зеум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 Jun 2020 12:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зеум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Здружението на естрадни уметници на Македонија“ ги реобјави критериумите за добивање финансиска помош на неговите членови https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-na-makedonija-gi-reobjavi-kriteriumite-za-dobivanje-finansiska-pomosh-na-negovite-chlenovi/ Mon, 15 Jun 2020 12:04:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153786

Почитувани колеги, Еве најнови информации за сите оние што се заинтересирани за финансиска помош поради кризата. Во службен весник е објавена уредбата на владата каде што се наведени повеќе детали. Според овој текст здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) ќе треба да издава уверенија за апликантите. Наведените критериуми се одредени од владата. Еве го делот од уредбата во кој се објаснети критериумите:   УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИТЕ УМЕТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Член 1 Со оваа уредба со законска сила се уредуваат усло- вите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коро- навирусот , за месеците април и мај 2020 го- дина. „Естраден уметник“ е лице кое учествува во создавање и интерпретација на изворна или современа и новокомпонирана музика и е член на Здружението на естрадни уметници на Македонија. Член 2 Постапката за финансиската поддршка на естрадни- те уметници ќе се спроведува преку Генералниот сек- ретаријат на Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Генералниот секретаријат), а исплатата на средствата за финансиската поддршка се врши од средствата собрани во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот формиран во рамки на Генералниот секретаријат. Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 го- дина, во месечен нето износ од 14.500 ден. Корисник на финансиска поддршка согласно одредбите од оваа уредба со законска сила може да биде естраден уметник-барател на финансиска поддршка, ако: - е државјанин на Република Северна Македонија; - не е вработен или ангажиран со договор на дело во друг правен субјект, според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; - не остварува други приходи по било кој основ за месеците април и мај 2020 година; - активностите во кои требало да учествува се откажани поради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија и -во последните пет години остварил значајна музичка кариера, учествувал во интерпретација или создавање на изворна или современа и новокомпонирана музика, учествувал на врвните фестивали од областа во земјата, што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија. Генералниот секретар на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, ја формира Комисијата која се состои од пет члена, и тоа националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија, посебниот советник за култура на претседателот на Владата на Ре- публика Северна Македонија и еден член на предлог на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, од редот на вработените админис- тративни службеници во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и двајца членови на предлог на Здружението на естрадни уметници на Македонија, од редот на истакнати естрадни уметници. Барателот на финансиската поддршка во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик треба да го достави барањето во Генералниот секретаријат.
]]>

Здружението на естрадни уметници: Имаме колеги кои се егзистенцијално загрозени https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-imame-kolegi-koi-se-egzistencijalno-zagrozeni/ Tue, 12 May 2020 12:51:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149255

По веста дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и препорачаа на Владата сите мерки да останат исти и да нема отворање на локалите, се јави и „Здружението на естрадни уметници со свој став, преку соопштение. Тие ги информирале сите музичари дека е поднесено официјално барање до Владата, да изнајде решение за помош на најзагрозените припадници на музичката бранша во  Македонија. „Факт е дека сите сме оштетени од оваа криза и тоа никој нема да ни го компензира. Некои од нас се вработени или осигурани по некоја основа, или имаат некаква заштеда, но најголемиот број немаат никаква заштеда! За жал, има колеги кои се егзистенцијално загрозени. Зависно од реакцијата на Владата за начинот и обемот на помошта ќе треба да се направи евиденција на оние на кои помошта им е најнеопходна. Во писмото исто така е побарано од државата по завршувањето на оваа криза во соработка со ЗЕУМ да започне процес на легализација на естрадната дејност. Штом ќе бидат одобрени јавни собири здружението ќе свика собрание на кое треба да донесеме важни одлуки“ – пишува во соопштението од страна на ЗЕУМ кое  на социјалните мрежи го споделуваат голем број на наши музичари.  ]]>