жика -екс браво бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Sep 2020 11:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жика -екс браво бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жика – екс „Браво бенд“ отиде на одмор во Анталија, па откако на хотелот му ја спаси вечерта, доби понуда за работа (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zika-eks-bravo-bend-otide-na-odmor-vo-antalija-pa-otkako-na-hotelot-mu-ja-spasi-vecherta-dobi-ponuda-za-rabota-foto-video/ Fri, 18 Sep 2020 06:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167459

Отакако замина од еден од најбараните и најпопуларни „ол раунд“ бендови во Македонија, бившиот басист и вокал на „Браво Бенд“, струмичанецот Живко Динев или како што сите го викаат Жика, тргна да ја гради својата кариера како пејач во соло водите. Неколку снимени песни, по некој дует со познати македонски ѕвезди, како оној со Миле Кузмановски, на пример, бројни кавер верзии со обработки на познати македонски и регионални хитови и популарниот Жика глава не може да крене од тезги. И како соло изведувач и како дел од новата група „Мерак Тајфа“. Дури и во време на корона пандемијата, откако мерките малку попуштија, Жика има доволно работа, зашто каде што е тој и неговото име, таа вечер забавата е загарантирана. Сепак Жика најде малку време за себе, па реши да ја искористи „последната можност“ да го фати крајот на летото и да замине некаде на море. Со оглед на здравствените околности и можности за беспречено патување, изборот беше Албанија или Турција, а Жика и неговата понежна половина, сопругата Ана ја избраа Анталија. Сместени во еден од најлуксузните ресорти, во амбиент што потсетува на вистински летен рај како од филмовите, пејачот и неговата сакана уживаа во убавините и понудата што избраната дестинација ги нуди. Прекрасни отворени базени со слатка и солена вода, рајска градина за прошетки и уживање, неограничена понуда на најразновидна храна и пијалаци и секако, богата забава! Амфитеатрална сала во која се случуваат најразлични мултимедијални програми, претстави и концерти... ...Но и хотелско фоаје со шанк-бар и концертен клавир за оние кои уживаат во добар пијалак и избрана тивка музика, во звуците на акустиката и префинетиот музички вкус. И токму тука се случило она што ретко, но ете, сепак се случува. Нашиот Жика си седнал преку ден покрај клавирот да го проба, па нешто онака од срце за душа си засвирел и запеал. Тоа го забележало острото око на хотелскиот менаџер, кому ваквата забелешка веќе другиот ден или поточно вечер, ќе му дојде како „кец на десетка“. Имено, пијанистот кој ги забавувал гостите ненадејно бил спречен да дојде и да се појави на работа. За да не пропадне вечерта, менаџерот преку ден го сретнал Жика и го замолил за кус разговор. Откако му објаснил за што се работи, го прашал дали би можел, дали би сакал и колку тоа ќе чини, тој да го замени отсутниот пијанист и да ги забавува гостите зад клавирот. Македонскиот музичар и пејач без проблеми и без надомест прифатил и му излегол во пресрет, спаувајќи му ја вечерта и на менаџерот и на хотелскиот ресорт. Секако, претходно преку ден, додека гостите се на плажа, седнал малку „да ги размрда прстите и почувствува дирките на пијаното“, пред вечерта да ги забавува гостите. Откако, виделе и слушнале за каков забавувач се работи, менаџментот сега на Жика му нуди работа за следната година. Во меѓувреме, Живко Динев и неговата поубава половина биле почестени со гратис услуга и продолжен престој. Дали популраниот Жика ќе го прифати предизвикот за следното лето, останува да видиме?! Сепак едно е сигурно: Каде што е Живко Динев - Жика, таму забавата е загарантирана. Та била таа и непланирана!  ]]>