Жарко Ѓоргески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Sep 2023 10:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Жарко Ѓоргески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Благица Павловска лани и даде благослов со песна на помладата колешка, па пејачката „ја фати мајата“ и сега Лени Партикова се омажи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/blagitsa-pavlovska-lani-i-dade-blagoslov-so-pesna-na-pomladata-koleshka-pa-pejachkata-ja-fati-majata-i-sega-leni-partikova-se-omazhi-video/ Mon, 04 Sep 2023 08:27:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316501

Македонската пејачка Лени Партикова и  нејзиниот сега веќе животен сопатник Жарко Ѓоргески го кажаа судбоносното ‘‘да‘‘.  Убавата вест ја обзнани невестата на нејзиниот Фејсбук профил, каде објави и неколку  свадбени фотографии. „Љубовта не мора да биде совршена, таа само треба да биде вистинска и лојална  Кога двајца луѓе се наменети еден за друг, ниту едно време не е предолго, ниту едно растојание не е предалеку и никој никогаш не може да ги распарчи.  Ја крунисавме нашата љубов за навек“ -  споделила невестата. Лени Партикова која неколку години е дел и од хорот на „Македонската опера и балет“ за најубавиот ден во својот живот одбрала класична бела венчаница, додека зетот, кој инаку е кореограф во КУД „Бранко Чајка“, на себе носел класичен костум со бела кошула и виолетова вратоврска. Интересно е дека Лени кон крајот на минатата година при промоцијата на песните за својот нов албум, гостуваше заедно со колешката Благица Павловска во една ТВ емисија на ИН ТВ, при што повозрасната фолкерка откри една тајна. Имено, таа на Лени Партикова ќе и подари една своја стара песна, со благослов дека и ја дава за „да ја фати мајата“ и помладата пејачка наскоро да се омажи. При тоа без да знае дека таа е во врска и тоа полека го планира со својот, сега веќе актуелен сопруг, кореграфот Жарко. Благословот како што велат старите, стигнал „од нејзина уста во Божји уши“ и Лени Партикова летово стана невеста, менувајќи го својот статус од госпоѓица во госпоѓа. Дали  помладата пејачка колешката Благица веќе ја почестила за тоа што и ја благослови животната судбина, или  тоа допрва ќе се случи, останува невестата да раскаже во првата следна прилика. Како сето тоа изгледаше, како звучи приказната за предвидувањата и благословот на Благица Павловска за Лени Партикова, погледнете во видеото подолу, во разговорот  со двете фолкерки кој е околу 50:00 минута во емисијата. Фото: Фејсбук/Leni Partikova]]>