жаре – бербер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 May 2023 07:06:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жаре – бербер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 После десет години, се враќа на ТВ екраните: Жаре Бербер одново ќе крева „Галама“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/posle-deset-godini-se-vraka-na-tv-ekranite-zhare-berber-odnovo-ke-kreva-galama-foto/ Tue, 30 May 2023 07:02:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304141

Toj трае дваесет и кусур години на естрадната сцена,  што никако не е случајно…  Зашто најдобрите забави изминатите години, особено во најпознатите скопски кафулиња и ноќни клубови, но и во оние ширум Македонија,  не поминале без него во главна улога. Иако не снима често свои песни, круната никој не може да му ја симне, зашто тој се уште важи за „крал на ноќните свирки“ кого сите добро го познаваат. По неговото вистинско име и презиме - Жарко Богатинов, само најблиските и оние што му ги читаа документите за лична идентификација, ама по прекарот Жаре - Бербер извлечен од неговата некогашна професија нема кој не го знае. И не само по ноќните свирки и забавите кои долго се паметат кога Жаре - Бербер ќе се фати за микрофонот, туку и по тоа кога микрофонот е пред него или закачен на него во вид на „бубица“ во студиото... Секако, од времето кога покрај пејачкп-забавувачките, Жаре ги покажуваше и водителските вештини во неговото забавно-музичко ток -шоу „Кој те шиша“! Времето лета, годините минуваат, па пио речиси една деценија откако престана „да ги шиша и стриже“ пред камерите своите повеќе или помалку познати гости“, Жаре Бербер реши да се врати на ТВ екраните. Само што овој пат ќе биде уште погрлат, зашто „Берберот“ решил да крева „Галама“, како што е називот на неговото ново ТВ шоу во најава. „Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката.  Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови“ - порачува распеаниот скопски бербер , наскоро одново и познат ТВ галамџија. „Ќе вмешаме прсти во животите на познатите и пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме“ - нескромно порачува Жаре Бербер како и секој скопски фалбаџија, што уште предвреме крева „Галама“. Само што овој ветува дека фалбите ќе ги оствари. „Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше вомакедонскиот ТВ етер“ - порачуваат и тој и продукцијата која стои зад проектот „Галама шоу“ кој ќе оди на „Канал 5“, па ајде да видиме кој се'  од познатите што ќе седне на столицата карши водителот, ќе ја „лапне јадицата“? Кој пред кого ќе се „иску*чи“, кој кого ќе налути, насмее или „насамари“, кој кому ќе му обелодени можеби нешто што не е за пред камери!? Прашината почна да се крева, останува уште „да се крене ТВ завесата“ и со неа наголемо највуваната „Галама“, во која главниот „галамџија“ - Жаре - Бербер одново ќе биде главниот фраер што „ќе јава“ во македонскиот забавен ТВ етер. Кој ќе биде „качен на родео“, а кој на „криво магаре“... наскоро ќе ви открие Берберот - Жаре! Фото: Фејсбук принтскрин/Zare Berber/Архива]]>