жед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Oct 2023 11:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жед – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не е само жед! Овие знаци укажуваат на тоа дека сте дехидрирани https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-samo-zhed-ovie-znatsi-ukazhuvaat-na-toa-deka-ste-dehidrirani/ Thu, 12 Oct 2023 11:46:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322067

Водата ни е потребна за живот, а дехидратацијата не значи само дека вашето тело губи вода, туку и дека губите електролити, како соли и калиум, што на телото му помагаат да функционира. Освен тоа, дехидратацијата може да го зголеми ризикот од здравствени состојби и може да доведе до забрзано чукање на срцето. Истражувачите откриле дека телото со текот на времето се навикнува на недостигот на течности, па затоа може да не забележите дека сте дехидрирани. Најочигледен знак дека сте дехидрирани е жедта. Меѓутоа, постојат други знаци кои исто така може да ви кажуваат дека на вашето тело му недостига вода, иако не чувствувате жед.   Екстремната дехидрираност се дефинира како губење на повеќе од 10% од телесната тежина во течност, но ова ретко се случува. Вистина е дека може да изгубите 3-4% телесна тежина со дехидратација, а притоа да не почувствувате симптоми. Симптомите како жед, умор или вртоглавица најчесто се чувствуваат кога губите 5-6% телесна тежина. „Еклиника“ наведува неколку необични симптоми што може да се знаци за дехидратација.   Лош здив   Плунката има антибактериски својства, но дехидратацијата може да го спречи телото да создава доволно плунка. Поради тоа може да се зголеми бројот на бактерии во устата, а ова се забележува преку лошиот здив.   Сува или црвена кожа   Многу луѓе мислат дека потењето е знак за дехидрираност, но всушност, во зависност од фазата на дехидратација, тоа може да се манифестира преку сувата и иритирана кожа.   Грчеви во мускулите   Кога телото губи течности, тоа не може да се излади, што доведува до топлински удари, а еден од симптомите се грчевите во мускулите. Тие може да се појават за време на вежбањето, особено на топло време. Недостигот на електролити, како натриум и калиум, може да доведат до грчење на мускулите, па затоа по вежбањето се препорачува пиење течности со електролити.   Треска   Доколку многу се потите, а кожата ви е студена на допир, можеби имате треска, што може да е знак на дехидратација. Во тој момент е важно веднаш да се изладите и да посетите лекар.   Апетит   Кога сте дехидрирани, на црниот дроб може да му биде тешко да се ослободи од енергетските залихи и со тоа да имате апетит, иако всушност на телото му недостасува течност. Во овој случај, често се развива апетит за храна со шеќер бидејќи на телото му е потешко да го разгради гликогенот за да се ослободи од глукозата во крвта и да го користи како гориво.   Главоболка   Дури и благата дехидратација може да предизвика главоболка. Во овој случај, наједноставното решение е и најдобро – пијте повеќе вода во текот на денот.   Како да препознаете дали сте дехидрирани?   Доколку сте жедни, веќе сте дехидрирани, но недостатокот на жед не значи дека имате доволно течности во телото. Има два начини на кои може да проверите дали вашето тело е дехидрирано.   Тоа може да го направите со тест на кожата во кој со два прста ќе фатите малку кожа на задната страна од раката, а потоа ќе ја пуштите. Кожата треба да се врати во нормалната состојба за неколку секунди. Доколку таа поспоро се враќа во нормала, можеби сте дехидрирани.   Може да проверите дали сте дехидрирани и преку урината, која треба да биде бистра. Потемната жолта боја може да биде знак за дехидрираност. Извор: Попара]]>

Во одреден степен, млекото подобро ја гаси жедта од водата https://arhiva.vistina.com.mk/vo-odreden-stepen-mlekoto-podobro-ja-gasi-zhedta-od-vodata/ Wed, 10 May 2023 12:04:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301402

Кога човек е жеден, обично зема чаша вода, но овој основен напиток во човековиот живот, не е она што најделотворно го рехидрира телото, посочува научен труд на шкотскиот Универзитет на Сант Андрас. Шкотските истражувачи открија дека водата, обична или газирана, доста добро ја извршува својата функција кога станува збор за брза хидратација на организмот, а во топло време, напивките со малку шеќер, масти, сол или протеини се уште покорисни бидејќи нè одржуваат хидрирани подолго време. Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот, раководеше на испитувањата. Меѓу факторите што влијаат на тоа колку напитокот хидрира е поврзан со неговиот состав. Така, млекото го хидрира телото подобро од обичната вода бидејќи содржи шеќерна лактоза, некои протеини и малку масти. Млекото исто така содржи сол, што делува како сунѓер и ја задржува водата во телото, што резултира со помалку глад. – Написот нѐ потсетува на она што го знаевме претходно – електролитите, како што се натриумот и калиумот, придонесуваат за подобра хидратација, додека калориите содржани во напивката влијаат на побавното празнење на желудникот и затоа потребата за поретко мокрење, вели Мелиса Мајумдар, диететичарка која не учествуваше во испитувањата. Сепак, пијалаците со повеќе концентрирани шеќери, како што се овошните или газираните сокови, не придонесуваат толку за рехидратација, како соковите со помалку шеќер. – Напротив, зашеќерените пијалаци внесуваат во телото дополнителни шеќери и калории коишто не нѐ заситуваат како храна, појасни Мајумдар. Според неа, сепак, водата е „најевтиниот хидратантен крем“. Бубрезите и црниот дроб зависат од вода за да се ослободат од токсините од телото, а таа, исто така, има клучна улога во одржувањето на еластичноста и на кожата. Не треба да се занемари и испиената количина, бидејќи колку повеќе течност се внесува, толку побрзо се празни желудникот, а течноста потоа оди во крвотокот, па низ цело тело. извор:курир.мк]]>