаа која ја бидува за се!]]>